Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Хемијата во специјалните единици

Special Air Service (SAS) претставува една од најпознатите елитни специјални армиски единици. З а да можат да преживеат во различни околности, нејзините припадници, потребно е да поседуваат и извесни познавања од хемијата...

Виолетова супстанца

Калиум перманганатот (KMnO4), виолетова супстанца, кој а може да се најде во секој кабинет по хемија, претставува дел од медицинскиот прибор на SAS единиците. Оваа супстанца додадена во вода може да има повеќекратна намена. Малo количествo калиум перманганат ја менуваат бојата на водата во розова. Во мали концентрации може да се користи за стерилизација. Раствори на оваа супстанца со повисоки концентрации (со виолетова боја) може да се користи како антисептик. Многу високи концентрации со темно виолетова боја се користи како антифунгален реагенс.

Камења/Карпи

Ова, можеби не е највозбудливиот дел од хемијата, но и карпите си имаат своја употреба. После ова можеби ќе се обидите да ги научите нивните имиња и својства. Мали парчиња кварц или гранит може да се користат за острење на ножеви.

Сигурно сте се запрашале зошто камчињата на плажите се заоблени и мазни? Сигурно сте се обиделе со плочките да направите „жапчиња“ над водената површина! Кога војниците имаат недостиг од вода во устата ставаат камчиња со цел да ја редуцираат загубата на водата преку респираторниот систем. Не, тие не се обидуваат да му ја исцицаат крвта (односно водата) од каменот, тоа го прават наставниците кога го тераат сиот клас да ги заврши своите обврски на време. За малку ќе заборавев, плочките се мазни бидејќи, под дејство на брановите и плимите тие константно се удираат еден во друг.

Екстракција на урина

Урината не смее да се пие бидејќи е полна со токсини кои се ослободуваат од нашето тело. Всушност, водата од урината може да се поврати  за повторно да се употреби за пиење со нејзина дестилација. Подобро не се обидувајте ова да го направите во училиште, иако овој метод има спасено многу животи на припадниците на специјалните единиците. Не, заборавајте дестилацијата едноставно претставува испарување проследено со повторна кондензација.

(l) --> (g)--> (l)

Кршачи на мраз

Што е тоа големо, бело и го крши мразот? Одговор: Поларна мечка.

Како и да е, доколку како припадник на специјална единица, се најдете на задача  на северниот пол, а за ваше преживување на располагање ви стојат само поларните мечки, немојте никогаш да го јадете црниот дроб од поларната мечка, бидејќи содржи опасно високо количество од витамин А.

Како да побарате помош

Доколку се наоѓате на накаква експедиција и доколку сте изгубен тенко парче метал би можел да ви го спаси животот. Металите можат да се полираат со песок. Со тоа ќе добиете површина од која ќе се рефлектираат сончевите здаци. Вака приготвената површина може да се користи за сигнализирање. Ова може да го пробате со вашето пенкалото.

Растенија

Главоболката може да помине со џвакање на листови од врба. Значи ова дрво не се користи само за правење на свирчиња. Хемикалијата во врбата се вика салицин и е составна компонента на аспаринот.

Повредите може побрзо да се залечат со користење на многу растенија. За ова може да погледнете во некоја книга за лековити растенија или да прашате некоја стара вештерка.

Сте заборавиле да ја спакувате пастата. Не се секирајте бидејќи корените на јагодата може да се користат за чистење на забите, како чепкалки за заби. Дршките од цреши исто може да се користат за чистење на забите.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net