Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Гасна хроматографија на Марс… и во Чиле

Најновата успешна мисија на НАСА - роботот Spirit во потрага по живот
Можноста за пронаѓање на живот на Марс ги интригира научниците и јавноста почнувајќи од 1877 година кога Giovanni Schiaparelli открил дека на површината на оваа планета постојат канали. Заинтересираноста за оваа планета не стивнува. Проектите на NASA и ESA (види: Beagle 2: Дали има живот на Марс?) кои беа лансирани минатата година како една од главните задачи ја имаат потрагата по живот.

Во 1976 година мисијата Викинг на NASA за прв пат изведе експерименти за потрага по живот со двете летала кои се спуштија на црвената планета. Резултатите од оваа мисија сè уште сe дебатираат меѓу научниците. Неодамна тим од научници, работејќи во чилеанската пустина Атакама, изведе серија од експеримент и откри нови податоци кои би можеле да ги објаснат наодите до кои дошла мисијата Викинг.

„Викинг изведе три биолошки експерименти и уште поважно тој имаше и гасен хроматограф со масен спектрометар (ГХ-МС) како детектор,“ вели д-р Chris McKay, истражувач во Ames Research Center на НАСА. Хроматографот всушност бил пиролиза-гасен хроматограф со масен детектор (Пир-ГХ-МС) кој овозможува да се измери составот и количеството на органски супстанци во почва на Марс.

Што значи Пир-ГХ-МС?

Пиролизата претставува во кој со користење на топлина се разложуваат супстанците на попрости соединенија. Разложувањето се извршува во инертна атмосфера (без присуство на кислород). Добиените супстанци при разложувањето може да се разделат со гасна хроматографија и потоа да се детектираат со масен спетроматар споредувајќи ги нивните спектри со спектри на стандарди. Со оглед на тоа што добиените супстанци и нивните релативни количества зависат од појдовниот материјал од резултатите може да се изведат заклучоци за составот на појдовниот материјал.
Пир-ГХ-МС е флаксибилна техника и кога се применува не е потребно разложување на материјалите за да испарат. Наместо тоа се применува брзо согорување на примерокот кои потоа минуваат низ ГХ-МС за да се изанализира. Биолошкиот експеримент комплементатарен на Пир-ГХ-МС анализата се состоеше во детекцијата на консумираниот јаглерод-14 кој претставуваше дел од нутиритиент. Во текот на овој експеримент беше следено количеството ослободен O2 или 14CO2 кои може да бидат еминирани од постоечките микроорганизми.

„Тоа што го најдовме на Марс не содржеше органски материи, некаква (хемиска) активнност, но не во врска со постоечки живот“ вели McKay. Постојната контрадикција помеѓу мерењата изведени со Пир-ГХ-МС кои не детектираа органска материја над нивото од делови-од-милијарда (ppb - parts-per-billion) и биолошките експерименти, кои детектираа ослободен кислород и консумација на нутритиентот обележан со јаглерод-14, збуни многу истражувачи. „Ова беше вистинска загатка до сега“, вели McKay, кој заедно со своите колеги се обиделе да дадат поприфатливо објаснение во списанието Planetary Space and Science во јуни 1998 година претпоставувајќи „присуство на еден или повеќе неоргански оксиданси“ или, пак, „директно влијание на ултревиолетово зрачење“.

Пејзаж од Марс - испратен од леталото Викинг
Rafael Navarro-Gonzalez од Universidad Nacional Autonoma de Mexico, Chris McKay и останатите соработници, го продолжиле истражувањето на оваа тема и резултатите ги публикувале во списанеите Science, откривајќи дека слични резултати со оние добиени со анализите направени со Викинг може да се добијат и во чилеанската пустина Атакама. „Во Yungay делот на пустината Атакама, Викинг би го нашол истото што и на Марс - отсуство на органска материја, нема знаци на живот, но некакви знаци од хемиска реактивност кои малку би изгледале како биолшки знаци“, вели McKay.

Една од причините зошто изтражувачите ја одбрале Атакама е тоа што претставува екстремно сува пустина со површина слична како онаа на Марс. „Во Северна Америка, кога се наоѓате среде пустина може да најдете растенија, грмушки, а може да најдете и бактерии, но Атакама нема вегетација“, вели Rafael Navarro-Gonzalez. Примената на Пир-ГХ-МС за анализа на почвата покажува дека во делот Yungay станува збор за многу сува зона, без присуство на органски молекули. „Никогаш не сме биле на место на кое нема органски материи во почвата“, вели Navarro-Gonzalez.

Во почетокот студијата беше изведена со пиролоза на 750 °C и беа детектирани мравска киселина и бензен во почвата од Yungay. Но инстурментот на Викинг пиролозата ја изведувал на максимална температура од 500 °C. Со повторно изведениот експеримент на 500 °C количеството детектирана мравска киселина било редуцирано, а бензен воопшто не бил детектиран. Ова сугерира дека „метастабилни органски супстанци (како на пример соли на ароматични и алифатични моно- и поликарбоксилни киселини) можеби се присутни во почвата на Марс, но не биле детектирани од Викинг“.

Научниците во Атакама - пејзаж сличен на марсовскиот
„Сфативме дека местото изгледа слично на Марс, во кое скоро да нема органски супстанци“, коментира Navarro-Gonzalez. Овие резултати ги натерале научниците да се обидат да најдат бактерии во почвата. Обидите за размножување на бактериите во почвата не вродиле со плод, исто така не им успеало во почвата да најдат DNA молекули.

Интересно е тоа што органските материи пронајдени во почвата од Yungay беа во оксидирана форма, а тоа не е чест случај на Земјата вели Navarro-Gonzalez. Модифицирана верзија на биолошкиот експериментот во Атакама беше изведена со користење на хиралните супстанци L-аланин и D-glukoza (кои се произвдеуваат биолошки) или, пак, D-аланин и L-glukoza (кои се произведуваат при хемиски реакции) oбележани со јаглерод-13. Во обата случаи биле детектирани еднакви количества 13CO2. „Ова значи дека во пустинската почва постојат оксидациски сретства кои хемиски ги разложуваат нутритиентите“, вели Navarro-Gonzalez.

Со оглед на тоа што почвата во Атакама е слична со почвата на Марс може да се очекува дека ќе претставува полигон за тестирање за инструментите кои ќе де користат во идните мисии за истражување на Марс. „Ако може да научиме како добро да ги изведуваме анализите во Атакама, тогаш тоа ќе може да ни помогне при следната експедиција на Марс.“

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net