350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Beagle 2: Дали има живот на Марс?

Collin Pillinger, професор на The Open University, Велика Британија, на годишната конференција

Collin Pillinger
 на Royal Society of Chemistry (2 август 2001) рече дека се надева проектот Beagle 2, за нашето познавање на Марс ќе го стори истото што и HMS Beagle за спознавањето на животот на нашава планета.

Beagle 2 за сега е единствената мисија која се планира да изведе есперименти чија цел е детектирање живот на црвената планета. Пред дваесетипет години Viking проектот на NASA ја започна потрагата по живот на Марс. Изведените eксперименти беа дизајнирани да откријат постоење на активни метаболизми, но за жал со скромни претходни сознанија за Марс, затоа некои од резултатите останаа неразјаснети до денес. Овие резултати доколку се протолкуваат на еден начин во нив може да се забележи биолошка активност, доколку, пак, се протолкуваат поинаку може да се протолкуваат како последица од хемиски реакцији.


Beagle 2 на Марс (компјутерска симулација).

Во времето на Viking мисијата (1975/6) еден од инструментите не успеа да детектира присуство на органска материја (над нивото на контаминација на инструментите) со што не можеше да се донесе валиден заклучок. Исто така се претпоставуваше дека до следната мисија кон Марс ќе поминат само неколку години. Во такви околности непостоењето на валиден доказ набргу беше протолкувано: 'На Марс нема живот' иако всушност вистинскиот одговор го немаме.

Во истиот период додека мисијата Viking траеше на Антарктикот беа собрани метеорити од кои беа собрани докази за тоа дека Марс, сепак, не е пуста планета. Со анализата гасовите "заробени" во метеоритот Elephant Moraine (ЕЕТА79001) со прецизен масен спектрометар (МС) геолозите утврдија дека потекнува од Марс. Со изучување на изотопскиот состав на метеоритот со МС може да точно да се определи од кој објект од сончевиот систем потекнува. Слично како што со ДНА може да се утврди за кој животински вид станува збор.

Allan Hills 84001 (ALH84001) е уште еден метеорит собран од Антарктикот во 1984 година. Работата на овој метеорит започна дури во 1992 година, но со користење на нови техники кои дваесетина години порано непостоеја. Со внимателно отстранување на слоевите од минералот може внимателно да се следи историјата на неговото формирање. Делови од минералот беа подложени на постепено согорување (stepped combustion analysis), при што евентуално присутниот органски јаглерод се очекува да согори на пониски температури, во споредба со оној врзан како карбонат во минералот.

Денешните сознанија за минералите и карпите со старост помала од 4 милијарди години велат дека сите карбонати и седиментни карпи треба да имаат ист изотопски состав. Во карбонатите, пак, кој содржат органска матрија се очекува да има помалку од 13C и повеќе 12C, зашто биологијата го преферира 12C. Испитувањата покажаа дека карбонатите од ALH84001 не се овоземски. Иако уделот на 12C во нив е поголем од очекуваниот тоа не е доказ за постоењето на живот на Марс.

Фосилот пронајден во метеоритот ALH84001

Во 1996 година професорот Gibson од Хјустон разгледувајќи делови од ALH84001 под електронски микроскоп забележал минијатурен фосил во облик на црв. Фосилот е забележан на карбонатна карпа со потекло од Марс, но не може со сигурност да се каже дека фосилот не станал дел од карпата во текот на престојот на нашава планета. Постоењето на живот пред 4 милијарди години е прифатливо. EETA79001 е стар 180-360 милиони години, но на Земјата стигнал пред само 60 000 години, што е кратко време за фосилизирање на биолошки материјали од Земјата во минералот, но сеуште не може да кажеме дека материјалот не е контаминиран на Земјата. Значи, за сега останува само единствената опција - да се оди на Марс и да се провери! Примероците анализиран таму нема да бидат контаминирани.

Beagle 2 се планира за слета во декември 2003/јануари 2004 во Isidis Planitia басенот - голем древен кратер во кој нема многу карпи со што се одбегнува евентуалното уништување на пробата која ќе слета на Марс. Вселенското летало тежи околу 60 kg, додека, пак, декот кој ќе слета само 30 kg и е големо колку едно велосипедско тркало.

Уредот е опремен со камери, уреди за ситнење на пробите, со спектроскопски техники (Mossbauer

Дел од тимот кој работи на дизајн на експериментите кои ќе бидат изведени со масениот спектрометар
спектроскоп, масен спектрометар), Рентгенски спектрометар за анализа на минералите и микроскоп за опсервација на минералите одблизу, како и со уред за постепено согорување (step combustion method) метода која е поуниверзална во споредба со гасната хроматографија со масен спектрометар како детектор. Системот поседува уред за автоматско земање проба со маса од околу 60 mg. Критериумите за детектирање на траги од живот се следниве: присуство на вода; постоење на карбонатни минерали; присуството на органски супстанци; комплексноста и структурата на органските материјали; изотопскиот однос помеѓу 12C и 13C во органски и неоргански материјали.

 

Beagle 2 се одвојува од воздушните перничиња.
Преземени се сите можни мерки за да се обезбеди безбедно слетување на системот на површината на Марс. После одвојувањето на системот од вселенското летало се отвора падобран, кој на неколку десетина метри од повржината се одвојува од системот кој потоа продолжува кон повржината со слободно паѓање заштитен од големи воздушни перници, кој потоа безбедно се испразнуваат. Првата ноќ ќе биде критична, зашто соларните ќелии ќе треба да соберат доволно енергија за да може системот да ја преживее првата ноќ на -90 °C. Системот, исто така, е опремен и со сензори за следење на состојбата на атмосферата на Марс, детектори за: UV зрачење, присуството на оксиданси, температура и притисок. Доколку не успее во потполност да профункционира, системот сеуште ќе може да ги извршува атмосферските мерења.

Tina Walton

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5092 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5027 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5006 посети)
Приказна за сапунот (4966 посети)
Љубов или хемија? (4949 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4924 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6159 посети)
Department of Chemistry (6133 посети)
Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants (6133 посети)
Beer's Law (6124 посети)
Chemical Crystallography Laboratory in Oxford (6121 посети)
College of Chemistry, University of California Berkeley (6117 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net