Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Смеењето е како дрога

Смеењето е како дрога
Изгледа, сепак, имало вистина во изреката „смеењето е како дрога“. Истражувањата велат дека читањето на смешни стрипови или слушањето вицеви го активира истиот центар во мозокот како и кокаинот.

Група научници од Stanford University во California ги замолиле своите пријатели и сопружници да одберат, според нив, најсмешен стрип и ја испитувале реакцијата на мозокот на испитаниците со користење на магнетна резонанца.

Резултатите од анализата покажале дека при читањето на стриповите се активираат истите делови од мозокот кои реагираат и на кокаин, пари или, пак, убав лик, велат научниците [1]. На овој вид дразби реагира делот од мозокот кој се нарекува nucleus accumbens. Овој регион се активита неколку секунди посел „изложувањето“ на хумор и останува активен уште некое време после завршување на вицот (или др. вид дразба на која мозокот бил подложен).

Nucleus accumbens е преплавен со допамин - супстанца која предизвикува убави чивства. Овие процеси може да ја објаснат еуфоријата која настанува како резултат на слушањето добар виц, велат истражувачите. „Интуитивно, ова има смисла“ вели Bill Kelley кој студирал кумор на Dartmouth College во Hanover, New Hampshire, САД.

Претходно изведуваните истражувања укажувале дека хуморот предизвикува дразби во делови на мозокот кеде се контролира смеењето и насмевката. Kelley своите истражувања ги изведувал врз луѓе додека тие гледале хумористични серии. „Изненадени сме, но резултатите не се конзистентни“, вели тој.

Моќната техника - нуклеарно магнетна резонанца - која овозможува многу подетална анализа на добиените резултати можеби е причината за разликите кои се јавиле кај овие две истражувања, вели Allan Reiss.

Reiss се надева дека овие наоди би можеле да послужат за дијагностицирање на депресија во рана фаза или, пак, за испитување во колкава мера антидепресантите делуваат врз пациентите. „Ова би бил одличен начин на кој нашата работа би била котристена“, вели Reiss.

1. Mobbs, D., Greicius, M.D., Abdel-Azim, E., Menon, V. & Reiss, A. L. Humor modulates the mesolimbic reward centers. Neuron, 40, 1041 - 1048, (2003).

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (4965 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4954 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4948 посети)
Приказна за сапунот (4906 посети)
Љубов или хемија? (4892 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4845 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4831 посети)
Карикатури (4799 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4783 посети)
Словенската и хемиската писменост (4782 посети)
Станувајќи алкохол (4775 посети)
Бисери на мудроста (4754 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net