Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Да се познават природните науки значи да се сакаат

Анализата направена во 40 држави ширум светот го докажува долго постоечкото тврдење: дека колку повеќе човек ги познава природните науки толку повеќе тој ги поддржува научните истражувања.

Тврдењето е многу важно за научниците и наставниците по предметите од областите на природните науки. Тие често сметаат дека подобрувањето на нивото на научна писменост кај луѓето ќе влијае на зголемување на поддршката на научните истражувања, ги охрабрува младите луѓе да ги одбираат природните науки како темел за изградба на својата професионална кариера, како и поправање на штетите кои ги нанесуваат погрешните претстави за чудесни лекови и сл. кои ги нанесува псевдонауката.

Всушност, студиите кои ја испитувале поврзаноста помеѓу нивото на познавања од областа на природните науки и ставот кон истите покажале различни резултати. „Излезе дека ова не е лесно прашање“, вели социологот Nick Allum од University of Surrey во Guildford, Велика Британија.

Обидувајќи се да го решат овој проблем Allum и соработниците заедно ги обработиле резултатите од околу 200 испитувања кои се одвивале во периодот од 1998 до 2003 година во 40 држави. Овие испитувања имале за цел да го оценат познавањето на извесни научни факти и дали тие ги поддржуваат развојот на генетски модификуваната храна или, пак, нанотехнологијата.

Каузални прашања

Во извесна мерка, резултатите го потврдуваат широко прифатеното верување од поддржувачите на науката дека: што повеќе луѓето знаат за науката, толку подобро мислење имаат за неа, без разлика на возраста, националната припадност и формалното ниво на образование на испитаниците. Allum ги презентирал своите резултати на конференцијата организирана од American Association for the Advancement of Science во Washington DC, во текот на третата недела на февруари.

Сега кога ова прашање е одговорено, би морало да се направи обид да се одговорат и некои други за областа интересни праша вели Allum.

Неговите наоди не се во состојба, на пример, да покажат дали подобро образование на полето на природните науки ќе ја зголеми поддршката на истражувањата во оваа област. Ова затоа што истражувачите би требало да разјаснат дали луѓето кои повеќе учат за природните науки ја засакуваат науката и дали луѓето кои веќе ги сакаат природните науки се склони кон надградување на своето знаење од областа.

Став

Нивото на знаења од областа на природните науки на еден човек, всушност не е еднозначно поврзано со неговиот став кон природните науки, велат присутните на истата конференција. Allum верува дека има многу повеќе фактори кои влијаат на тоа, како на пример моралните вредности, религиската и политичката припадност.

Ставот кон истражување на ембрионските стем клетки, на пример, е дефиниран од моралните ставови кон деструкција на човечките ембриони, а не од точното разбирање на техниките кои се применуваат.

Врз вербата на луѓето во науката може да има влијание и тоа на каков начин извесни процеси во науката се регулирани во нивните земји. Тоа, во извесна мерка, може да објасни зошто во различни земји луѓето имаат различни ставови: Европјаните се многу посомничави кон употребата на генетски модификувана храна за разлика од луѓето кој живеат во САД.

Поддржувачите на природните науки се надеваат дека би можеле да ја зголемат заинтересираноста за ова подрачје, но изгледа дека образованието од областа на природните науки не е доволно или како што самиот Allum вели: „Тоа е страшно компликувано.“

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4930 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4922 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4919 посети)
Приказна за сапунот (4865 посети)
Љубов или хемија? (4862 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4821 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Basic Crystallography Diagrams (5979 посети)
Beer's Law (5978 посети)
Annals of Improbable Research (5975 посети)
British Antarctic Survey (5975 посети)
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5974 посети)
Znanstveni i stručni skupovi u Hrvatskoj (5972 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net