Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Едномолекулски транзистори

Канадските и британските научници успеале да конструираат едномолекулски транзистор. Нивниот уред овозможува контрола на електричниот полнеж на сличен начин како и микроскопските силициумови транзистори, но овој пат на атомско ниво. Ова откритие би можело да претставува прв голем чекор кон создавањето на електронски уреди базирани на молекулска електроника.

Werner Hofer

Werner Hofer од Surface Science Research Centre, во Ливерпул е дел од меѓународниот тим научници кој го создадоа новиот тип транзистор. Уредот се темели на идејата дека единечен атом кој поседува полнеж може да влијае врз спроводливоста на молекулите кои се наоѓаат во неговата непосредна близина. Компјутерите и другите технологии базирани на овој концепт, во споредба со уредите базирани на силициумови транзистори, може да спакуваат за неколку реда на величина повеќе информации на иста површина, би работеле многу побрзо, би користеле многу помалку енергија и помалку би се загревале.

Едномолекулски транзистор

Покрај предвидувањата на често пати погрешно толкуваниот Moor-ов Закон, микроелектрониката постојано ја надминува ненадминливата бариера за нејзиниот понатамошен развој - сепак постои конечна граница за тоа колку силициумови транзистори може да се спакуваат на единица волумен од силициум. Со намалување на транзисторите до димензии на само една молекула, научниците се надеваат дека уште еднаш ќе jа совладаат несовладливата бариера.

Hofer работата на ова поле ја изведува заедно со Robert Wolkow и неговите соработници од National Institute for Nanotechnology при National Research Council во Канада и од University of Alberta со што е обезбедена и теоретска основа на изведените експерименти со кои требало да се покажат потенцијалите на новите едномолекулски транзистори.

Научниците го користеле потенцијалот за една молекула да може да служи како транзистор со уптреба на електростатско поле кое потекнува од само еден атом. Со тоа се регулира спроводливоста на молкекулата и се овозможува преку неа да се пренесува електрицитет. Овие ефекти се следени на собна температура, за разлика од претходно изведуваните експерименти за кои требаше да се обезбедат температури бликси до апсолутната нула.

„Нашите експерименти покажуваат дека може да се контролира протокот на струја низ само една молекула со наелектризирување на само еден атом на површината од силициум, додека истовремено сите околни атоми остануваат неутрални“, вели Hofer. „Ова откритие нè носи чекор поблиску до употребата на молекулската електроника, која не само што ќе овозможи поефтини и поефикасни уреди, туку би можеле да претставуваат и технологија која поради својата биодеградабилност би била прифатлива и како погодна од гледиште на заштита на животната средина.“

Намалувањето на димензиите на транзисторите на ниво на само една молекула би можело да претставува револуција во комуникациите и во компјутерската индустрија

Wolkow смета дека уредите кои неговата група може да ги создаде не би претставувале директна конкуренција на постојните технологии базирани на силициум. Тој вели молекулските уреди на пазарот би требало да го најдат своето место во областите кои претставуваат слабост за технологиите базирани на силициум.

Линкови

Официјална страница на Robert Wolkow

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4776 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4720 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4699 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4699 посети)
Љубов или хемија? (4697 посети)
Приказна за сапунот (4689 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Gallery of Quantum Chemistry and Electronic Structure Studies (5803 посети)
ChemExper (5773 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5768 посети)
SMILE program chemistry index (5765 посети)
Academic Earth (5764 посети)
Hemija.net (5761 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net