Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Ладна хемија во конзерва

Конечно, жедните консументи во земјите со жешки лета, како нашава, ќе бидат во можност да уживаат пиејќи ладни пијалоци со притискање на само едно копче. Благодарение на саморазладувачката лименка која е развиена од американската фирма BOC Gases. Новите лименки нудат повеќе отколку само олеснување на животот на луѓето, тие имаат и позитивно влијание на околината - со употреба на овие лименки ќе се намали употребата на старите фрижидери во помалку развиените земји.

Европскиот патент (N° 757204) кој е регистриран од Mike Garrett од BOC Gases ја открива тајната која се крие во овој процес на ладење на лименките. Тој објаснува како CO2 - капсулата може да се користи за ладење со два лесно изводливи и нештетни процеси за околината.

Изумот се темели на процесите на апсорпција и десорпција. Принципите се едноставни: Кога гас се апсорбира или компримира во некој сад, молекулите од гасот се зближуваат. Во текот на овој процес се ослободува енергијата која го загрева материјалот во кој гасот се собира. Тогаш материјалот може да се искористи како извор на топлина. Во случајот пак кога гасот се ослободува од материјалот молекулите се оддалечуваат и апсорбираат енергија. Ова предизвикува материјалот да се лади, а гасот претставува средство за ладење.

При правењето на капсули за ладење, CO2 под мал притисок (како продукт од други индустриски процеси) се апсорбира на активен јаглен. Јагленот е направен од лушпа од кокосов орев и обработен за да има голема активна површина на која CO2 молекулите ќе се атсорбираат. Активниот јаглен се пакува во мали капсули, кои потоа се полнат со CO2, при што се загреваат. Вака запечатените капсули се ладат до собна температура. Кога капсулата ќе се отвори CO2 излегува. При експанзијата молекулите се шират тие ја одземаат топлината од околината и доведуваат до тоа јагленот во капсулата се лади до околу -40 °C. Како резултат на тоа, капсулата може да се користи како разменувач на топлина со цел да ги лади течностите кои се во нејзина близина.

Исто така капсулата може да служи и за затоплување (да се загреваат супи на пр.) при што на јагленот повеќе би се атсорбирал CO2

Но дали ќе дојде до употреба на овие лименки. Капсулата зафаќа пола од волуменот на лименката. Процесот на ладење се стартува со притискање на копче на дното од лименката. Како CO2 десорбира од активниот јаглен, се лади самиот јаглен, а со тоа и лименката. Вака течноста се лади на 12-15 °C за 2-3 минути со што добиваме ладен пијалок без да го ставиме во фрижидер.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6158 посети)
Department of Chemistry (6133 посети)
Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants (6132 посети)
Beer's Law (6124 посети)
Chemical Crystallography Laboratory in Oxford (6121 посети)
College of Chemistry, University of California Berkeley (6117 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net