Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Надвор од контрола

исповед на еден учесник во револуцијата информатичка

Денес, ништо не можам без gif-ови, Java аплети, виртуелни конференции, без, секако, неизбежни реклами, и се разбира милиони пораки по електронска пошта. Ако еден ден не се појавам на работа, обично ми треба околу половина час за да ги симнам сите пораки кои во меѓувреме пристигнале. Застрашувачки! Барем да знам кои од нив се полни со реклами за да немора да проверувам пред да ги избришам.

Излегување на крај

Сепак, чинам дека вмрежувањето ми е дојдено преку глава. Еве вчера забележав една колешка како во своето „слободно“ време на IRC разговара со некоја познаничка за заемните впечатоци од шопингот направен претходниот ден... или можеби стануваше збор за... не се сеќавам баш... о да... а десетина минути подоцна и јас стигнав на ред. Требаше да го завршиме пишувањето на практикумот кој студентите ќе го користат во текот на следниот семестар. Секако и во оваа работа се „заплеткавме во мрежата“, всушност се потрудивме да најдеме решенија за некои од двојбите кој ги имавме. И најдовме, но покрај малкуте корисни и мнооогу некорисни информации. 

Како и да е, јас му завидувам на мојот пријател од Битола, кој си уште кореспонденцијата со мене ја врши со писма. Тој смета дека ако пораките ги испраќа по телефакс, неговиот ракопис нема да може да дојде до израз.

Романтика

Си спомнувам, во средината на осумдесетите, кога навлегував во тајните на информатичката технологија (читај: Интензивно ги играв сите продолженија на легендарната Boulder Dash, на уште полегендарниот Commodore 64), сон ми беше да дојдам до модем за да можам да се поврзам на некој од малкуте постоечки BBS сервиси во некогашна Југославија-да добијам нешто повеќе од 64-те килобајти меморија кои ми беа на располагање, но затоа пред околу две години зажалив што нашиот факултет е поврзан на Интернет, зашто дознав дека во Medline (online верзија на реферативното списание Index Medicus во кое се пренесуваат податоци од областа на медицината и сродните науки) може да се пребарува преку Интернет, а јас потрошив две недели во нашата библиотека пребарувајќи за мојата магистерска. Тоа беше период во кој сe уште не носев очила.

Современост

Да, така тоа беше во средината на осумдесетите и во деведесетите години (се уште) од овој век. Денес размислувам како да ги осовременам вежбите по Инструментална анализа и Извори и користење на хемиски информации, користејќи ги можностите кои мрежата ги нуди, кога веќе до гуша сум заплеткан во неа. Навистина, информатичката револуција вклучува многу повеќе од само Интернет, но јас од еден нејзин дел намерно апстинирам. Како и да е, тоа е една од работите кои во последниве петнаесетина години се променува кон подобро... или можеби само кон побрзо.

Автор: Moonman

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4860 посети)
Карикатури (4831 посети)
Словенската и хемиската писменост (4815 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4813 посети)
Станувајќи алкохол (4812 посети)
Бисери на мудроста (4790 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net