Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Како да препознаете нерафинирано маслиново масло

Не е едноставно да се препознаат оригиналните видови нерафинирани масла без користење на софистицирани методи
Научниците од Велика Британија и Италија во заедничка соработка со користење на спектрална нефалометрија успеале да развијат оптички систем за едноставно препознавање на фалсификувано нерафинирано малиново масло.

Висококвалитетното нерафинирано малиново масло се произведува од првото цедење на најдобрите маслинки. Но, како може производителите и уште поважно потрожувачите да бидат сигурни дека за потрошените пари го добиле она што го бараат, а не некаква имитација? Нерафинираното маслиново масло е производ кој е се побаран на пазарот, но со себе привлекува и многумина кои би се обиделе да профитираат продавајќи неоригинални производи! Италијанското маслиново масло има препознаткив вкус и докажана хранливи вредност. Тоа не содржи масти и е богато со антиксиданси. Но, за жал на пазарот може да се најдат и поевтини, помалку квалитетни масла, намерно пакувани како масла со потекло од Италија. Оваа појава го загрозува опстојувањето на оригиналниот производ доколку не постои начин со кој со сигурност би можел производот да се препознае.

Peter Smith од Department of Electronic and Electrical Engineering вели дека е многу тешко да се направи разлика помеѓу различни типови масла само со опсервација. Затоа во соработка со A.G. Mignani, L. Ciaccheri and A. Ciamato, G. Sani of Italy's CNR Institute for Applied Physics in Florence, and the CNR Trees and Timber Institute in Sesto Fiorentino, како дел од Европскиот проект под назив OPTIMO тој разви нова техника базирана на апсорпција и расејување на светлина која може да се користи како многу осетлив индикатор.

Во својата работа истражувачите користеле апсорпциона спектроскопија и повеќеаголно мерење на расеаната светлина во видливиот дел од спектарот (т.н. спектрална нефелометрија) и ги споредиле својте разултати со добиени за други типови прехрамбени масла. Спектрите се анализирани со карактеристична векторска анализа (КВА) со што се добиваат тридимензионални мапи од кластери на различни типови масла групирани според географското потекло. „За прв пат сме во состојба да добиеме препознатлив оптички отпечаток кој го покажува потеклото на маслото како и поетапката по која тоа е добиено“ вели Smith.

Шематски приказ на користениот инструмент од страна на Peter Smith и соработниците

Исцртувањето на оптички отпечатоци во тридимензионален простор овозможува класификација на различните типови масла, што на истражувачите им овозможува сигурен и ефтин алат за препознавање на различните типови нерафинирани масла. Smith тврди дека оваа технологија би можела да се користи и за анализа на потеклото на дтуги видови прехрамбени производи и пијалоци (вина, пива и др.) кои имаат висока цена и затоа, често, на пазарот може да се најдат и неоригинални производи. Иако системот, според зборовите на Smith, се уште не е спремен за комерцијализација, тој еднакво добро би можел да се користи како уред за online следење на процеси во индустријата, како и лесно пренослив систем за различни типови анализи.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net