Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

На гигантските планети постои суперјонска вода



Хемичарите успеале да создадат услови какви што постојат на гигантските планети на нашиот Сончев систем. Тие покажале дека при вакви услови водата во гигантските планети, како Нептун, може да се однесува доста чудно.

Условите на овие планети се, за наши услови, екстремни: температура поголема од 1000 ºC и притисок за 100.000 пати поголем од атмосферскиот. Обични супстанци, при вакви услови, може да се однесуваат многу чудно. Ова е потврдено со компјутерско моделирање, но и експериментално.

Пред неколку години беше предвидено дека водата во вакви услови не би се однесувала нуту како овична течност, ниту опак, како цврста супстанца, туку би егзистирала во форма во која кислородните атоми ви биле смрзнати, додек пак, водородните атоми би се движеле околу нив со огромна брзина.

Laurence Fried и соработниците од Lawrence Livermore National Laboratory во Калифорнија, САД се обиделе експериментално да проверат дали може да ја добијата водата во суперјонска состојба. За да создадат такви големи притисоци се овиделе водата да ја зарворат меѓу два дијаманти и потоа ја загревале со инфрацрвена светлина.

Во текот на експериментот биле следени фреквенциите на кои се јавуваат вибрациите на молекулите вода обидувајќи се да го најдат моментот при кој тие исчеснуваат што е инаку сигнал за промената на нејзината состојба од молекулска во суперјонска. „Следејќи ја фреквенцијата бевме во состојба да ја определиме фазната граница, но не знаеме што има од другата страна,“ вели Fried.

Истражувачите, исто така, исучувале и компјутерски модели на начинот на кој овие атоми се однесуваат и резултатите покажуваат дека водата навистина се наоѓа во оваа чудна состојба помеѓу течности и цврста фаза. Следењето на состојбата на 60 атоми во текот на симулацијата траеше со недели и за тоа беше потребна компјутерска моќ еквивалентна на 1000 преносни компјутери.

Моделирањеата покажаа дека при такви температури и притисоци молекулата се распаѓа и материјалот преминува во немолекулска состојба која е погуста од мразот. Тешко е да се замисли, признава Fried. „Најдобро е да се ќелиите се формирани од кислородни атоми кои во основа имаат фискирани позиции, додека пак водородните атоми слободно се движат меѓу нив,“ вели тој.

„Сметам дека станува збор за многу добра работа, а фактот што се направени и пресметки и експеримент на овој труд му дава на тежина,“ вели Russell Hemley, кој работи на процеси на хемија на високи притисоци на Carnegie Institution's Geophysical Laboratory во Вашингтон ДЦ. Тој вели и дека сака да види директен доказ за постоењето на суперјонска вода во лабораторија. Fried се согласува со ова и вели дека има намера да се обиде да измери и колку брзо толината минува низ супстанцата.

Доколку суперјонската вода постои во срцата на големите планети, вели Fried, веројатно од оваа форма на водата во Сончевиот систем има повеќе од останатите познати форми на вода. Уште поинтересно е, вели тој, што суперјонската вода има извонредни споводнички карактеристики со кои би можело да се објаснат огромните магнетни полиња на планетите како Нептун и Уран.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4776 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4720 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4699 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4699 посети)
Љубов или хемија? (4697 посети)
Приказна за сапунот (4689 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4655 посети)
Карикатури (4633 посети)
Словенската и хемиската писменост (4622 посети)
Станувајќи алкохол (4620 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4618 посети)
Бисери на мудроста (4610 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net