Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Уште една причина за чаша добро вино


 Чаша вино за добро здравје

Научниците од Соединетите Aмерикански Држави пронашле уште една изрека за да нè убедат во корисноста од консумација на една до две чаши црвено вино. Причината за тоа е присуството на уште една група хемикалии кои се смета дека го намалуваат нивото на холестеролот. Овие супстанци кои се нарекуваат сапонини биле идентификувани со хроматографска сепарација со масен детектор.

Консумирањето црвено вино и до сега во повеќе експерименти е докажано дека ја редуцира можноста од добивање на кардиоваскуларни заболувања. Со овие резултати може да се објасни т.н. француски парадокс што всушност значи дека виното ги минимизира негативните ефекти од консумирање на храна со многу маснотии со што може да се објасни ниското ниво на срцеви заболувања кај французите кои редовно консумираат вино.


Andrew Waterhouse

Сега хемиските енолози од University of California во Davis, успеале да идентификуваат нова група хемиски соединенија кои се поврзани со претходните созананија. Сапонините, соединенијата за кои овде станува збор претставуваат природни производи (се наоѓаат во маслиново масло и соја) базирани на тритерпени. Според Andrew Waterhouse за прв пат овие супстанци се пронајдени во вино.

Ресвератролот, антиоксиданс кој се наоѓа во зрната грозје до сега се сметаше дека игра најважна улога во објаснувањето на францускиот парадокс, но Waterhouse смета дека сапонините би можеле да бидат исто толку важни. „Сапонините се модерна состојка во храната“, велит тој, „Луѓето почнуваат се повеќе да се интересираат за нив, но никој до сега не се сетил да ги побара во виното.“

Се смета дека изворот на сапонините е обвивката од зрната грозје и тие во текот на ферментацијта се раствораат. За да дознае повеќе Waterhouse испитал шест различни видови Калифорниски вина, четири црвени и две бели. „Просечната дневна потреба од сапонини е проценета на 15 mg, додека, пак, една чаша црвено вино има концентрација на сапонини еднаква на половина од потребната, што црвеното вино го прави значајно за исхраната“ вели Waterhouse. За разлика од црвените вина, белите вина поседуваат три до десет пати помалку сапонини. Содржината на сапонините во вината зависи и од содржината на алкохолот. „Сметаме дека алкохолот помага во растворањето на сапонините во виното, но за да го потврдиме ова се потребни дополнителни испитувања“ смета Waterhouse.

Црвените вина содржат исти количества на сапонин и ресвератрол. Додека за ресвератролот како антиоксиданс ја намалува оксидирачката моќ на холестеролот, се верува дека сапонините делуваат сврзувајќи се со него и оневозможувајќи тој да се апсорбира од храната.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5064 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5010 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4989 посети)
Приказна за сапунот (4955 посети)
Љубов или хемија? (4933 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4908 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6117 посети)
Department of Chemistry (6103 посети)
Chemical Crystallography Laboratory in Oxford (6102 посети)
Beer's Law (6090 посети)
IRUG - Infrared and Raman Users Group (6085 посети)
Milbros Chemical Information System (6085 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net