Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Процесни симулатори

Со развојот на биотехнологијата и технологијата на специјални материјали, проблемот на моделирањето на технолошките процеси станува се поголем предизвик. Се до седумдесетите години од минатиот век, напредокот во компјутерската поддршка во симулацијата на процесите не покажуваше некои спектакуларни резултати. Многу ретко меѓу дипломираните инженери имаше некој со искуство во користењето на процесните симулатори. Но денес компаниите очекуваат помладите инженери да бидат упатени во различни компјутерски програми, особено со процесните симулатори. Кога се работи за овој тип на софтвери се поствавуваат безброј прашања од типот: Зошто? Кога? Како? Што? На некои од нив не секогаш може веднаш и едноставно да се одговори.

Процесните симулатори се алатки кои можат да бидат употребени во сите фази на развојот на проектот и со вклучување на инженерската интуиција да се дојде до правото решение за еден процес. Тие во никој случај не можат да го заменат инженерот, само што од него бара многу подобра обученост, широки познавања од повеќе инженерски области и способност за расудување, а со помала нагласка на математичката вештина и информатичката способност. Целта на еден симулатор не е да даде резулати туку да помогне во донесувањето на одлуките.

Процесна шема во симулаторот Hysys

Секој процесен симулатор содржи неколку основни елементи: база на податоци на компоненти, база на термодинамички модели, блок за градење на процесните шеми, блок за решавање на технолошките операции, генератор на излезните податоци и блок за решавање на процесните шеми.

Почетната точка во симулацијата на процесот е шемата на проточниот дијаграм, односно блок дијаграмот на моделот, при што користењето на процесните симулатори претставува степенест процес во кој секој степен внимателно се проверува и развива пред да се помине на следниот степен.

Мени за дестилациона колона во Hysys симулаторот

При разгледувањето на даден технолошки процес се поставуваат многубројни прашања околу вкупните потреби на целокупниот процес: Кои суровини се потребни и колку од нив да се употребат? Како да се врши сепарацијата на неизреагираните реактанти од реакционите продукти? Колку од нив треба да рециркулираат? Кои се рециркулирачки а кои делбени струи? Кои и колку споредни продукти се произведуваат? Какви и колку нечистотии се внесуваат со напојот? Каде ќе се појават тие нечистотии? Што со нив? Каков отпад се продуцира во текот на процесот? Кои сепарциони методи се потребни за одржување на прифатливо ниво на неизреагирани материјали во рециркулациониот систем? Каков тип на реактор треба да се употреби во системот? Како да се постави системот за греење и ладење во целокупната шема? Можно ли е да се изврши оптимално поставување на топлинските разменувачи и дестилациони колони со цел трошоците на енергија да се сведат на минимум? Сето ова може да се истражува врз процесната шема која се создава и чија деталност расте со зголувањето на податоците кои се внесуваат во неа поради зголемување на комплексноста на процесот. Цртањето на процесна шема е важна навика при решавањето на проблемите врзани со разгледуваниот процес. На шемата се внесуваат сите релевантни информации кои што се однесуваат на технолошките операции во процесот.

Прозорец за влезно излезните податоци за дестилациона колона

Вообичаено, првиот чекор во градењето на симулациониот проблем на хемискиот процес е изборот на хемиски компоненти - учесници во процесот. Колку повеќе компоненти содржи базата на податоци толку е повреден симулаторот. Друг важен сегмент е изборот на термодинамичкиот модел за пресметка на физичките својства на учесниците. Ако се употреби погрешен термодинамички модел или пакет, тогаш добиените симулациони податоци нема да бидат сигурни. Изборот на термодинамичкиот модел може да преставува голем проблем за почетниците а истовремено да предизвика големи проблеми подоцна во симулациите. Два најважни аспекти на изборот на термодинамичките модели е моделот за предвидување на енталпијата и моделот за предвидување на фазната рамнотежа. Некои симулатори имаат експертски систем кој му помага на корисникот да го избере соодветниот модел за неговиот систем. Експертскиот систем го определува температурниот опсег и опсегот на притисок во кој треба да се одвиваат симулациите и од податоците на компонетите што се користат да направи проценка кој термодинамички модел ќе биде најдобар за симуалциите. Но сепак на корисникот останува да процени дали понудениот модел е најдобар за даден тип на опрема. Ако се употреби погрешен термодинамички модел или пакет, тогаш добиените симулациони податоци нема да бидат сигурни.

Денес на пазарот постојот неколку процесни симулатори, на пример HYSYS, CHEMCAD, ASPEN PLUS, PRO/II и др. Таквите моќни симулатори можат да бидат голема предност во рацете на искусен, но истовремено да биде многу опасна алатка во рацете на неискусен инженер. Треба да се има на ум дека последниот збор при правењето на симулациите го има инженерот и неговата интерпретација на добиените резултати.

Автор: д-р Вера Мешко, ред. проф.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net