Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

За да ја додадете Hemija.net во вашата Favorites - збирка

 Корисник
 
 Лозинка  
 

Бесплатна email адреса vase_ime@hemija.net

Вклучете се и вие во светската потрага по вонземски цивилизации

  Link.Hemija.net

Beer's Law - Беров закон. Статијата е едноставна и прегледна. Во неа се објаснуваат основите на беровиот закон врз кој денес се базираат околу 90% од сите аналитички методи.  (Гласајте)

British Antarctic Survey - British Antarctic Survey (BAS) претставува британска органиизација која се занимава со истражување на животната средина на Антарктикот. BAS претставува дел од Natural Environment Research Council на Велика Британија и е одговорен за британските истражувања на Антарктикот во последните повеќе од 60 години.  (Гласајте)

Natural Environment Research Council - Оваа британска владина организација е одговорна за финансирање на истражувања универзитетите и на сопствените истражувачки центри поврзани со природните науки. Во последно време од посебен интерес за оваа организација се истражувањата поврзани со климатските промени, биодиверзитетот и загадувачите на природата.  (Гласајте)

ChemCalc - Целта на овој проект за хеминформатика е развој на апликација (базирана на MySQL база на податоци и Java) која може да се користи како хемиски калкулатор. Програмата може да се користи за пресметување на точната маса, за елементарна анализа и за пресметување на распределбата на масата на добиените продукти врз основа на застапеноста на изотопите во изотопските смеси. Проектот е резултат на соработка помеѓу Универзитетот во Шлезија (Полска) и Универзитетот во Лозана (Швајцарија).  (Гласајте)

Хемикалии, супстанци, препарати и биоциди кои се употребуваат во Република Македонија - Информации за производителите на хемикалии, за законската регулатива во однос на складирањето и транспортот на хемикалии. Непоходни обрасци и барања за промент на големо со хемикалии, одобренија за увоз/извоз. Правилници за производство и промет на опасни хемикалии и др.  (Гласајте)

Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants - Стокхолмска конвенција за отпорни органски полутанти (ООП). Информации за активностите и средбите организирани во рамките на Конвенвенцијата, официјални документи и др. ООП супстанците предизвикуваат извесни форми на рак, дефекти кај новороденчињата, дисфункционален имунолошки и репродуктивен систем, поголема подложност на болести и намалена интелигенција.  (Гласајте)

ScienceDirect TOP25 Hottest Articles - Врвни 25 статии публикувани во списанијата на Elsevier. Овој бесплатен сервис е конструиран за да им помогне на научниците полесно да ги пратат новите трендови и достигнувања во науката. Сервисот нуди можност за прикажување на најпопуларните 25 статии според области, според списанијата, како и тоа во која годината кои статии биле најпопуларни.  (Гласајте)

OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal - Оваа страница претставува електронски прозорец кон светот на научните списанија кои на јавноста и се бесплатно достапни. Open J-Gate започна да функционира во 2006 г. и претставува обид на Informatics (India) Ltd. да ја помогне Open Access Initiative (ОAI). Со Open J-Gate добивате интегриран пристап до над 4375 списанија и до неколку милиони статии со научни резултати.  (Гласајте)

Organic Chemistry Demonstration Experiments on Video - Демонстрациони експерименти по органска хемија на видео. Експериментите на оваа страница илустрираат цажни аспекти на хемијата (типови на реакции, бои, зинтези, хемија во секојдневниот живот и др.). Експериментите се едноставни за изведување, а достапни се во видео формат зашто студентите не секогаш се во состојба сами да ги изведуваат.  (Гласајте)

Molecular Descriptors - Молекулски дескриптори. Интернет страница на која може да најдете информации за новостите и настаните од областа на развој и користење на молекулските дескриптори. Страницата поседува форум, поголем број на туториали, податоци кои може да се користат за споредба на нови методи со постојните, софтвер достапен за оваа намена, како и надворешни линкови до страници со слична содржина.  (Гласајте)

 Карикатура

Биотехнологија

Пребарај:

Во соработка со Amazon.com

  Новости

Како ХИВ вирусот успева да преживее? - ХИВ инфекцијата може да истрае и покрај третманот, бидејќи вирусот останува неактивна внатре во ќелиите, повторно подготвен за размножување откако терапија ќе престане. Сега, истражувачите откриле дека стем клетките кои се развиваат во имунолошки клетки претставуваат важен за резервоар на вирусот.
Овие клеточни резервоари се отпорни на имунолошкиот одговор на организмот и на високо активна антиретровирусна терапија (HAART) која се применува врз пациентите. Тоа значи дека вирусот може да ги нападне белите крвни клетки познат како CD4+ Т лимфоцити - кои му помагаат на телото да го подобри имунолошкиот одговор - по третман.

Суперпроводниците стануваат органски - Откривањето на јаглеводородни високотемпературни суперпроводници кои се темелат на графен, претставуваат нова класа на органски суперптоводници која се појавува по повеќе од една деценија, а поседува потенцијал за скоро безброј комбинации со кои на ова поле може да се направи значителен напредок.
Истражувачите предводени од Јапонецот Yoshihiro Kubozono (професор по површинска хемија) велат дека кристали од пиецен (планарни молекули сочинети од 5 кондензирани бензенови прстени) стануваат суперпроводливи на 18 K.
Оваа температура е многу ниска во споредба со температурите на други суперпроводници (повисоки од 100 К). Ова претставува можност за поголем удел на хемиските истражувања на полето на суперпроводливоста кое до сега се наоѓа претежно во рацете на физичарите.

Зошто телото не покажува жед во текот на ноќта? - Внатрешниот часовник на телото e помогнат од хормоните при регулацијата на количеството вода кое се троши во текот на сонот. Со тоа дехидрација, или одењето во тоалет, во текот на секоја ноќ не се неопходни, велат најновите истражувања.
Во статијта објавена во Nature Neuroscience неврофизиолозите Ерик Trudel и Charles Bourque од Research Institute на McGill University Health Centre во Монтреал, Канада, предложиле механизам за тоа како внатрешниот часовник на телото, ја контролира потрошувачката на вода. Овие научници сметаат дека ослободувањето на хормонот вазопресин е одговорно за скларидањето на водата во текот на ноќта.

Биогорива без користење на специјализирани фарми - Научниците во САД пронашле метод за рециклирање земјоделски отпад и добивање од него на алкени кои може да се користат како гориво за авиони на млазен погон. Важноста на ова откритие е во тоа што биогоривата добиени на ваков начин не се темелат врз користење на фарми за таа намена - кои инаку би можело да се користат за производство на храна.

Антимон во сокови? - Високи концентрации на антимон се најдени во повеќе овошни сокови велат европските научници.
Антимонот е есенцијален елемент и последиците од долготрајна изложеност на антимон се непознати. Постојат сомневања дека антимон триоксидот е канцерогена супстанца. Тој се користи како катализатор при произодство на ПЕТ производите кои се користат како амбалажа.
Некои научници сметаа дека високото ниво на антимон во некои од соковите се должи на екстрахирачката моќ на лимонската киселина која во соковите се додава како конзерванс.

Анализата на ДНК укажува на миграции кон Новиот свет од пред 5500 години - Од комплетното секвенционирање на ДНК од коса од индоген човек од Гренланд, научниците од Данска покажале дека миграции кон Новиот свет постоеле и пред околу 5500 години. Претходно се сметаше дека арктичките делови на денешна Канада за населувани во педиодот до пред крајот на последното ледено доба (пред околу 11.000) било можно да се премине од она што денес претставува краен исток на Русија и Алјаска.

Новите германски планови за поддршка на развојот на возила кои ќе како гориво ќе користат водород - Додека американската администрација се договара околу тоа дали да се поддржи развојот на возила и на инфраструктура за возила кои како гориво ќе користат водород во САД првите возила на водород се очекува да се јават во 2015 година. Во меѓувреме, во знак на поддршка на оваа идеја која, помеѓу другото, има за цел и да се намали користењето на фосилните горива, Daimler AG во соработка со германската влада, во Вашингтон, САД неодамна најавија дека ќе продолжат со поддршката и развојот на новите автомобили и за нив потребната инфраструктира.

Брокулите го забавуваат развојот на ракот - Најчестиот вид на рак кај луѓето е ракот на кожата, кој често пати е предизвикан од ултравиолетова светлина. Избегнувањето на изложување на УВ зрачење и користење на креми за сончање е најдобар начин за превенција од ракот, но за многумина штетата веќе е направена. За намалување на штетните ефекти од претходната изложеност на ултравиолетовите зраци треба редовно се јаде брокула, вели Албена Динкова-Костова од John Hopkins University, Балтимор.

Наука со отворен пристап за заборавената болест - Matthew Todd од University of Sydney се надева дека ќе ги убеди хемичарите во целиот свет да ги споделат лабораториите, времето и сопствената стручност во еден заеднички напор да најдете евтина и ефикасна синтеза на лекот парзиквантел. Сите резултати ќе бидат објавувани реално време на веб-сајтот на проектот - слободен од ограничувањата на интелектуална сопственост - а подоцна и во списанија, при што соработниците кои ќе имаат значителен удел ќе станат автори на секоја публикувана статија.
Проектот на Todd се однесува на изнаоѓање на лек за борба против шистосоматоза болест која е подзаборавена, а од која страдаат околу 200 милиони луѓе во Африка, Азика и Јужна Америка. Проектот е финансиран од страна на Австралиската влада и од Светската здравствена организација.

Расветлување на мистериите на минатото со раманска спектроскопија - Во вторник на 16 февруари во 12 часот на Интитутот за хемија при ПМФ во Скопје професорот Howell G.М. Edwards од Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија ќе одржи предавање под наслов Раманска спектроскопска анализа на уметнички и археолошки предмети за заштита на културното наследство: Расветлување на древните мистерии. Организаторите велат долку сте заинтересирани - добредојдени сте!

Прогестерон во растенијата - За прв пат, истражувачите имаат добиено непобитливи докази дека прогестеронот, стероиден хормон кој се јавува кај цицачите, може да го синтетизираат и растенијата. Многу истражувачки групи укажуваа на присуство на прогестеронот во растенијата - соединението може да се синтетизира од прекусори кои може да се најдат во растенија како на Мексико Јам. Во текот на потрагата по цитотоксична супстанци во лисја од ореово дрво, Guido F. Pauli и неговите колеги од University of Illinois во Чикаго изолирале мали количества на прогестерон и го докажале соединението со употреба на комбинација на масена спектрометрија и нуклеарна магнетна резонанца. Во друго растение, тимот откри нови сулфатни соединенија на прогестеронот.

Намалување на бројот на работни места за истражување и развој во големите фармацевтски фирми - Во обид за да ги подобрат продуктивноста и да го неутрализирааат на влијанието на конкуренцијата која произведува генерички лекови, големите фармацевтски компании GlaxoSmithKline, AstraZeneca и Pfizer с? повеќе се одлучуваат за намалување на нивните внатрешни истражувачки капацитети.
Како дел од објавата на заработка минатата недела од GSK беше речено дека сакаат да ги намалат за 800 милиони долари сопствените трошоци до 2012 година, половина од таа сума треба се добие со намалување на трочоците во одделите истражување и развојот. Иако од компанијата не се специфицира колку работни места ќе се намалат, сепак се вели дека најголемиот дел од заштедите ќе побараат во „намалување на трошоците во инфраструктурата.“

ХИВ инфекциите влијаат врз побрзото стареење на мозокот - Ова го тврдат научниците од Washington University во St. Louis и од University of California во San Diego.
Протокот на крвта, велат резултатите од истражувањето (публикивано во The Journal of Infectious Diseases), кај пациентите инфицирани со ХИВ вирусот е намален и е на ниво како кај пациенти кои се 15 до 20 години постари.
Во истражувањето се вели дека помеѓу 14 и 18 проценти од сите пациенти со СИДА во САД се на постари од 50 години. Оваа група на пациенти, исто така, е и група со најголем пораст на бројот на инфекции.

Детекција на кокаин со гел - Научниците од Кина успеале да добијат гел кој многу лесно бојата може да ја промени од црвена или сина во безбојна во присуство на мали количества на кокаин - без да треба да се прават пософистицирани анализи.
Гелот е составен од полимерни ланци кој меѓи себе се поврзани со со апамери (кратки пептиди кои се синтетизираат за да може да се зврзат со дадениот аналит). Во овој случај изтражувачите користеле апамери за кои силно може да се сврзи кокаинот.

Потврдено е „реликтите“ на Јованка Орлеанка се лажни! - Јованка Орлеанка е една од светците заштитници на Франција. Тоа што се сметаа за посмртни остатоци на оваа храбра жена која на времето била обвинета за ерес и била спалена на клада, неодамна се покажа дека не и припаѓаат неа.
Всушност, со медицински, патолошки, генетски, биохемиски, зоолошки и археолошки методи на истражување било покажано дека тоа што некогаш се сметало дека се посмртни остатоци на Јованка Орлеанка, се всушност коски кои потекнуваат од човек и од мачка, а по потекло се од третиот век пред нашата ера од Египет. Резултатите од истражувањето биле неодамна публикувани во списанието Forensic Science International.

 Прочитаjте

Хирално раздвојување на овошни флавоноиди - Флавоноид со најголема концентрација во лимоните и портокалите е соединение наречено хесперидин. Ова соединение се наоѓа во белите делови, во мембранозните делови, во кората и поседува антиоксидативни, антибактериски, антигабични, антивирусни, антиканцерогени, како и аналгетски својства. Но, за тоа која форма од ова соединение е активната се обидоа одговор да дадат научниците од Италија и од Алжир.

Неколку секојдневни еколошки гревови - покрај тоа што на Конференцијата за климатски промени на ООН во Копенхаген сите зборуваа за можните мерки кои треба да се преземат постигнат, за жал беше само лабав не обврзувачки договор. не е спорно дека е потребна глобална акција за да се справиме со проблемот, но сите ние поединечно може да се запрашаме: Колку коректно јас се однесувам во однос на глобалното затоплување?

Хемиска анализа на ренесансни уметнички дела - Франција успеале да развијат нов пристап со кој се добиваат квантитативни информации и за елементарниот состав и за својствата на органското врзиво во материјалите што се користени во старите италијански дела од времето на ренесансата.

До докторат со поткуп - Во Германија се води кривична истрага за околу стотина професори осомничени за земање мито во готовина поради нелегално помагање на студентите недостојни за да добијат диплома за завршен докторат.

Red Bull Cola - 100% природен! - Пред околу една година, креаторите на Red Bull, познатиот енергетски пијалак, реши да произведе и кола пијалак - Red Bull Cola. Познатото трговско име за потрошувачите ќе значи сигурен успех. Но, дали фразата „100% природен“ потекнува од нешто друго? Властите во Германија сметаат дека го нашле одговорот на ова прашање - тоа е кокаинот. Затоа овој пијалак е забранети за продажба во шест нејзини покраини.

Пластика - не баш фантастика! - Од мобилни телефони и компјутери до шлемови за велосипеди и болнички вреќи, пластиката го оформува општеството на повеќе начини кои го прават животот лесен и безбеден. Но, овој синтетички материјал оставил и штетни белези на животната средина, а можеби на човечкото здравје, според резултатите од една компилација на научни создадени од научници од целиот свет.

Врвот на моќта на вашиот мозок - Вие сте во своите 20-ти години и вашиот мозок конечно достигнал зрелост. Уживајте додека тоа трае. Врвот на моќта на моќта на мозокот доаѓа на околу 22 години и трае само околу половина деценија. Од тогаш сè оди надолу.

Википедија - слободна енциклопедија. Придружете ни се! - Како противтежа на сe поголемата рестрикција во пристапот до информациите (посебно до информациите од енциклопедиски карактер) во 2001 година е основана фондацијата Викимедија која има за цел да им овозможи на луѓето во светот да користат слободно достапни содржини.

 Стари статии

Лепливи како нозете на гико

Што е подобро: кафе или инстант кафе?

Силициумовo изненадување

Хемискиот компас ја објаснува мистеријата на миграцијата на животните

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови] [Книги и списанија]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net