Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Уште една тажна никотинска приказна

Тутун - Не допирајте!

Злата на тутунот обично се поврзуваат со пушењето, но тој е токсичен дури и без да биде запалена цигара! Работниците кои ги собираат листовите на тутунот може да страдаат од труење со никотон познато како зелена тутунска грозница (ЗТГ). Оваа болест е вообичаена во Индија, еден од најголемите производители на тутун во светот. Научниците од оваа земја развиле брза и ефективна метода за мерење на количеството никотин и неговиот главен метаболит во урината на тутунарите.

Информациите за штетноста на тутунот обично се поврзани со пушењето и со вдишувањто на примарниот или секундарен чад. Но не сите проблеми поврзани со тутунот се во врска со пушењто. Џвакањето и мирисањето тутун исто така претставуваат главен предизвикувач на рак според US National Cancer Institute. Овие корисници на тутун кои не пушат го зголемуваат ризикот за добивање рак на усните, јазикот, како и на горниот и долниот дел на устата.

Но тоа не е се! Поголем ризик од претходно спомнатите, а поврзан со тутунот е оној на на кои се изложени работниците на плантажите за тутун. Никотинот во голема мерка се апсорбира низ кожата на работниците и затоа кај нив постои можност за појава на зелена тутунска грозница - односно труење со никотин. Симптомите се: вртоглавица, повраќање, болки во стомакот, слабост и др. Ваквата состојба може да трае повеќе денови па и недели, посебно ако затруените постојано се наоѓаат во контакт на свежи лисја тутун.

Во Индија која претставува трет по големина светски производител на тутун (веднаш после Кина и САД) Индискиот National Institute of Occupational Health (NIOH) вели дека повеќе од половината од работниците страдаат од ЗТГ. Имајќи го предвид ова NIOH препорачува превентивни мерки кои во најголема мерка вклучуваат носење на заштитна облека, кои за жал, со оглед на временсите услови во Индија, може лесно да бидат игнорирани од страна на работниците.

Контактот на работниците со лисјата тутун е неизбежен

За да ја следат изложеноста на никотон, научниците од NIOH во Ahmedabad развија метода за мерење на никотинот и неговиот примарен метаболит - котинин - во урината на работниците. Овие две супстанци обично се користат како биомаркери за изложеноста на пушачите на никотин и за таа цел веќе се развиени неколку методи за нивно определување во плазма, урина, плунка и коса, но петчлениот тим предводен од P.B. Doctor сакаше брза и економична процедура за подготовка на пробата.

Решението до кое дошле е презентирано во познатото списание Journal of Chromatography B 2004, 802, 323. Пробите урина земени од работниците се екстрахирани со хидрофилни и хидрофобни катјон изменувачки колони за цврсто-фазна екстракција. Ваквата комбинација на апсорбенти ги извлекува никотинот и котининот, но заедно со нив се извлекуваат и други супстанци кои во текот на хроматографската анализа успешно се издвојуваат.

Носењето заштитна облека го намалува ризикот од добивање на зелената тутунска грозница

За оваа цел бил употребен HPLC со детектор со низа од диоди. Оптималниот состав на мобилната фаза содржи ацетатен пуфер во ацетонитрил (78:22%) кои содржи и натриум октасулфонат и триетиламин. Пуфетот кој содржи висока концентрација на оцетна киселина ја подобрува сепарацијата на никотинот и котининот. Сулфонатот служи за да овозможи подобро раздвојување на котининот од кафеинот кој, инаку, може да пречи. Аминот, пак, овозможува пиковите од аналитите да бидат потесни и повисоки со што се добиваат подобри резултати.

Границите на детекција кои со оваа метода се постигнуваат се 2 и 5 ng/mL (2 и 5 ppm). Методата беше користена за да се следи апсорпцијата на никотин преку кожата во различни стадиуми од одгледувањето на тутунот. Добиените концентрации на аналитите во урината изнесуваат од 1,6 до 5,4 µg/mL никотин и од 3,4 до 10,3 µg/mL за котининот. Времетраењето на aнaлизата изнесува околу 20 минути. Поради брзината, точноста и цената на анализата, методата веројатно ќе има добра иднина како алатка за изведување рутински проверки на здравјето на работниците кои работат со тутун.

Во влажни денови, посебно непоследно после дожд, просечен работник при собирање на тутун може да биде изложен на околу 600 mL од дождовна вода која содржи околу 54 mg никотин. Ова претставува еквивалент на просечно по 36 испушени цигари, значи следењето на здравјето на работниците е многу важно, посебно доколку станува збор за непушачи. Нo и пушачите треба да се загршжени! Ова претставува ефтин начин за да се внесе никотин во организмот, нo неговата апсорпција преку кожата може да доведе до појава на зелената тутунска грозница.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Minerals by Chemical Compostion (5732 посети)
American Association for Clinical Chemistry (5730 посети)
ACD-ChemBasic : Programming language for chemists (5730 посети)
The Department of Chemistry (5730 посети)
A Practical Guide to Analytical Method Validation (5730 посети)
Department of Chemistry, University od Sheffield (5730 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net