Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Сочинет од вода и кварц, но исполнет со оган

Пораснав со мајка која веруваше во натприродни сили. Покрај на широко познатите суеверија поврзани со црни мачки, скршени огледала, истурена сол и сл. таа инсистираше секој што поминал преку мене, додека лежев на подот, да пречекори и во обратната насока - мислам дека доколку тоа не се случеше моето растење ќе беше прекинато. Овие суеверија можат да се доведат во врска со религиозните сваќања или со верувањето во магија.

Еден од минералите за кој се врзани многу суеверија е опалот. Некои од суеверијата му препишуваат добри, а некои лоши карактеристики. Старите грци верувале дека опалот, на неговиот сопственик му овозможува да ја прорекува иднната. За римјаните опалот представувал симбол на надеж и духовна чистота. Арапите верувле дека потекнува од рајот. Луѓето во средниот век, пак, опалот го сметале за око на злото, црна чума или, пак, дека може да го направи неговиот сопственик невидлив. Кралицата Викторија влијаела на зголемувањето на популарноста на опалот во свое време. Едно од последните верувања е дека опалот им носи среќа на родените во октомври.

Зборот опал доаѓа од зборот упала што на санскрит значи „скапоцен камен“, и еволуирал во стара Грција каде неговото значење еволуитало во „да се забележи помена на боја“, а потоа како грчко влијание овој збор влегол и во речникот на римјаните. Опалот нема точно определена структура тој претставува минерал со структура SiO2 * nH2O. Или, пак, сликовито кажано опалот представува кварц со молекули вода расфрлани низ неговата структура. Прекрасното прелевање на боите кај овој минерал се должи токму на присуството на молекулите вода во структурата.

Постојат три главни видови од овој минерал. Првата, скапоцен опал, кој опалесцира - бојата на скапоцениот камен се менува во завосност од аголот под кој се гледа. Оваа појава вообичаено се нарекува игра на бои, а понекогаш и оган. Скапоцениот опал, понатаму, може да се подели на две подгрупи: Бел опал каде боите се сјајни и се прелеваат една во друга и црн опал кој е поредок и има многу повисока цена.

Втората група се нарекува огнен опал. Називот го добил според бојата, транспарентен е и може да има портокалова или црвена боја која потекнува од присутното железо. Третата група, обичниот опал, е аморфен, а понекогаш без сјај. Неговите подвидови понекогаш се нарекуваат: меден опал и млечен опал.

Геолошки опалот се формира во хидротермални раствори со ниска температура или кога силициум диоксидот од почвата заедно со површинската вода се складира во шуплините длабоко под земјата, а со испарувањето на водата се формира опал. Скоро сиот скапоцен опал кој може да се најде на светскиот пазар потекнува од Австралија, која е позната по белиот и црниот скапоцен опал.

Унгарскиот опал потекнува од областа Czerwenitza, огениот опал потекнува од Querétaro од централно Максико. Најпознати наоѓалишта на опал во САД се наоѓаат во Аризона, Орегон, Ајдахо и Невада.

Според информациите од геолошките истражувања опалот е кршлив, осетлив на температура и има мала тврдина. Некои видови опал може и да се само-распаднат со губење на вода. При тоа на почетокот се јавуваат пукнатини постепено се шират низ целата површина. На ваков начин опалот може постепено да се распадне. Ова е причината поради која се смета дека опалот може да донесе несреќа. На мосовата скала на тврдина каде тврдината на талкот изнесува 1, а онаа на дијамантот 10, опалот има тврдина 5-6. И покрај неговата мала тврдина тој представува скапоцен камен.

Опалот, кој уште се нарекува и кралица на скапоцентие камења може да се направи и синтетички. За прв пат синтетички бил создаден во лабораторијата на Pierre Gilson Sr. во 1974 година во Франција. Постапката на Gilson се смета за најблика до начинот на кој природата го создава овој скапоцен камен. Постапката за синтеза трае 14 до 18 месеци, а се добива опал со карактеристики многу слични на самородниот.

Опалот добиен со примена на постапката на Gilson го има истиот прекрасен изглед како природниот, но не содржи вода поради што е многу поотпорен на кршење.

Денес на пазарот може да се најдат и имитации на овој скапоцен камен направени од стакло и пластика. Нивното разликување од скапоцениот опал тешко е да се направи со голо око.

Оптичките својства на опалот наоѓаат примена и во науката и технологијата. Истражувачите од University of Toronto велат дека успеале да направат електронски чипови од опал каде носители на информациите се фотони наместо електрони.

За не многу предмети може да се каже дека имаат магична моќ и дека имаат две лица како опалот. Но верувајте во што сакате за опалот, но внимавајте: Доколку ме прскокнете додека лежам на подот ќе мора да ме прескокнете и во спротивната насока, зашто имам прстен од опал и знам како да го употребам ако затреба.

Својства

Состав: SiO2 * H2O
Боја: сите
Кристална структура: аморфна
Тврдина: 5,5 - 6,5
Индекс на прекршување: од 1,44 до 1,47 (мексикански опал: 1,42 - 1,43)
Транспарентност: некои примероци се транспарентни

Линкови

Some Aspects of Precious Opal Synthesis - Некои аспекти од синтезата на скапоцен опал, статија за синтеза на опал од руски научници (јазик: англикси)
University of Toronto
Примероци од опал од Querétaro, Мексико

Статии: Линк 1, Линк 2.

 

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net