Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Опасна пролет над Антарктикот

Озонска обвивка, што е тоа? 

Озонската обвивка е слој кој содржи молекули озон распределени во стратосферата (дел од атмосферата во висина од 15 до 50 километри). Озонската обвивка претставува природен штит на Земјата бидејќи ги филтрира сончевите зраци, задржувајќи ги ултравиолетовите, кои се штетни за живиот свет на Земјата. 

Вкупната количина на атмосферски озон вообичаено се изразува во Добсонови единици (DU од Dobson Units) во чест на пионерот во истражувањата на атмосферскиот озон G.M.B. Dobson. Просечното количество на озон на умерени географски ширини изнесува околу 350 DU. Ветровите во стратосферата го пренесуваат озонот од тропските кон поларните региони, заради што неговото количество во тропските предели изнесува околу 250 DU, а кај половите околу 450 DU, со исклучок, секако, на областите каде повремено се појавуваат "озонските дупки".

Дупка во озонската обвивка!? 

Озонската дупка над Антарктикот ја открила една британска истражувачка група, која го следела нивото на озон во тој регион почнувајќи од 1957 година. Нивните податоци покажале дека вкупното количество на озон постепено опаѓало секој октомври. Во периодот од септември до ноември на Јужниот пол е пролет, која доаѓа по многу студените 24-часовни ноќи, какви што се поларните зими. Во средината на осумдесетите години пролетната загуба на озонот во некои предели над Антарктикот била околу 50 % од вкупното количество озон над Јужниот пол. Од тогаш почнало да се зборува за "дупка" во озонскиот слој која се појавува секоја пролет над Антарктикот и се одржува неколку месеци. Во почетокот на октомври 1993 година измерено е рекордно ниско количество на озон од само 90 DU.

Како настанува озонска дупка? Кој е виновен? Зошто токму на пролет?  

Озонската дупка настанува како резултат на посебните зимски временски услови кога над регионот на Јужниот пол се образува еден вртлог со овална форма како резултат на ниската температура и на земјината ротација. Вртлогот е екстремно студен (температурата достигнува и до -80 оС) и овие услови предизвикуваат формирање на огромни облаци во атмосферата. При овие услови облаците постепено апсорбираат азот диоксид, кој се складира во нив во вид на кристали од трихидрат на азотната киселина. Хлорот, пак, во овие зимски услови се складира во облаците во неактивни форми како хлороводород (HCl) и хлорнитрат (ClONO2). Гасовитиот HCl се адсорбира на површината на кристалите и при судир со гасовитиот ClONO2 се формираат молекули хлор (Cl2) кои за време на зимските месеци се акумулираат во облаците. Првите зраци сончева светлина во раната пролет на Антарктикот предизвикуваат разложување на молекулите хлор на хлорни атоми. Ова може да се илустрира со следната шема: 

 

Хлорните атоми понатаму доведуваат до разградување на озонот. Имено, реакцијата на разложување на озонот катализирана од атомите на хлор сеодвива во повеќе чекори, кои може да се прикажат на следниот начин. 

Збирната хемиска равенка на процесот на уништување на озонот, катализирана од атомите на хлор, кои во неа учествуваат, но на крајот остануваат неизменети, може да се прикаже вака: 

Долго време по откривањето на дупката во озонскиот слој не било јасно дали таа се должи на природни појави поврзани со метеоролошките услови, или пак, на хемиски процеси кои вклучуваат загадувачи на воздухот. Повеќегодишните истражувања покажале дека најголемиот виновник е хлорот, кој во атмосферата доаѓа како резултат, главно, на човечките активности. Најголем извор на хлор се соединенијата познати скратено како CFCs (од англиски: цхлорофлуороцарбонс), кои се познати и под името фреони. Тоа се нижи заситени јаглеводороди, каде водородните атоми се заменети со атоми на хлор и флуор. Овие соединенија се нетоксични, незапалливи, нереактивни и имаат голема примена како средства за ладење во разладни уреди, потоа како средства за распрскување во спрејови, како растворувачи итн. По нивното ослободување во атмосферата, под влијание на ветровите, CFCs доаѓаат во стратосферата, каде под дејство на ултравиолетовото зрачење од сонцето се одвојуваат атоми на хлор. Тие потоа го уништуваат озонот, или пак, во текот на зимата, се складираат во поларните облаци во стратосферата во неактивни форми, кои се активираат со првите зраци на сонцето, на пролет, како што погоре беше опишано.  

Можеме ли да го надоместиме уништениот озон? 

Молекулите на озон постојано се создаваат и уништуваат под влијание на ултравиолетовото зрачење од сонцето. Овие два процеса се во рамнотежа и количеството на озон во даден период е стабилно. Присуството на супстанци кои го уништуваат озонот доведува до намалување на неговото количество, пришто рамнотежата повторно се воспоставува, но при помали количества озон. На тој начин озонската обвивка станува „потенка“, т.е. се појавува дупка во неа. 

Ова може да се илустрира со една кофа со вода која на дното има отвор од кој истекува водата, додека истовремено одозгора во неа тече вода и нивото на водата е постојано. Ако отворот на дното се зголеми, тогаш ќе истекува повеќе вода одошто ќе дотекува одозгора и нивото на водата ќе се намалува се додека пак не се воспостави рамнотежа, но на пониското ниво.  

Разгледувани се повеќе начини за решавање на овој проблем. 

Еден приод е да се однесе озон во областите од стратосферата каде што е намалено неговото количество. За жал, ова нема да го реши проблемот, токму заради претходно спомнатата рамнотежа во создавањето и уништувањето на озонот, која се воспоставува и при услови на намалено количество. Тоа значи дека и вештачки додадениот озон би бил уништен и неговото количество повторно би се вратило на рамнотежното (намалено) ниво. Во нашиот пример со кофата тоа значи дека повеќе вода ќе дотекува одозгора, но истовремено повеќе и ќе истекува од отворот на дното. Она што треба да се направи е да се намали отворот на дното со што постепено ќе се воспостави рамнотежата при повисокото ниво на вода во кофата, или аналогно, треба да се забави процесот на уништување на озонот, со што неговото количество постепено ќе се врати на рамнотежното нормално ниво. Тоа може да се постигне само со отстранување на хлорот и другите супстанци кои го уништуваат озонот од стратосферата. И за овој приод се анализирани повеќе идеи. Една од нив предвидува уништување на главните виновници, CFCs, уште кога се наоѓаат во тропосферата, со моќни инфрацрвени ласери сместени на планините, што е тешко изводливо заради потребната огромна енергија. Според друг план, секоја пролет во стратосферата на Антарктикот треба да се „исфрлат“ околу 50 тони етан или пропан, кој ќе го трансформира хлорот во, безопасен за озонот, HCl. За жал, тој ќе се потроши за таа година, па за секоја наредна ќе треба скапата постапка да се повторува. Заради сеуште нецелосното познавање на процесите што се случуваат во стратосферата, засега, нема официјални планови за тоа како да се „закрпи“ озонската дупка над Антарктикот. 

Единствено што сигурно може да се стори е запирање на производството и употребата на ЦФЦс и некои други супстанци кои предизвикуваат уништување на озонот. Тоа е главната цел на Монтреалскиот протокол кој е потпишан во септември 1987 година од 24 држави и предвидува преполовување на производството и употребата на CFCs и други халогенирани јаглево до роди до 1999 год. Овој договор подоцна е ревидиран и предвидува елиминирање на производството и употребата на CFCs до 2000 година во САД, а истовремено и формирање на фонд за помош на другите земји за што побрзо прилагодување на примената на алтернативите на CFCs. 

Што можам јас да сторам? 

 Истовремено со напорите на научниците и владите за изнаоѓање и реализација на начини за зачувување на озонската обвивка, неопходно е и сите жители на планетата Земја да се запознаат со значењето на озонската обвивка за животот. На почетокот веќе беше кажано дека озонската обвивка е природен штит на земјата од ултравиолетовите зраци. Изложувањето на ова зрачење кое доаѓа од Сонцето предизвикува потемнување на кожата и изгореници. Доколку е поголема изложеноста, ултравиолетовите зраци предизвикуваат рак на кожата, негативно влијаат на имунолошкиот систем на човекот, а исто така и на растот на некои животни и растенија. Заради сето погоре кажано, неопходно е сите ние, жителите на планетата Земја, да се однесуваме „попријателски“ со озонот, почнувајќи од употреба на озоне фриендлѕ производи и натаму до развивање на свеста дека сите заедно треба да го чуваме и да го унапредуваме она што ни го дава природата, но без притоа да го нарушуваме нејзиниот баланс.

Автор: Марина Стефова

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6108 посети)
Chemical Crystallography Laboratory in Oxford (6097 посети)
Department of Chemistry (6096 посети)
Beer's Law (6083 посети)
Milbros Chemical Information System (6082 посети)
Chemical Heritage Foundation (6081 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4857 посети)
Карикатури (4826 посети)
Словенската и хемиската писменост (4814 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4812 посети)
Станувајќи алкохол (4811 посети)
Бисери на мудроста (4788 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net