Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Површини со реверзибилно променливи својства

Истражувачите од Masacussets Institute of Technology и нивните колеги од University of California неодамна обајвија дека успеале да дизајнираат интелигентни површини кои со надворешна стимулација ревезибилно ги менуваат својствата. Ваквите интелигентни површини би можеле да апсорбитаат или да ослободуваат определен тип на супстанци или клетки на/од својата површина по потреба.

Во бројот од 17 јануари на списанието Science, научниците опишуваат како, со примена на слаби електрични сили, нивните монослоеви можат да ја менуваат својата површина од хидрофилна во хидрофобна, а со повторна промена на потенцијалот може да се вратат првобитните својства на површината.

Сл.1 Изглед на молекулите кои ги формираат монослоевите заедно со заштитните капи кои го овозможуваат формирање на редок монослој
Сл.2 При приложување на негадивен полнеж на површината на која молекулите се хемиски сврзани тие се исправаат поради негативниот полнеж на нивните врвови (монослојот стануваат хидрофилни)
Сл.3 Полежот на површината е позитивен - молекулите се свртени со негативниот дел кон површината (монослојот станува хидрофобен)

Техниката која е опишана е патентирана и може да биде применета за динамичка контрола на други карактеристики на површините како на пример адхезија и биокомпатибилност.

Ова достигнување може да има голем број на примени, вклучително и нови системи за дозирање на лекови, интелигентни површини за биосепарација на молекули и др. „Ова претставува прв успешен обид на создавање на потполно реверзибилен мономолекулски слој чиј својства по потреба може да се мнуваат“, вели Joerg Lahann, „Веруваме дека оваа студија ќе ги постави теориските основи за новите правила врз кои би требало да се развива инженерството на површините, кое ќе има значителна улога во развојот на науката за материјалите, биологијата и медицината.“

Молекулски шуми

Површините за кои овде зборуваме се состојат од шуми од молекули со висина од милијардити дел од метарот, каде молекулите се наоѓаат на еднакви растојанија едни од други. Во истражувањето чиј резултати ги пренесуваме на врвот на секоја молекула се наоѓа негативно наелектризиран (хидрофилен) додека пак останатиот дел од молекулата е органски (и тој е хидрофобен).

Кога на површината за која молекулите се хемиски сврзани ќе се нанесе позитивен електричен полнеж, негативно наелектризираните врвови на молекулите ќе се свртат кон позитивно наелектризираната површина. Тоа го прави мономолекулскиот слој хифрофобен (види Сл. 3). Доколку, пак, се нанесе негадивен потенцијал молекулите целосно се исправаат – хидрофилниот дел повторно се наоѓа на поршината на мономолекулскиот слој и тој повторно станува хидрофилен.

Заштитни капи

Голем предизвик за тимовите кои се занимаваат со создавање на молекулски шуми или како уште се викаат само-создадени монослоеви (self-assembled monolayer – SAM), е обезбедувањето на доволно простор меѓу молекулите за да може да им се овозможи свиткувањето. Конвенционалните SAM се карактеризираат со многу густо пакување на молекулите кое не им овозможува да се движат.

Истражувачите во MIT овој проблем го решија со додавање на волуминозни капи на негативниот дел од молекулите од кој се изградени монослоевите (види Сл. 1). Со отстранување на капите (откако хемиското поврзивање за површината ќе биде завршено) се добива монослој со мала густина - молкулите се наоѓаат на посакуваното растојание.

Следниот предизвик беше да се докаже дека вака добиените монослоеви може да ги менуваат својствата. За таа цел тие ги следеа интеракциите на површината со анализа на контактниот агол на капка вода. Исто така беа испитувани и некои микроскопски својства.

Понатамошната работа на групата истражувачи планира да ја примени истата техника за развивање на монослоеви кои ревезибилно би менувале и други физички својства.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net