Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

100% природен Red Bull

Пред околу една година, креаторите на Red Bull, познатиот енергетски пијалак натоварен со кофеин, реши да произведе и газиран кола пијалак - Red Bull Cola. Познатото трговско име за потрошувачите ќе значи сигурен успех. Но, дали фразата „100% природен“ потекнува од нешто друго? Властите во Германија сметаат дека го нашле одговорот на ова прашање - тоа е кокаинот. Затоа овој пијалак е забранети за продажба во шест нејзини покраини.

„Во Институтот за здравје на покраината Северна Рајна Вестфалија беше детално испитан новиот пијалак и беа најдени траги на кокаин,“ вели Bernhard Kuehnle, раководител на Одделот за безбедност на храната во германското сојузно Министерство за заштита на потрошувачите. Според оваа анализа, 0,13 микрограми на кокаин во една лименка од пијалак не претставува сериозна закана за здравјето. Би требало да се испијат 12.000 L на Red Bull Cola за да се почувствуваат негативни ефекти, но тоа е сепак доволно за да предизвика загриженост.

И пред ова да се „открие“ Red Bull го имаше објавено рецептот на својата интернет страница каде се вели дека пијалакот содржи: кола, кардамом и кока, заедно со други клучни „природни“ состојки. Компанијата тврди дека, сепак, кока листовите се користат како мирис агент само откако ќе се отстрани нелегалниот алкалоид кокаин. „Екстракт од листот од кој е отстранет кокаинот се користи во целиот свет во храната како природен мирис“, вели портпаролот на Red Bull во одговорот упатен до германската влада. Иако кокаинот е еден од десетте алкалоиди кои се наоѓаат во лисјата на коката и претставува само 0,8% од масата на листот, надвор од регионот на Андите, неговото отстранување е задолжително според меѓународните агенции кои се занимаваат со контрола на трговијата со наркотици.

Ево Моралес

На другиот крај на светот, на Андите во Боливија, контроверзата околу пијалакот предизвикува смеа. Со векови растението кока е основен дел од културата на живеење на Андите. Боливијците се обиделе да го убедат светот дека на листот на растението не е дрога освен доколку не се подложи на хемиски процес од кој се добива кокаинот. Претседателот Evo Morales, кој и самиот е производител на кока, лично се залага за ова. Тој јавно џвака кока пред светските лидери. Постојат и фотографии на кој тој е прикажан како јавно го прави тоа. „Да кажеме Red Bull Cola не го отстранил кокаинот од лисјата. Дали некој од оние милиони луѓе ширум светот кои го консумирале овој пијалак некогаш се разболеле или се почувствувале издрогирани?“ прашува Dionicio Nunez, одгледувач на кока од регионот Yungas. „Ние знаеме дека коката не е штетна. Сега, можеби и другите ќе го разберат тоа.“

Плантажа со кока во Боливија

Во Германија, портпаролот на Red Bull инсистираше на тоа дека производот на неговата компанија, како и другите пијалаци кои содржат екстракт од листот на кока, а се во продажба во Европа и во САД, се безбедни за користење. Дури и некои експерти истапиле во одбрана на Red Bull. „Не постои научна основа за оваа забрана за Red Bull Cola, бидејќи нивото на кокаин во пијалакот е толку мало,“ вели Fritz Soergel, шеф на Институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг. „Всушност, откриената супстанца не е кокаин. Според тестовите кои се извршени, заклучивме дека тоа е деградационен производ кој нема никаков ефект врз телото. Ако започнете да ги разгледувате останатите пијалаци и прехранбени производи внимателно, ќе најдете многу изненадувачки работи во нив“ вели тој.

Но, кога станува збор за кока и кокаинот проблемот не е само грижата за здравјето, туку и водењето сметка за запазување на легалноста на употребата на оваа супстанца. Од 1961 година, трговија на кока надвор од регионот на Андите, каде со векови луѓето ја џвакаат или ја приготвуваат во вид на чај за сузбивање на гладот, исцрпеноста, е забранета, освен ако кокаинот не е отстранет од неа. Неколку компании во светот имаат овластувања за тргување со листови од кока и повеќето се фармацевтските компании кои го отстрануваат кокаинот од листовите. Најпозната е фирмата Stepan Chemical Company од Њу Џерси, САД, која ја снабдува Coca-Cola со деривати кои не содржат кокаин.

Сепак, никој не знае од каде потекнуваат или каде се обработуваат листовите од кока кои се употребуваат во Red Bull Cola. Red Bull нема коментар за ова, а во Rauch Trading AG, фирма од Австрија која всушност го произведува Red Bull Cola пијалакот велат дека не им е дозволено да даваат такви информации. Во меѓувреме, Боливија, која има многу кока за продажба се надева дека ќе профитира од признанието дека при производството на Red Bull Cola се користи кока во некаква форма посебно со огледа на тоа што во Coca-Cola се избегнува одговорот на ова прашање. Иронично, пијалакот, сѐ уште не е во продажба во Боливија. Но, локалните жители сметаат, дека тоа е одлична можност да покажат дека коката не е штетна - со или без кокаинот.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4769 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4685 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4684 посети)
Љубов или хемија? (4679 посети)
Приказна за сапунот (4673 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4667 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4645 посети)
Карикатури (4626 посети)
Станувајќи алкохол (4615 посети)
Словенската и хемиската писменост (4615 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4614 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net