Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Хемиско репрограмирање на клетките

Хемичарите во Калифорнија пронашле синтетичка молекула која е способна да ги репрограмира возрасните клетки и ги прави помлади. Ако се покаже како веродостојно ова откритие би можело да се користи за регенерирање на ткива оштетени од болести или повреди.

Sheng Ding и соработниците од Scripps Research Institute во La Jolla новооткриената молекула ја нарекле реверсин. Кога се обиделе да третираат мускул на глушец со спомнатата молекула забележале дека клетките се претвораат во празна состојба која ги прави способни да формираат други типови ткива. Потоа истражувачите биле во можност да ги водат клетките кон формирање на различни видови ткива.

Дали ќе бидеме во можност еден ден да го регенерираме нашето тело како саламендерот?

„Откритието е од потенцијален интерес, но остава неодговорени некои клучни прашања“, вели Azim Surani од Wellcome Trust/Cancer Research UK Gurdon Institute of Cancer and Developmental Biology во Cambridge, Велика Британија. Научниците не покажале дека клетките се враќаат во т.н. примитивна празна состојба. Тоа би требало да биде проверено смета Azim Surani.

Исто така не е познато во колкава мерка процесот е ефикасен, дали техниката би функционирала кај луѓето или кај други типови клетки и дали некои од клетките умираат во текот на процесот смета Surani. За да се одговорат овие прашања ќе бидат потребни клинички испитувања.

Враќање на часовникот

Поголемиот дел од клетките во нашето тело се специјализирани за една или друга функција, како на пример црвените крвни зрнца или, пак, бубрежни клетки. Но стем клетките сè уште не ја одбрале својата идна професија и затоа би можеле да се одлучат да бидат било кој тип на ткиво.

Многу истражувачи работат на начините како да соберат стем клетки од телото и да ги претворат во клетки кои би можеле да служат за залекување на оштетени ткива. Еден од можните, но етички контроверзни, извори на стем клетки се човековите ембриони.

Други, пак, групи научници се обидуваат да ги дедиференцираат возрасните клетки - пробувајќи да го свртат часовникот наназад. Овој вид истражувања се инспирирани од организмите како што е саламандетот, чиј клетки се способни да се дедиференцираат кога е потребно да го регенерира својот опаш или нога.

Дедиференцијација е постигната и кај клетки од цицачи од страна на Mark Keating и соработниците од Harvard Medical School во Бостон, Масачусетс. Тие успеале да индуцираат дедиференцијација на клетки од глушец со промена на генот наречен msx1.

Една мала молекула

Сега Scripps и соработниците предлагаат мала едноставна молекула која може да го постигне истиот ефект. Со оваа молекула, која функционира како лек, би можело многу полесно да се користи во клинички испитувања во споредба со манипулирањето со гени. Keating вели: „Ми се допаѓа нивниот пристап - чист е и би сакал да го испробам нивниот лек“.

Научниците дошле до реверсинот со систематско третирање на мускулни клетки од глувци со околу 50.000 потенцијални молекули кандидати, за кои претпоставувале дека би можеле да иницираат започнување на дедиференцијација. Подложени на одбрани хемикалии дедиференцираните клетки може да формираат повторно мускулни клетки или, пак, клетки од масно ткиво.

За да станат добиените резултати поубедливи, истражувачите сега би требало внимателно да ја документираат претворбата на мускулните клетки во состојба на стем клетка, вели Keating. Тие исто така би требало да поработат и на откривањето на тоа кој е енизмот со кој реверсинот интерферира и дали тоа би предизвикало некакви проблеми во човековото тело.

Литература

  1. Chen, S., Zhang, Q., Wu, X., Schultz, P. G. & Ding, S. Dedifferentiation of lineage-committed cells by a small molecule. Journal of the American Chemical Society, 126, 410 - 411, (2004).
  2. Odelberg, S. J., Kollhoff, A. & Keating, M. T. Dedifferentiation of mammalian myotubes induced by msx1. Cell, 103, 1099 - 1109, (2000).

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net