350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Како носот препознава мириси?

Чулото за мирис е најмалку изучуваното од сите пет. Еден просечен нос може да детектира околу 10 000 различни мириси. Луѓето, како и останатите цицачи имаат приближно 1000 олфакторни гени кои претставуваат околу 3 % од нивните геноми.

За да можат да детектираат мирис рецепторите потребно е да се врзат со метален јон

Олфакторните рецептори се протеини кои се поврзуваат преку мембраните на рецепторните клетки. Професорот по хемија Kenneth S. Suslick со соработниците откриле дека структурата на протеините драматично се променува доколку јони на Zn(II) или Cu(II) се сврзат со нив.

Тие велат дека олфакторните реакции кон мириси вклучуваат промени во делови од структурата извлекувајќи и втурнувајќи делови од протеините рецептори од клетката и во неа. Овој тип на напред-назад движење служи за пренос на информации низ клеточните мембрани.

Хемичарите долго време се сомневале дека процесот на детекцијата на мирисот вклучува и метални јони. Од неодамна се детектирани гените одговорни за мирис. „Кога пребарувавме низ податоците од човековито геном, најдовме иденцични податоци во повеќе од 75 % од олфакторните рецептори за кои изгледа дека може да се сврзат метални јони“ вели Suslick.

За да ја испитаат теоријата, истражувачите синтетизирале ситетички пентапептиден аналог со структура слична на деловите од протеините рецептори способни да за сврзување со метален јон. Се покажа дека металните јони, посебно цинкот и бакарот, многу силно се сврзуваат за пентапептидниот аналог.

Олфакторната рекација која се должи на присуството на одорант (обележен со О на слиакта) бклучува промена на структурата и озвлекува или вовлекува делови од олфакторните протеини рецептори.

Потоа, истражувачите со користење на компјутерско моделирање го изучувале однесувањето на олфакторните рецептори со супстанците кои го предизвикуваат мирисот. „Компјутерските симулации покажале дека дел од протеините одговорни за детекција на мирисот се негативно наелектризирани и како такви излегуваат надвор од клеточната мембрана“, вели Suslick. „Кога за него се сврзува позитивно наелектризиран метален јон полнежот се неутрализира и компјутерот го враќа делот од протеинот во клеточната мембрана.“ Кога одорант ќе се сврзе за металниот јон делот од протеинот бидува исфрлен надвор од клеточната мембрана, а со тоа се започнува почетната секвенца од хемиски настани кои предизвикуваат активност на нервните клетки со која се детектира одорантот.

„Уште една работа која оди во прилог на ова е и тоа што еден од симптомите на недостаток на цинк во исхраната е губењето на чулото за мирис“, вели Suslick. „Тоа, исто така, оди во прилог дека олфакторните рецептори се металопротеини“.

Литература: Jiangyun Wang, Zaida A. Luthey-Schulten, and Kenneth S. Suslick. Is the olfactory receptor a metalloprotein? Proc Natl Acad Sci Early Edition (27 февруари, 2003)

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (5336 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (5319 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5288 посети)
Љубов или хемија? (5207 посети)
Приказна за сапунот (5204 посети)
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина (5154 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Chemometrics on-line tutorial (6255 посети)
Nuclear Magnetic Resonance (6252 посети)
College of Chemistry, University of California Berkeley (6252 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (6246 посети)
Health Effects of Copper Jewelry (6245 посети)
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6245 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net