Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Крајот на очилата?

Nathan Ravi

Неодамна во САД е развиена техника за формирање на гел во окото под физиолошки услови. Гелот би можел да претставува трајно решение за ослабувањето на видот кое може да ги погоди луѓето од средовечна возраст па натаму, како последица на остарувањето на материјалот од кој се сочинети очните леќи.

Nathan Ravi и неговите колеги од Veteran's Affairs Heartland Hospitals и Washington University во St. Louis синтетизирале, како што велат во своите резултати (презентирани на годишниот конгрес на American Chemical Society) материјал кој ги има истите својства како младите леќи во човековото око освен што се разликува по индексот на прекршување. Неодамна истата група објави дека успеалa да синтетизираат нов материјал кој ги поседувa во потполност истите својства како и младите леќи. „Оваа интелектуална сопственсот се подготвува за патентирање во повеќе земји во светот“, вели Nathan Ravi.

Старечкото слепило влијае врз намалувањето на видот кај средовечните луѓе

Старечкото слепило е болест од која страдаат милиони, на возраст над четириесет години ширум светот, a е предизвикана од постепено ствдрнување на материјалот од кој се изградени леќите во нашите очи. Овој процес може сликовито да се опише со денатурација на протеините од кои леќата е изградена, слично како што протеините во јајцето се денатурираат при варењето само што во овој случај тоа се одвива во многу подолг период.

Според Madalene Fetsch, докторант на Nathan Ravi, видот во потполност би можел да биде коригиран доколку се отстранат средовечните леќи и се заменат со материјал кој го имитира однесувањето на младите леќи.

Ravi, кој е професор по офталмологија, доцент по хемиско инженерство и директор на Veteran's Affairs Heartland Hospitals, вели дека материјалите со кои тие работат претставуваат хидрофобно модификувани гелови. Хидрогеловите се користат за изработка на контактни леќи со продолжен век на траење. „Геловите може да се направат да бидат меки и да имаат вискоеластични својства слични со оние на природните човекови леќи“, вели Fetsch.

Една од поголемите разлики на материјалите кои се развиваат во групата на Nathan Ravi, во споредба со останатите, е што тие поседуваат реверзибилни дисулфидни врски формирани со употреба на полиакриламид. „Ова значи дека по формирањето на гелот, може да се редуцираат врските, со што гелот повторно се втечнива, а тоа овозможувада се смести во делот каде треба да се наоѓаат природните леќи“ вели Fetsch. Откако ќе се смести од материјалот повторно се формита гел под физиолошки услови. За да се изведе операцијата би била потребна само една многу мала дупка во окото за да се внесе гелот. Ова би значело многу помалку инвазивна хируршка постапка во споредба со конвенционалните тенхики, велат истражувачите.

Истражувачите велат дека постои уште многу работа, вклучувајќи клинички испитувања, пред инјектирачките леќи да бидат навистина достапни. Овие леќи би можеле да бидат користени и за третирање на катаракта, со оглед на тоа што луѓето кои страдаат до оваа болест скоро сигурно имаат и старечко слепило. Исто така би можело да им се помогне и на луѓето кои имаат старечко слепило, а не сакаат да носат очила.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4776 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4720 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4699 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4699 посети)
Љубов или хемија? (4697 посети)
Приказна за сапунот (4689 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net