Како да станете нобеловец-прирачник за амбициозните |
||||||||||||
![]() |
Нобеловата награда ја доделува комитет составен од еминентни научници, а ја врачува лично Кралот на Шведска.
Во отсуство на критериуми за тоа како се станува нобеловец, ќе се послужам со проверениот начин што се применува во вакви случаи, а тоа е анализа на претходните доделувања (т.н. Саѕе Нyѕtоry). Добар извор за вакви податоци најдов во најновиот број на списанието „Chemical and Engineering News“ каде се наведени имињата и кратките биографии на 75 најзаслужни за хемијата во последните 75 години. Поуки од статистикатаАнализирајќи ги овие податоци може да се заклучи дека:
Комшиите почнаа – кога и ние?За жал анализа на животниот пат на нобеловците
од Македонија овој пат не давам. Од едноставна причина што такви – нема! Затоа,
да го погледнеме списокот нобеловци родени на територијата на поранешната ни
држава СФРЈ. Таа дала четворица лауреати. Освен општопознатиот Иво Андриќ
(книжевност), другите тројца се од иста струка - хемија. И со ист животен пат -
сите ја напуштиле земјата и ја спечалиле Нобеловата награда
Какви се шансите македонски научник да ја добие Нобеловата награда? Кога ваква можност пожелав на еден конгрес на студентите по хемија и технологија, аудиториумот беше затечен. Повеќе од оправдано. По кој и да е критериум да се мериме - изгледите ни се неповолни.
Дали тоа значи дека оние што во Република Македонија се занимаваат со научна работа треба да заборават на Нобеловата награда? Реалниот одговор е – ДА! Но, сепак... Патот до Нобеловата награда не е фиксен, ама не е ни непознатЗа да ви се оствари сонот еден ден да летувате на Хаваите, или да имате сопствен авион или, ако така повеќе милувате, да бидете љубовник на најсексипилните убавици во светот, основно е тоа да го посакувате. Значи, предуслов број еден е – амбиција. Втор е инвестиција. Во сопственото образование – средно, високо, магистратура, докторат итн. Следува чекор на анализа на можните подрачја за научна работа, избор на идниот позив и упорност во реализирањето на таквиот избор, се до постигнување на посакуваната цел. А целта може да биде и врвен научник од светски размери, меѓу кои се регрутираат идните нобеловци. Тука некаде треба да го спомнеме и елементот среќа. Сепак, да не ви даде Господ само на неа да се надевате. Таа е неизбежен елемент, единствен кој не зависи од нас. Нобеловата награда не е секогаш најправедното решение. Многу заслужни не ја добиле. Меѓу нив и Менделеев, на пример. Останува уште да се одбере каде да се реализира редоследот на зафати: амбиција – инвестиција – анализа – избор – упорност. Врвниот научник, како впрочем и врвниот уметник или спортист мора да се избори за поволни услови за работа. А дали тоа ќе го крстиме печалба или одлив на мозоци (Brain Drain) е најмалку важно. Примерите со Леополд Ружичка, Фриц Прегл и Владимир Прелог го потврдуваат тоа. Нормално, оваа тема не е ниту единствена ниту крута. Зависи од индивидуата - кој пат ќе го избере и ќе го приспособи на своите преференции. Не чекајте помош од државатаДали воведувањето школи за талентирани или посебни класови за натпросечни ученици е елитизам што и натаму треба да се избегнува како лоша буржоаска навика? Или тоа треба да се препушти на при ватното школство (кое е во експанзија), на Академијата на науките и уметностите или на мецени? Засега, на талентираниот, амбициозниот, вредниот, креативниот итн., иден врвен научник од Македонија му останува сам да си го бара патот до ѕвездите. На располагање му се информациите од Интернет, стипендиите од странски универзитети, влади или фондации, како и препораките од овдешните професори. Веројатноста дека ќе стигне до Стокхолм да ја прими Нобеловата награда е многу, многу мала. Но, сепак. постои. *** Автор: проф. д-р Светомир Хаџи Јорданов Со дозвола на авторот пренесено од книгата Пет чудни времиња |
|
||||||||||
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Книги и списанија]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net