Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Премерување на Авогадровата константа

Хемичарите можеби ќе бидат приморани да ја сменат вредноста на една фундаментална величина - Авогадровата константа - како последица на поточни мерења извршени со користење на кристал од чист силициум.

Константата именувана според италијанскиот физичар од деветнаесетиот век Амадео Авогадро е дефинирана како број на атоми кои се соржат во 12 грами од изотопот на јаглеродот 12C и изнесува 6,022 x 1023.

Доколку оваа величина може да се дефинира поточно, тогаш килограмот - стандардната величина за маса - би можела да се дефинира врз основа на масата на број на атоми од одреден тип. За сега килограмот е дефиниран како масата на еталонот изработен од легура кој се чува во близина на Париз, Франција.

Сите останти основни единици во Интернационалниот систем (SI) се дефинирани преку апсолутни величини. На пример метарот е дефиниран како пат кој светлината го минува за одреден временски интервал.

За да ја коригира Авогадровата константа Peter Becker и неговите колеги од Physikalisch-Technische Bundesanstalt во Braunschweig, Германија се обиделе да ги избројат атомите.

Со користење на Рентгенски зраци и цилиндар со должина 1,66 метри и дијаметар 10 центиметри изтражувачите се обиделе да ја пресметаат точната поставеност на атомите во цилиндарот, а со тоа се добива и добра апроксимација на бројот на атоми во цилиндарот.

Вредноста на Авогадровата константа определена на ваков е определена со прецизност иста како и постојната - еден десетмилионити дел и нема се уште да ја замени постојната мерка за килограм во Париз, но вредноста за константата опдерелена од германците значително се разликува од постојната - за еден милионити дел.

„Можно е да има грешка во мерењето“, вели Becker. „Но нашите резултати ја даваат таа вредност“. Екслеприментот со силициумот бил повторен неколку пати и секогаш ја давал истата вредност.

Официјалната вредност на Авогадровтата константа се определува на Watt-ови ваги кои се чуваат во национални лаборатории за стандарди во Соединетите американски држави и Велика Британија.

Но можно е да има и проблем! „Аномалијата во податоците може да се должи на експериментот со американската Watt-вага“ вели Stuart Davidson, од National Physical Laboratory во Teddington, Белика Британија. „Ние добиваме резултати кои се во согласност со германските.“

Хемичарите ќе треба да почекаат до следната година кога ќе се одржи годишното собрание на Меѓународниот комитет за тежини и мерки (International Committee of Weights and Measures - CIPM) кога ќе се расправа за новата вредност на Авогадровата константа. „Кога толку многу држави се вклучени, тогаш тоа не претставува научен туку културолошки проблем,“ вели Becker.

За да се замени париската мерка за килограм мерењата ќе треба да имаат точност од еден стомилионити дел. До тогаш килограмот останува единствена основна мерка дефинирана врз основа на артефакт - цилиндар од платина и иридиум кој се чува во International Bureau of Weights and Measures (BIPM) блису Париз. Околу сто коптии од оваа мерка се наоѓаат ширум светот и тие мора да бидат испраќани во Париз на неколку години заради проверка.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net