350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Изучување на наслагите на културно-историските споменици


Индустриското загадување е главниот виновник за нечистиот воздух

Старите културно-историски споменици страдаат од индустриското загадување повеќе од било кога порано и обично при тоа доаѓа до нивно обезбојување, но не ретко и до структурни оштетувања. Црните наслаги кои се појавуваат на површината го нарушуваат надворешниот изглед на објектите. Но не само тоа, овие наслаги не е лесно да се отстранат поради нивната комплесна структура. Европските научници направиле анализа на црните наслаги од повеќе цркви и манастири од Франција со цел да го определат нивниот точен хемиски состав за да ги исчистат.

Некогаш се издигаа гордо над градовите во кои биле изградени и допирајќи го Небото ја зголемува верата во Бога, но многу од старите цркви денес не изгледаат толку имресивно. Тие и денес, како и некогаш, се наоѓаат на атрактивни места иако поради димензиите со околните згради не доминираат во просторот, а поради темниот слој со кој се прекриени воопшто не изгледаат атрактивно. Атмосферското загадување го земало звојот данок.

Некои може да кажат дека во Европа ситуацијата е полоша во споредба со Северна Америка, но тоа не е така заради тоа што Европјаните допринеле во загадувањето, туку затоа што имаат повеќе историја. Нивните згради се постари. Главниот виновник за оваквата ситуације е индустриската револуција. Но, жртви на загадувањето не се само старите згради туку и оние изградени во доцниот XIX и во XX век.

Индустриското загадување е дежурниот виновник за обезбојувањето и оштетувањето на историските зданија, и без двојба тоа претставува главен фактор. Емисијата на загадувачи од термоцентралите, индустриските постројки, и киселите дождови играат важна улога во овој процес. Но, природните полутанти, како на пример полен, спори и прашина, се исто така редовни конституенти на темните наслагите историските зданија.


Базиликата Saint Denis на себе ги покажува последиците од атмосферското загадување

Информациите за наслагите од различни типови градежни материјали (вклучувајќи тука: гранит, мермер, варовник и др.) како и нивното отстранување се многу битни за да се спречи структурно оштетување на објектите. Хемискиот третман на наслагите би можел да биде корисен за оваа намена, арно ама наслагите претставуваат многу сложени смеси така што до сега биле направени само неколку студии кои не се сеопфатни.

За да се обидат да сторат нешто повеќе за ова Европските научници се обиделе подетално да ги испитаат наслагите од базиликата Saint Denis во Париз, Франција. Оваа готска црква е изградена во XIII век и во неа се погребани многу членови на Француските кралски фамилии. Делови од оваа црква се смета дека претставуваат најрани примери на готскиот стил, и не би смеело да се дозволи еден толку важенн историски објект да се препушти на забот на времето.

Истражувачите од Research Laboratory for Historic Monuments од Champes-sur-Marne, Франција и од Institute of Natural Resources and Agrobiology во Севилја, Шпанија се обиделе да извршат детална студија на наслагите од спомнатата црква. Резултатите од анализата се публикувани во J. Sep. Sci. 2004, 27, а студијата е раководена од Cesareo Saiz-Jimenez. За да ги дознаат информациите по кои трагале научниците користеле две техники.

Анализираните проби биле третирани со тетраметиламониум хифроксид во пиролизер при зголемена температура за да се конвертираат карбоксилните киселини и хидроксилните групи во метил деривати. Ова е многу важно. Без метилирање овие супстанци не би можело успешно да се анализираат со гасна громатографија со масен детектор. Втората применета постапка вклучува екстракција во погоден растворувач, проследена со одвојување на повеќе фракции со користење на колона од силикагел. Добиените фракции потоа се анализирани со гасна хроматографија.


Кралот Луј XVI и неговата Марија Антоанета кои стапиле во брак на возраст од 16 и 14 години се погребани во Saint Denis

Резултатите од истражувањата покажуваат дека е добиена цела палета од атмосферски полутанти во наслагите. Алифатичните јаглеводороди како на пример n-алканите, n-алкените, полиароматските јаглеводороди и масните киселини се производи на согорување, но овие супстанци се премногу вообичаени за да може да се поврзат со некој извор на загадување. Терпеноидите претставуваат индикатор за согорувањето на иглолисни дрвја и јаглен. Продукти на лигнинот кој настануваат како резултат на согорувањето дрва биле исто така најдени. Присуството на некои хопани е индикатор за согорување на фосилните горива од моторните возила.

Една серија на соединенија се покажа посебно интересна. Биле детектирани бензополикарбоксилни киселини, вклучувајќи ја овде и хуминската киселина. Се смета дека овие соединенија, кои исто така се најдени во води, се резултат на разложувањето на органските материи во почвата. Нивното присуство ја потврдува важната улога на цврстите честички во наслагите. Истражувачите претпоставуваат дека хуминската киселина во наслагите дошла и како резултат на согорување на фосилните горива, посебно на бензинот.

Со комбинирање на двете процеруди за екстракција многу повеќе супстанци биле идентификувани одошто претходно било познато, со што се добила потполна слика за класите на супстанци присутни во наслагите на културно-историските споменици, што би можело да биде од огромна корист во помошта нивното чистење како и востановувањето на режими за нивна заштита.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net