Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Хемијата на есенските бои

Секоја есен на низ северната хемисфера, скусувањето на денот и намалувањето на температурите им сигнализираат на дрвјата да се подготват за зимата која наближува. Во овие подготовки, дрвјата испуштаат милијарди тони лисја. Во некои предели, како и кај нас, на паѓањето на лисјата им претходи спектакуларно шоу на есенски бои. Порано зелените лисја ја менуваат својата боја во прекрасни нијанси на жолта, портокалова и црвена. Промените на бојата се должат на трансформации на пигментите во лисјата.

Зелениот пигмент на лисјата е хлорофилот. Хлорофилот ја апсорбира црвената и сината светлина од сончевото зрачење. Значи на светлината која се рефлектира од лисјата и недостига црвена и сина боја и затоа тие се обоени зелено. Молекулите на хлорофилот се големи (C55H70MgN4O6) и не се растворливи во водениот раствор кој ги исполнува клетките на растенијата. Тие се прицврстени за мембраните со дисковидни структури, кои се нарекуваат хлоропласти. Хлоропластите се местата во клетките каде се одвива фотосинтезата, процесот во кој светлосната енергија се претвора во хемиска. Во хлоропластите, светлината апсорбирана од хлорофилот му обезбедува енергија на растението за трансформација на јаглерод диоксидот и водата во кислород и јаглехидрати, супстанци со општа формула Cx(H2O)y.

x CO2 + y H2O светлина x O2 + Cx(H2O)y
--
хлорофил

Во текот на оваа ендотермна трансформација, апсорбираната светлосна енергија од хлорофилот се конвертира во хемиска енергија, при што се скалдира во јаглехидратите. Оваа хемиска енергија е двигател на сите биохемиски процеси кој го предизвикуваат растењето, цветањето и размножувањето на растенијата.

Хлорофилот не е многу стабилна супстанца, сончевите зраци може да предизвикаат негово разложување. За да се одржи количеството хлорофил константно, растенијата постојано го синтетизираат. За негова синтеза на растенијата им е потребна сончева светлина и топло време. Затоа во текот на летните месеци, во лисјата на дрвата, хлорофилот постојано се синтетизира и разложува.

Друг пигмент кој се наоѓа во лисјата на растенијата е каротенот. Каротенот апсорбира сино-зелена и зелена светлина. Според тоа светлината која од лисјата се рефлектира е жолта. Каротенот е исто така голема молекула (C40H36) која се наоѓа во хлоропластите на многу растенија. Кога каротенот, и хлорофилот ќе се појават во еден ист лист, заедно тие ја апсорбираат сино-зелената, и сината боја од сончевата светлина која паѓа на лисјата. Каротенот има функција на помошен апсорбер. Енергијата која оваа молекула ја апсорбира се пренесува на хлорофилот, кој, пак, ја користи енергијата за фотосинтеза. Каротенот е многу постабилна супстанца од хлорофилот. Оваа супстанца останува во лисјата и кога хлорофилот во потполност ќе исчезне. Кога хлорофилот ќе исчезне од лисјата, преостанатиот каротен ги обојува лисјата во жолта боја.

Третиот пигмент, или класа на пигменти, кои се појавуваат во лисјата се антоцијаните. Антоцијаните ја апсорбираат сината, цино-зелената и зелената светлина. Додека, пак, светлината рефлектирана од лисјата кои содржат антоцијани е црвена. За разлина од хлорофилот и каротенот, антоцијаните не се прицврстени за клеточните мембрани, туку се растворени во клеточната течност. Бојата која овие пигменти ја произведуваат зависи од pH на клеточната течност. Ако клеточната течност е кисела овие пигменти имаат светло црвена боја, ако е помалку кисела, бојата е пурпурна. Антоцијаните се одговорни за црвената боја на јаболката и др. овошја. Овие супстанци се формираат во реакција помеѓу шеќерите и некои протеини присутни во клетките. Оваа реакција не се појавува се до моментот кога концентрацијата на шеќерите во клетките не стане висока. За оваа реакција, исто така, потребна е и светлина. Затоа јаболката обично се поцрвени од едната и позелени од другата страна. Црвената страна била посончана, а зелената била во сенка.

Во текот на летото лисјата на дрвјата се фабрики за приозводство на шеќер од јаглерод диоксид и вода при заемодејство на хлорофилот и светлината сончева. Хлорофилот ги обојува лисјата зелени. Водата и минералните материи минуваат од коренот, преку гранките до лисјата. Додека, пак, шеќерите произведени во лисјата по пат на фотосинтеза патуваат од лисјата до останатите делови на растението каде хемиската енергија е потребна за растење. Друг дел од оваа енергија се складира. Скусивањето на деновите и ладните ноќи на есен претставуваат сигнал за дрвото да се подготви за промени. Една од овие промени е и изградба на мембрана помеѓу коренот на лисјата и гранките. Оваа мембрана ја попречува понатамошната исхрана на лисјата. Поради прекинот во исхраната, производството на нови количества хлорофил во лисјата е прекинато и зелената боја на лисјата постепено се губи. Ако лисјата содржат каротен како на пример лисјата на брезите со исчезнувањето на хлорофилот бојата на лисјата ќе се промени од зелена во жолта. Кај некои дрва концентрацијата на шеќерите во лисјата расте, а шеќерот, пак, реагира и формира антоцијани кои на лисјата им дава црвена боја. Некои видови даб произведуваат големи количества антоцијани кои ги обојуваат нивните лисја во есен со црвена боја.

Разноличноста и интензитетот на есенските бои, општо земено, зависи и од времето. Ниските температури го уништуваат хлорофилот, лисјата остануваат на гранките смрзнати, при што се овозможува формирање на антоцијани. Многу интензивно есенско сонце, исто така, го уништува хлорофилот и ја овозможува синтезата на антоцијани. Сувите есенски денови исто така влијаат на зголемување на концентрацијата на антоцијани во лисјата. Значи, светлите есенски бои се формираат при суво, и сончево време, проследено со суви и ладни ноќи.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net