Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Силата е во бројот

Повеќевалентните интеракции со помал афинитет може да бидат поефикасни во уништувањето на клетките на ракот во споредба со интеракциите со висок афинитет вели професорката по биохемија од Laura L. Kiessling од University of Wisconsin, Madison, САД.

Kiessling и соработниците се обиделе да ги уништат клетките на ракот со мали бихункционални молекули (ACS Chem. Biol., DOI: 10.1021/cb6003788). Едната страна од молекулата претставува краток пептид кој се поврзува со рецепторот αvβ3 на површината на клетката Пептидниот остаток е повзан со јаглехидрат кој се нарекува α-Gal епитоп. Интеракциите помеѓу човековите анти-Gal антитела и α-Gal епитоп молекулите се слаби, но кога сврзувањето за површината ќе стане повеќекратно ефектот од сврзувањето станува значително поголем. „Интегримот може да биде нападнат со молекули кои со него може да стапат во силни интеракции, но токсичната супстанца може да биде отстранета само доколку интеракциите се повеќекратни и слаби,“ вели Kiessling. Нејзината група ја има публикувано синтезата на овој тип молекули неодамна (ChemBioChem 2007, 8, 68).

Интегринот претставува добра целна молекула поради тоа тоа што се вклучени во формирањето на крвните садови. Интегрините може да бидат доста застапени во клетките на ракот и може лесно да премине во новите крвни садови кои туморот ги индицура. Имајќи го ова предвид групата на Kiessling не била во потрага по клекти на туморот, туки на такви кои имаат значително голема поголемо количество интегрин во споредба со нормалните клетки.

Со α-Gal-пептид комбинацијата, антителата се групираат во поголема мерка на клетките кои поседуваат повеќе интегрин на површината. Доколку α-Gal се замени со доксорубицин, кој претставува лек против рак, ваквата комбинација ги иништува дури и нормалните клетки, кои генерално имаат пониско ниво на интегрин на повшината во споредба со клетките на ракот. Значи комбинацијата со доксорубицин е помалку селективен во однос со клетките на ракот.

„Резултатите добиени од ова истражување користат ихерентни информации за имунолошкиот механизам - го користат фактот дека дека еден тип молекули се наоѓаат во поголемо количество на површината на клетките на ракот во споредба со клетките на нормалните ткива,“ вели Erkki Ruoslahti, научник кој се занимава со истражување на ракот од Burnham Institute for Medical Research, во La Jolla, Калифорнија, САД. За да се потврдата идеите изнесени во истражувањата на Kiessling, секако, ќе бидат потребни in vivo истражувања на лабораториски животни. За да ги изведе in vivo ispituvawata Kiessling, соработува со Paul Sondel, онколог и генетичар (University of Wisconsin, Madison, САД). Kiessling, исто така, е заинтересирана и за користење на лиганди со кои би можело како целни молекули да се користат други рецептори кои се јавуваат на површината на клетките, за да може да се зголеми селективноста на потенцијалните лекови.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net