Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

ДНК - Заштита на правата на сопственост

  

Секој човек барем еднаш се има замислено за можните етички последици од колонирањето луѓе, но исто така може да најдат и такви кои за денар повеќе работат на создавање на нови технилогии кои би го олеснатле процесот на клонирање. Една од компаниите кои се создадени како резултат на масовната аверзија на јавноста кон клонирањето е DNA Copyright Institute (DNACI) од San Francosco. Компанијата тврди дека е во состојба да ви понуди правна заштита доколку некој се обиде да ве клонира без ваше одобрение.

За цена од 15.000 долари DNACI ќе земе примерок од вашата ДНК, кој го складира во својата база на податоци. Со регистрацијата добивате и атрактивна бронзена или алуминиумска плочка со деталите за вашата регистрација. Во случај на неавторизиран обид личност или фирма да создаде клон врз база на ваша ДНК може да добиете неверојатно висок паричен надоместок.

Паранојата на јавните личности

  

DNACI ја застапува теоријата дека откако технологијата на клонирање ќе стане реалност, веројатно таа ќе се користи и за лесни измами поврзани со јавните личности. А земањето на ДНК е толку едноставно што не се потребни никакви посебни третмани или инструменти. На пример, ДНК може да се земе од чашата во која пиел некој политичар, музичка ѕвезда и сл. Од вака добиената проба може да се изврши клонирањето. DNACI тврди дека на секој регистриран член може да смета на компензации во случај на неовластена репродукција на наговата ДНК.

Во извесна мерка опстојувањето на оваа нова фирма се должи на паранојата на јавните личности, личностити кои се многу посакувани или многу ценети кои се многу загрижени за дуплирањето на нивниот геном од деструктивните елементи на општеството кои се способни да сторат се за да стигнат до нивната позиција во општествот. Директорот на DNACI Andre Crump одрекува дека јавните личности за сега не покажуваат заинтересираност за евентуалното постоење на нивни двојници, напротив повеќето покажуваат заинтересираност за постоењето на копии како себе.

ДНК не е форма на изразување

  

Постојат и некои двојби околу тоа дали авторските права кои ги заштитува DNACI се доволно издржани за на суд. За почеток US Copyright Office вели дена DNACI де е овластен за такво нешто, но исто така и прашање е дали може да се заштитат авторските права врз ДНК. Имено според постојните законски регулативи во САД се заштитуваат авторските права на различни форми на изразување. Ова вклучува: литерарни, драмски, музички дела; пантомими и кореографи; слики, графики и скулптури; аудио-визуелни дела, звучни снимки и архитектонски дела. Областа на заштитата на авторските права на ДНК е нерегулирана, но тешко дека ДНА е форма на изразување, и сигурно дека не и е местото меѓу креативните медиуми кои се опфатени со законот за авторски права.

За сега во САД постои закон кои чека да биде разгледан од Сенатот. Со овој закон клонирањето на лиѓе би било забрането, но „деструктивните елементи“ се волни да експериментират на ова поле со или без дозвола на властите. Според тоа, сметаат во DNACI, овие индивидуи треба да се плашат од нив.

Секако, дека доколку клонирањето на луѓе, покрај се, ќе стане пракса еден ден на луѓето чија ДНК е клонирана ќе им треба некаква заштита и доказ за потеклото на ДНК, но доказот за потеклото се потврдува со едноставен тест, а не со бронзени плочки.

Линкови:

US Copyright Office

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net