Интервју со Таксол |
||||||||||||||
![]() |
H.net: Добре дојдовте, г-ѓа Паклитаксел. Таксол: Добро ве најдов. Ве молам обраќајте ми се со Таксол, скоро сите така ме викаат.
H.net: Благодарам. Таксол, за многумина претставувате природен производ кој претставува стандард во однос на кој за сите останати се суди. Почнувајќи од 1998 вашиот вкупен промет достигна 5,4 милијарди долари. Легендата за вас ги одведе истражувачите во шумите, џунглите и океаните во потрага по лекови за најразлични болести. Кажете ни неколку зборови за себе. Таксол: Па, израснав на Пацифичкиот северозапад и потекнувам од дрвото Taxus brevifolia. Дури и во периодот кога бев анонимна, мојата фамилија (таксените) беа забележително талентирани и луѓето се интересираа за нас. H.net: Кои беа вашите „природни производи“ - херои додека растевте? Таксол: На почетокот за мене тие беа повеќе од херои, но денес после толку години ние сме куќни пријатели. Тука би сакала да ги споменам Пени (пеницилин) и неговиото големо влијание во третманот на инфекциите, како и Сали (салицилна киселина) за нејзиниот пионерски дух. Јас бев пронајдена на сосема поинаков начин. H.net: Постојат гласини дека сте биле откриена во телевизиската емисија American Molecule: The Search for a Super Drug. Дали во тоа има вистина? Таксол: Ох.. не, иако тоа постојано ми го велат. Mојата приказна е поинаква. Во периодот од 1960 до 1981 година, во потрага по нови цитотоксини, National Cancer Institute (NCI) собра околу 114.000 екстракти од повеќе од 35.000 растенија. Јас бев единствената супстанца од сите тие екстракти која покажуваше навистина добри резултати. Во 1966 година истражувачите Monroe Wall, Mansukh Wani, и други од NCI го признаа мојот талент за борба против тумори, но се до 1971 година не бев изолирана. Потоа мојата слика [кристална структура] беше публикувана и официјално бев „откриена“. H.net: Некои луѓе кои имаат работено со вас велат дека сте тешка, други, пак, велат дека сте компликувана. Дали сте нависнина долку темпераментна?
H.net: Која е вашата метода? Како функционирате? Таксол: Сакам да се врзувам со микротубулините во клетките, што како што се покажа, овозможува нивна стабилизација и формирање. За да започне митозата, односно размножувањето на клетките потребно е намалување на бројот на микротубулините. Така... на таков начин можам да делувам превентино на поделбата на клетките и проширување на ракот. Јас не сум убиец на ракот, но доколку можам да им помогнам на луѓето работејќи го тоа што го сакам дотолку подобро. H.net: Со што се занимавате во последно време? Таксол: Во текот на мојата кариера, во најголема мерка бев хемотерапевтски агент од втор ред. Да не бидам погрешно разбрана, тоа не значи да се биде „златна резерва“. Јас настапувам кога кај пациентите, после првично подобрување состојбата ќе почне да им се влошува или кога традиционалните терапевтици не даваат резултати. Моментално сум одобрена за користење од страна на Food and Drug Administration (FDA) за третман на рак на гради, рак на јајници, рак на белите дробови и уште некои видови рак. Во комбинација со cis-палтин, се употребувам во почетниот третман на рак на јајници.
Таксол: Дваесет и девет држави подигнаа антимонополска тужба против BMS, во која велат дека мојот производител ги оневозможува останатите заинтересирани фирми да ме произведуваат. Овде би сакала да кажам дека јас сум само една едноставна молекула која потекнува од селските шуми на Пацифичкиот северозапад и која без своја вина се најде во средината на интересирањето за ова судење. Од адвокатите сум советувана да не коментирам повеќе на оваа тема. H.net: Ви благодарам што одвоивте дел од вашето драгоцено време за ова интервју. Дали имате некој совет за потенцијалните кандидати за нови лекови? Таксол: Да. Најпрво, најдете истражувачи кои веруваат во вас и кои ќе ве посоветуваат. Без луѓето кои во почетокот ме бодреа како лек против повеќе видови тумори, моќеби ќе поминев само како една фаза во истражувањата, медиокритетна молекула за третман на леукемија. Второ, тешко е да се успее во бизнисот без финансиска поддршка зад вас. Сакале или не, овој сегмент е ист како и во издаваштворо, музичката, филмската и др. инсдустрии. Јас ја имав таа среќа што зад моите истражувања имаше многу јавни сретства во текот на целата моја кариера и затоа сум многу благодарна. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net