Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Ако ви студи земете АНТИФРИЗ

  

За зимските месеци, вашоиот автомобил го спремате додавајќи антифриз во неговиот мотор. Наскоро се очекува антифриз да се употребува против замрзнување на храна, како и во медицината за складирање на медицински материјали и човечки органи за трансплантација.

Научниците од State University of New York во Binghamton, идеите за решавање на проблемот со оштетувањето на биолошките материјали на ниски температури го бараат во рибите кои живеат во ледените поларни води.

Научниците развија метода, базирана на биолошкиот антифриз кој го користат рибите од Арктикот и Антарктикот, за производство на големи количества вештачки антифриз доволно безбеден да може да се користи од живите организми.

Замрзнување

  

Голем проблем при примена на процесот на замрзнување во медицински и индустриски цели е формирањето на кристали од мраз кои ги оштетуваат ткивата. Некои организми, како на пример рибите, имаат развиено одбранбен механизам - го користат природениот гликопротеин против замрзнување (ГППЗ). Биолошкиот ГППЗ (во рибите, во некои анфибии, растенија и инсекти) ја спречува кристализацијата на водата во живите организми.

Протеинот ГППЗ е познат во научната јавност скоро 30 години, бил откриен во риби и било утврдено дека ја намалува температурата на мрзнење на крвта. Се претпоставува дека функцијата ја остварува така што се сврзува со површината на кристалите на мразот со што го оневозможува растењето на кристалот.

Иако не е точно познато како всушност овој протеин функционира, со модификација на структурата на протеинот научниците успеале да создадат подолговечна копија. Според Robert Ben, кој го води тимот научници на State University of New York во Binghamton, новата метода овозможува едноставно производство на големи количества од новодобиениот протеин, кој не функционира само при екстремни температури.

Без мраз

  

Новите синтетички протеини се доста различни од природните гликопротеини кои ги користат рибите, но сеуште успеваат да го инхибираат растењето на кристалите од мраз. „Ова е значаен успех и значи чекор напред кон создавање на други вакви супстанци... сметаме дека ова откритие ќе најде многу примени“ вели Ben.

Една од можните примени на синтетичките ГППЗ е врз растенијата кој би можеле да даваат плодови надвор од сезоната - при понеповолни климатски услови. Ben верува дека во блиска иднина вакви или слични протеини ќе најдат примена и за жаштита на ткива и органи за трансплантација.

Новата метода ги заменува слабите хемиски врски во природниот антифриз со врски кои се потрајни, но истражувањата за добивање на вештачки гликопротеини со подобри својства од постојните се сеуште во тек.

Линкови:

State University of New York at Binghamton

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4683 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4682 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4642 посети)
Карикатури (4624 посети)
Станувајќи алкохол (4614 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4613 посети)
Словенската и хемиската писменост (4613 посети)
Бисери на мудроста (4601 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
ChemExper (5733 посети)
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5725 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net