Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Екстраваганциите на водата

Два слободни духа, две сродни а спротивни души, од Бога надарени со сите дарби, самоизградени и самоосвестени, Молекула вода - со слободните електронски парови на кислородотбоеми, поети и интелектуалци, заколнати противници на секакви ограничувања и конвенции, закоравени поклоници на слободата, виното и други пороци, одненадеж решиле - да стапат во брак! Сите што ги познаваат се констернирани со ваквиот настан - неочекуван и неприлежен за актерите. Се поставуваат многу прашања. Најчестото е: ќе биде ли успешна оваа заедница и што ќе се изроди од неа? (Немојте ова да го поврзувате со љубовните стории на Жорж Санд или Симон де Бовоар, Есенин или Жан-Пол Сартр. Едноставно, ова е необична, но многу повторувана случка.)

Брачната заедница не е привилегија само на живиот свет

Две слободни индивидуи, со иста појава а спротивни афинитети, вечни патници низ светот на длабочините, широчините и височините, неприсилени од никого и по свој избор и добра волја, одлучиле да стапат во заедница. Ова е настан од неживиот свет.

Да не мистифицирам: индивидуите се кислород и водород, а нивната заедница е - водата.
Кристална решетна на мразот

Кога се самостојни, тие се гасови. Птици шарени на гранка зелена. Слободно се движат, талкаат бесконечно, а кога ќе им текне се судираат со кого сакаат и притоа разменуваат лаф-муабет (предаваат или примаат кинетичка енергија). Ништо не ги ограничува. И одеднаш - решиле да се откажат од својата слобода и да се заробат. Во кристалната решетка на мразот или во спрегнатата структура на водата. Наместо на -250 °С или -180 °С, повторно ќе станат гас на 100 °С, ама тоа не е истото.

Дали згрешиле со одлуката за спојување или со изборот на партнерот? Не можеше ли кислородот, најзастапениот елемент на Земјината кора (го има колку сите други елементи заедно) да си избере подобра прилика? Силициум, алуминиум, железо, калциум,...? Можел и направил. Со нив си изградил заедници што се викаат песок (ЅiО2), железна руда (Fе2О5,) или вар (СаО). Сепак, најмногу на срце му се прилепил водородот. Дали затоа што ретко се наоѓа (водород има само 0,15 %, додека силициум има 27%, железо 6%, а калциум 5%) или затоа што е поуспешен љубовник.

Мора да е ова второто, па кислородот, покрај двете законски врски (Н-О-Н), како незаситна љубовница си дозволува и по некоја вонбрачна (во хемијата наречена водородна) врска.

Што ли с& не се испилило од ваквата силна љубов?

Родена е - водата. Основата и постелката на целиот живот на Земјата. Не само што е основна компонента (со 80, 90 или 95 %) во сe живо што гледаме околу себе, туку што сето тоа бара постојано да се мие и да се залева. Одвнатре и однадвор. Од најситната клетка до најкрупното животно или растение. И мртвиот свет е исполнет (па и удавен) со вода. Само слеп не може да го види бескрајното синило на океаните, белилото на снежните планини или половите, или непредвидливата менливост на облаците од водена пареа.

Врзувајќи се во љубовен триаголник (под агол од 104,5°), двата водорода и кислородот создаваат заедница што доминантно се наметнува врз околината. Испреплетеноста меѓу молекулите на водата е толку енергична, што само голема сила може да им ја раскине врската. Затоа е и потребно многу енергија, многу топлина, за да се загрее водата (да се раздвижат послободно нејзините молекули). Десет пати повеќе отколку за железото, или триесет пати повеќе отколку за златото. Затоа и животот во близина на водата е пријатен - без нагли промени на температурата. Лете таа успешно го лади воздухот бeз многу да и порасне температурата, а зиме без посебен напор ја загрева околината. Нормално, станува збор за голема вода, езеро, море итн.

Водата е, сепак, сложена

За водата имаме погрешно уверување дека е проста, прочитана работа, Сите знаеме сè за водата. Како и да не знаеме! Та, нели, цел живот таа ни е задолжителен придружник. Секојдневен. Од утринското миење и првото кафе, до последната чаш(к)а пред спиење, во текот на денот на многу и различни начини имаме работа со водата. Затоа и не и придаваме никакво значење, а уште помалку мистичност.

Димер од молекули вода со приказ на пертурбацијата на електронската густина како последица на формирањето на водородна врска.

Каква ли заблуда! И покрај тоа што животот го започнуваме со и во вода, а го минуваме со, покрај, на, до, во и наполнети со вода (за на крај да ја предадеме сета вода), сепак многу малку знаеме за материјата наречена Н2О. Бадијала уште во основното нè клукаат со податоци за водата и нејзините својства. Мраз и водена пареа - тврда, течна и гасна агрегатна состојба. Температурна скала: нулата позајмена од мрзнењето, а стотката од вриењето на водата. Аномалија на водата - табиет или екстраваганција што само им го загорчува животот на учениците, а онака - попат - го чува животот на рибите и алгите во езерата и барите.

Да се однесуваше „нормално“, водаша изладена до 0 °С ќе беше најгуста, ќе пагаше на дношо ч оттаму наѓоре полека ќе замрзнуваше, убивајќи се живо. Вака, водата на 0 °С е поретка и полесна од онаа на 4 °С, испливува на површината и замрзнува. Мразот е успешен изолатор и го спречува натамошното мрзнење, Затоа и Ескимите може да најдат и да уловат риба во „замрзнато" море.

Зголемување на волуменот при мрзнење - уште еден многу редок исклучок при преминот од течна во тврда агрегатна состојба на елементите и соединенијата. Последици: каменот пука од водата што замрзнува во неговите пори; пука и блокот на моторот на автомобилот ако не му ставиме антифриз; мразот плива врз водата како огромна санта (во која се удираат „титаници“) или како ситна коцка во чашата со виски.

Да не беше аномалното својство на мразот да се топи при сè пониски темпсратури како што расте притисокот, немаше да има -лизгање на мраз. Вака, секогаш кога со лизгалките ќе застанеме созда-вамс притисок од неколку стотини атмосфери, па мразот ќе се топи и на температура од -5 °С или -10 °С. Стопената вода создава тенок филм и го „подмачкува“ движењето врз мраз. Затоа и летаме со лизгалките врз мраз. Истата физнчка појава е причина и за лизгањето на автомобилот врз замрзнат коловоз, движењето на глечерите итн.

Да се однесуваше нормално, водата требаше да врие на температура под -50 °С. Толку и „припаѓа" според молекуларната маса (18) и правилото што го изградиле нејзините собраќа - хомолози или аналози, како сакате. Арно ама, силната љубов меѓу молекулите на течната вода прави таа да врие на температури што се типични за соединенија со десетици пати поголеми молекуларни маси! Веќе насетувате, за ова се (повторно) виновни водородните врски. Ете ви уште еден доказ дека незаконските врски го прават животот повозбудлив, дури и во неживиот свет.

Од обична вода до царска вода

Постојат различни видови вода. Изворска, морска, минерална и комунална-води кои се општо познати. Некои од нив се лековити, а некои чудотворни. Како врв на чудотворноста се споменуваат извори на „машка“ вода. Во техниката се разликува технолошка, деминерализирана, дестилирана или декарбонизирана вода. Во нуклеарките се користи „тешка“ вода, во која водородот е заменет со неговиот потежок изотоп деутериумот.

Постојат и води кои воопшто не се вода. Така, ракијата (или некој нејзин роднина) Французите ја викаат „вода на животот“ (l'eau de viе), што во некои случаи е сосем точно. „Огнена“ вода бил назив за истиот пијалак кај Индијанците, барем според Карл Мај.

Најспектакуларен е случајот со „царската вода“. Тоа е многу агресивна киселина добиена со мешање на 1 дел азотна и 3 дела хлороводородна киселина (и двете концентрирани). Таа е единствена киселина што го раствора златото, најблагородниот и најпостојан метал, царот на металите. Затоа и „водата“ што го раствора ја викаат „царска“ (уште и aqua regia или златотопка). За неа постои анегдота.

Линкови со информации за вода
Каква боја има водата? - Дали водата е провидна или, пак, како што се гледа во поголеми површини (реки, езера, мориња) таа има сина боја. Доколку ве интересира вистината посетете ја оваа страница каде ќе најдете научно поткрепени објаснувања.
The Water Molecule - Интересна интернет презентација со податоци за водата
The Water Molecule and its Properties - Статија во која на популатен начин се опишуваат единствените својства оваа, можеби најважна молекула.

Си бил еден цар. Имал големо царство и бил мноѓу моќен и многу богат. Имал златна палата, златен престол, златна круна, златен жезол и сè друго златно. Само нокширот не му бил од злашо. Не затоа што царот бпл шкрт, туку од чисто функционални принини. Та нели царот испушта царска вода, а за водата со таков назив веќе рековме дека го раствора златото!

И, сега, некој нека ми рече: прост како вода.

Автор: проф. д-р Светомир Хаџи Јорданов

Со дозвола на авторот пренесено од книгата Пет чудни времиња

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net