Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Следната „Голема експлозија“

Од сите природни науки, веројатно заемодејнството помеѓу хемијата и општеството е најделикатно. Најдобра илустрација за тоа се “ динамитските пари” од кои денес се доделува најпрестижната награда за мир во светот. Веќе претпоставувате, станува збор за Нобеловата награда за мир. Нобел го трансформирал нитроглицеринот (супстанца многу опасна за употреба), во цврста, стабилна супстанца која ја нарекол динамит. Интересот на Нобел за експлозивите бил заради нивната употреба во градежништното, но не и во воени цели. Претходното не е случај кај новото откритие за кое овде ќе стане збор, Зашто во овој сличај дел од истражувањето е финансирано од US Army Armament Research and Development Center.

Новиот експлозив наречен “ октанитрокубан” , претставува логично продолжение во развојот на експлозивите кое започнало со Нобеловиот нитроглицерин. Супстанцата е органска, богата со јаглерод и ги содржи елементите кои се јавуваат во продуктите од нејзиното согорување. Голема експлозивна моќ потекнува од “големата концентрација” на нитро групи: тринитротолуенот или TNT , кој е откриен во 1863 година има три нитро симетрично супституирани на бензенов прстен. Едно од најмоќните познати експлозивни сретства денес е HMX (High-Melting eXplosive) исто така има прстенеста структура и четири нитро групи во молекулата поврзани за секој втор јаглероден атом од осумчлениот прстен.

Грубо кажано, зголемувањето на експлозивната моќ значи на уште повеќе од спомнатите компоненти во една молекула. Од таа идеа се водеше и тимот истражувачи раководен од Philip Eaton. Eaton е светски познат експерт за органска синтеза. Првата синтеза на кубанот (види Слика 1) во 1964 година. Во осумдесетите се појавиле шпекулации дека соединението октанитрокубанот би бил експлозив со за околу 25 % поголема разорна моќ од HMX. Синтези за супституција на водородните атоми во кубанот со нитро групи постојат години наназат, но за прв пат во групата на Eaton успеа да развие вистинска стратегија за супституција на сите осум водородни атоми. Тие велат дека октанитрокубанот е бела стабилна супстанца, но се покажало дека има мала густина, што инаку, влијае на неговата разорна моќ. Eaton верува дека, сепак, би требало да постои и форма со поголема густина, во која би можело да дојде до израз детонирачката моќ на октанитрокубанот.

Извор: Zhang, M.-X, Eaton, P.E., Gilardi, R. Hepta- and Octanitrocubanes Angewandte Chemie 39, 401-404 (2000).

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5218 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5186 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5166 посети)
Приказна за сапунот (5081 посети)
Љубов или хемија? (5062 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (5040 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (6177 посети)
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6176 посети)
ПСЕ на Environmentalchemistry.com (6174 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (6174 посети)
Natural Environment Research Council (6174 посети)
Beer's Law (6174 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net