Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Хемометријата покажува со прст кон загадувачите на океанот

Танкерот Megaborg ослободи околу 19 милиони литри сурова нафта во близина на Тексас
Светот користи околу 11 милијарди литри нафта секој ден. Од тука и можностите за излевање на нафта во океаните се големи. Во случај на излевање, за да се преземат правни мерки во однос на предизвикувачите на еколошката катасторфа, но и да се изнајдат средства за отстранување на последиците, потребно е да се развијат веродостојни методи за пронаоѓање на причинителот. Во однос на ова хемометричарите предлагаат сеопфатна и интегрирана методологија која вклучува гасна хроматографија со масен детектор (ГХ-МС), анализа на повеќедимензионални податоци и статистичка споредба на изворите на загадување.

Нафтата представува есенцијален дел од модерниот живот. Покрај нејзиното користење како гориво, таа наоѓа примена и во средствата за подмачкивање, при производство на асфалт, во приозводството на пластика, лекови, ѓубрива, пестициди, бои и др. Ако се земат предвид сите операции вклучени во нафтната индустрија почнувајќи од барање на наоѓалиштата, дупчење, преку транспорт, складирање, дистрибуција и рафинирање, постојат многу можности за нејзино несакано излевање.

Од IXTOC I во Мексиканскиот залив се излејаа 530 милиони литри сурова нафта
Покрај сето ова, многумина ќе се сложат дека кога се зборува за еколошки катастрофи поврзани со нафтата најчесто мислиме на нејзино излевање на отворено море. Но ова не е точно! Истражувањата направени од NASA и Smithsonian Institution покажале дека само околу 5 % од количество нафта кое завршува во океаните потекнува од излевање на нафтата од такнери. Најголем удел во загадувањето на океаните со нафта имаат водите кои се слеваат во океаните, претходно загадени од отпадна и вода користена во индустријата. Ако се има предвид дека еден литар нафта може да загади еден милион литри вода ќе се сложите дека ова претставува голем еколошки проблем.

На отворено море, главни извори на загадувањето со нафта се нафтните дамки, како и незаконското чистење на танкерите. Најголемото излевање на нафта во САД го има предизвикано Exxon Valdez, а се има случено 1989 година во областа Prince William Sound во Аљаска. Во таа еколошка катастрофа околу 42 милиони литри сурова нафта беа излеани. Волуменот на излеаната нафта одговара на околу 2% од дневните потреби за нафта на САД.

За жал, не во секој случај, на излевање на нафта може да се открие предизвикувачот. Во многу случаи, поради морските струи, нафтата се наоѓа на места на кои изворот не може лесно да се најде?! Но овде науката може да помогне за да се пронајде од кое географско поднебје потекнува излеаната нафта. Различните типови јаглеводороди во нафтата, на различни локации, се формирани од различни по состав смеси на древни растенија и животни. Во текот на многу години наназад гасната хроматографија со масен детектор претставувала најкористена алатка за типизирање на суровата нафта.

Работници користат топла вода под висок притисок за да ја отстранат нафтата од брегот
Со текот на годините се имаат акумулирано огромен број на податоци, но истовремено не била развиена ниту една статистички ригорозна метода за анализа на овој тип податоци.

Од неодамна овој пропуст е исправен. Научниците од National Environmental Research Unit во Roskilde, Данска предводени од Jan Christensen, соработниците од Department of Life Sciences and Chemistry при Roskilde University, како и од Department of Food Science при Кралскиот ветеринарен и земјоделски Универзитет во Frederiksberg, Данска предлагаат детална хемометриска процедура за откривање на потеклото на нафтата. Резултатите се публикувани во Environ. Sci. Technol. 2004, 38.

Анализата била извршена врз 48 фрагменти поделени во 6 групи со по 14-15 јони со одбрани m/z вредности. Секоја од анализираните проби на соодветен начин е претпроцесирана, а потоа е применета методата анализа на карактеристични вектори за класификација.

Статистичките методи обезбедуваат споредба на пробите за анализа, во однос на референтните проби, на три нивоа - најверојатно совпаѓање, совпаѓање и несофпаѓање на пробите. За добивање подобри резултати во моделот развиен со користење на анализа на карактеристични вектори вклучени се и дополнителни информации. Методата е проверена и на податоците собрани во 2001 година кога во Балтичкото море, во близина на Данскиот брег, се случи излевање на нафта од еден танкер.

Поради широкта достапност на гасната хроматографија, егзактните постапки за обработка на податоците, како и строгите критериуми во назначувањето на предизвикувачот на загадувањето, авторите се надеваат дека нивната метода ќе биде широко прифатена во истражни постапки од овој вид. Значењето на развиената метода е уште поголемо со оглед на тоа што би можела да се користи за пронаоѓање на загадувачи и во речни водни површини.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net