Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Viagra и на неа слични лекарства

Импотенција

Машката импотенција или машка ерективна дисфункција (МЕД) се појавува кај голем број мажи ширум светот. Се проценува дека се секој втор маж на возраст од 40 до 70 години има извесни тешкотии за да постигне ерекција.

Причини

Причините за појава на МЕД има повеќе. Причините може да се подалат на директни, како на пример невронски оштетувања (од повреди или операции), индиректни здобиени како последица на оштетување на крвотокот како последуица на други пореметувања во организмот (дијабетис или зголемен крвен притисок) или, пак, психолошки. МЕД се поврзува и со процесот на стареење така што мажте во своите шеесети се очекува да имаат поголема (ако не и потполна)  МЕД, во споредба со мажвите во своите тетириесетти.

Структурна формула на молекулата sildenafil (C - сива, H - бела, N - сина, O - црвена боја)

Терапија

МЕД традиционално се третира со физички или инвазивни методи како на пример употреба на вакуум пумпи, простаноидни инјекции и сл. Иако ваквиот третман во најголем број случаи функционира, употребата на овие средства е далеку од идеална, затоа со влегувањето во употреба на лекарствата за орална употреба (како на пример sildenafil) не е тешко да се заклучи зошто старите методи за третирање на МЕД се се помалку популарни.

NO и cGMP

Како последица на сексуална стимулација се ослободува азот моноксид (NO) не адреногени и не холинергични нерво кои се наоѓаат во пенисот. NO дифундира во клетките на СС мускулот каде се сврзуваи ја активира растворливата гванилат циклаза. Овој ензим ја синтетизира втората молекула гласник cGMP која има неколку директни ефекти врз клетките. Оваа молекула има неколку функции.

Механизам на дејство на sildenafil-от

Најважната е тоа што таа го активира протеин киназа (cGK) кој понатаму фосфорилизира неколку регулаторни протеини кои се одговорни за релаксација на мускулот. Сумарниот ефект од дејството на cGMP е активација на cGK кој влијае на намалување на концентрацијата на Ca2+ во меѓуклеточниот простор што влијае на релаксација на мускулот, дозволува поголем проток на крв во него, а тоа резултира со ерекција.

Фосфодиестераза тип 5

Концентрацијата на cGMP во клетките на СС зависи од брзината на неговата синтеза и разградување во организмот. Ова е многу битен момент зашто релаксацијата на мускулот и ерекцијата која ја прдизвикува се должат на зголемување на нивото на cGMP, додека, пак, неговата хидролиза предизвикува завршување на ерекцијата.

Фосфодиестераза тип 5 (PDE5) е главниот ензим кој влијае на разграфуцањето на cGMP во СС. Разградувањето на cGMP се одвива преку хидролиза. Sildenafil функционира директно инхибирајќи го PDE5, компетитивно реверзибилно врзувајќи се за активното место од природниот супстрат на протеинот. Во присуство на Sildenafil разложувањето на cGMP е намалено, а со тоа ефектот на природниот сигнал кој стигнува до пенисот е подобрен. Овој начин на зголемување на природниот сигнал овозможува да им се помогне на пациентите кои имаат нервни или васкуларни очтетувања кои може да разултираат со неадекватно ослободување на NO/cGMP.

Влијанието на sildenafil како инхибитор на PDE5 и испитувана in vitro со користење на почистен ензим изолиран од СС со користење на анјоно изменувачка хроматографија. Изпитувањата биле изведувани на голем број молекули со многу мали концентрации на супстратот (3,5 nmol/L sildenafil). Овие испитувања во голема мерка корелираат и со подоцна направените in vivo испитувања.

Во основа според: Peter Stacey, Natalie Mount, Male erectile dysfunction - The biochemistry of Viagra™, The Biochemist, 4, 2002 16.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net