Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Креми за сончање

Пред околу дваесетина години вообичаено беше да се минува многу време на сонце, уште повеќе, за да се зголеми ефектот на сонцето врз кожата, телото се премачкуваше со различни креми за сончање со кои ефектот на пржењето се зголемува.

Денес, времињата се други. Порано знаевме дека продолженото изложување на кожата на сонце може да предизвика изгореници, но денес знаеме и дека продолжено изложување на ултравиолетовите сончеви зраци прерано ја остарува кожата, а може да предизвика и рак на кожата. Ако на ова се додаде и намалувањето на озонот во стратосферата излегува дека дури едноставна прошетка низ град, без да се излежуваме на пража, може да предизвика изгореници на кожата.

Па според тоа, она што некогаш се викаше добивање на здрав тен денес е заменето со: Здобиениот тен претставува реакција на организмот кон предизвиканото оштетување. Но ова не значи дека треба да ја ограничите вашата забава на сонце посебно доколку поседувате добра крема за сончање.

Кремите за сончање не биле од секогаш широко применувани. Првиот комерцијален производ излегол во продажба во текот на Втората светска војна, кога американските морнари користеле препрати базирани на цинкоксид (ZnO) за да се заштитат од изгореници. Практиката на користењето на ваквите препарати продолжила во педесетите и шеесетите години од минатиот век.

Кон крајот на шеесетите години, во потрага по креми за сончање кои не оставаат бели траги на кожата (како оние базирани на ZnO и TiO2), фирмите кои произведуваа креми за сончање почнаа да развиваат органски препарати. Тогаш научниците почнаа да се интересираат за ефектот кои ултравиолетовите (UV – во понатамошниот текст) зраци го имаат врз кожата.

Денес, постојат 17 активни состојки дозволени за употреба во САД и 25 во Европа.

Постојат два главни типа на основни состојки: неоргански и органски. Обата типови состојки овозможуваат заштита од UV-B зраците (подрачје: од 280 до 320 nm), зраци кои се најодговорни за настанувањето на изгорениците. Некои од препаратите нудат заштита и од UV-A зраците (од 320 до 400 nm) кои можат да навлезат подлабоко во кожата и можат да нанесат (долгорочно) поголема штета.

Неорганските препарати за сончање се базираат на титан(IV)оксид и цинкоксид, и делуваат, воглавно, рефлектирајќи и расејувајќи ги UV зраците.

Обично препаратите за сончање претставуваат смеса од органски и неоргански состојки, зашто на таков начин може да се постигне повисок заштитен фактор (SPF – sun protection factor). SPF претставува мерка за ефикасноста на кремата за сончање во однос на заштитата на кожата од UV-B зраците. Поголема вредност на SPF значи и подобра заштита на кожата од изгореници.

Но SPF не претставува објективна мерка за заштитното делување на кремите за сончање во однос на UV-A зраците, а стандардите кои за таа цел постојат или се неофицијални (во Европа) или пак не постојат (во САД).

Од неорганските супстанци ZnO нуди многу подобра заштита од UV-A зраците во однос на TiO2. Од супстанците кои за оваа цел се одобрени во САД најдобра заштита од UV-A нуди авобензонот.

Проблемот со неорганските супстанци е што тие на кожата оставаат траги од своето присуство. Всушност, маслата овозможуваат дисперзија на честичките од неорганската компонента и обезбедуваат транспарентност на кремата за сончање, но се уште поголеми количества од неорганската супстанца може да остават забележливи бели траги на кожата. Но, веќе и тоа не е проблем, фирмата Uniqema вели дека со нивниот TiO2 овој проблем не постои. Во нивната нова крема за сончање од колекцијата Solaveil Clarus има честички (од TiO2) со големина помеѓу 40 и 50 nm, со што се обезбедува не само добра UV заштита туку и се избегнува оставањето на видливи бели траги на кожата.

Постојат и други начини на кои проблемот со оставањето бели траги на кожата може да се реши. Така на пример, некои производители во своите креми додаваат црвен пигмент кој го прекрива TiO2 по провршината со црвена боја со што неорганскиот материјал добива боја слична на природно исончана кожа.

На крајот, сето ова ме тера да помислам на луѓето кои живеат во пустина. Тие некои работи интуитивно ги знаеле, работи кои нам на обичните обожаватели на сонцето требало науката да ни го каже: Не е лошо да се облекувате во бела облекла која ги рефлектира сончевите зраци, посебно кога одите на плажа, во споротивно треба да си набавите квалитетна крема за сончање.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net