Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Историјата на хемијата на поштенски марки

(втор дел)

За време на прославата на сто годишнината на Кралскиот институт за хемија (во 1977 година), во Англија, биле доделени признанија на Англиските добитници на нобелова награда за хемија и физика и тоа: William Henry Bragg и William Lawrencw Bragg, за нивната анализа за кристалната структура со помош на Рентгенски зраци. Archer Martin (1910-) и Richard Synge (1914-1994) за нивниот придонес во равојот на хроматографијата; Walter Haworth (1883-1950), за неговите истражувања на јаглехидратите и синтезата на витаминот Ц и Derek Barton (1918-), за неговата анализа конформациона анализа на стероидите.

Louis Pasteur (1882-1895) дал придонес во развојот на стереохемијата со неговите истражувања за оптичките изомери и развојот на методи за нивна сепарација. Тој работел на развојот на вакцината против беснило и на процесот денес познат како пастеризација, при кој микро организмите кои ги расипуваат продуктите како што се вино или млеко се уништуват, во присуство на топлина. Неговата работа ќе помогне да се побие теоријата на спонтано создавање, која во периодот на 1860 година сеуште била актуелна каде се верувало дека живите организми можат спонтано да израснат од мртвите материјали, како што е случаај со ларвите во месото.

Leo Hendrik Baekeland (1863-194) бил Белгиски истражувач кој работел во Америка. Од фенол и формалдехид тој ја развил првата пластика отпорна на топлина, вода и растворувачи која ја нарекол бакелит. Оваа супстанца има многу важна улога во електрониката и автомобилската индустрија и од неа произлегле многу голем број на синтетички пластики кои се во употреба денес.

Victor Grignard (1871-1935) бил Француски математичар кој станал органси хемичар. Неговите истражувања на органомагнезиумовите соединенија довело до откривање на денес многу познатите Грињардови реагенси, супстанци користени во синтеза на јаглеводороди, алкохоли, кетони, алдехиди, етери и други. За овој пронајдок тој ја добил Нобеловата награда за хемија во 1912 година со Paul Sabatier.

Paul Sabatier (1854-1941) ги открил каталитичките ефекти на спрашените метали во органските реакции, кои овозможуваат хидрогенизација на органските состојки. За оваа работа е важна за многу индустриски процеси во 1912 година Sabatier ја добил Нобеловата награда.

Ernest Solvay (1838-1922) бил Белгиски индустриски хемичар кој ги открил процес за производство на натриум карбонат од сол, амонијак, јаглероден диоксид и вар во серија реакции кои опфаќајат рециклирање на реактантите и соединување практично на целиот амонијак и јаглероден диоксид. Тој се стекнал со големо богатство со патентирањето на голем број од неговите пронајдоци и основал интернационални институти за хемиски, физички и социолошки изтражувања.

Fridrich Wilhelm Ostwald (1853-1932) ја добил во 1909 Нобеловата награда за хемија за неговата работа за катализа и за неговите истражувања за фундаменталните принципи на хемиската рамнотежа и брзината на реакциите.

Walther Nerst (1864-1941) добил Нобелова награда за хемија како признание за неговата работа во термохемијата. Неговата работа на законот за температура резултира со негова теорема за топлината - Трет закон на термодинамиката. Промената на ентропијата се доближува до нула со приближуваат до апсолутната нула. Неснст исто така развил електрична ламба базирана на ретки земјени и магнезиумови состојки на кои не им е потребен вакуум за да останат зажарени. Оваа сиалица е прикажана на марката.

Fritz Haber (1868-1934) пронашол решение за проблемот на недостиг на Чилеанска шалитра, супстанца која била коритена во фабриките вештачки ѓубрива. Тој 1918 година ја прима Нобеловата награда за хемија за "синтезата на амонијакот од појдовните елементи" со подложување на водородот и азотот на восок притисок со присуство на катализатор. Во индустријата овој процес е познат како Haber-Bosch процес.

Изтражувањата на швајцарскиот хемичар Paul Karrer (1889-1971) биле во областа на природните производи, поточно кератините и флавините. Тој го изолирал витаминот А и му ја одредил структурата. Тоа бил првиот витамин со целосно позната структура. Исто така го идентификувал и витаминот B2 и бил во можност да го синтетизира. Тој ја поделил во 1937 година Нобеловата награда со W. N. Aworth од Англија.

Willard Frank Libby (1908-1980) во 1960 година ја добива Нобеловата награда за хемија за откривањето на техника за датирање предмети од биолошко потекло која се користи во археологијата и др. науки со мерењето на трансформацијата на радиоактивениот јаглерод 14 кој тие го содржат. Овој изотоп континуирано биле создавани од гама радијација на азот во погорните делови на атмосферата и има полупериод на трансформација од 5700 години. Jаглеродот во атмосферата, брзо формира CO2 и како таков се апсорбиран од живите организми како што се растенијата. Кога организмот ќе умре, размената на CO2 со атмосферата престанува, и уделот на јаглерод 14 во структурата на материјата почнува да опаѓа. Временскиот период од смртта може да биде пресметан од споредба на радиоактивното зрачење во споредба со живите примероци.

Gulio Natta (1903-1979) и Karl Ziegler (1898-1973) ја поделиле Нобеловата награда за хемија во 1963 г. Оваа шветска марка е објавена во чест на нивната работа на полимерите и органометалините соединенија. Ziegler успеал да го полимеризира етиленот на собна температура со триалкил алуминиум и титани хлоридот како катализатор, кое е многу важно придонес за пластичната индустрија. Natta отишол еден чекор понатаму од Ziegler со достигнувањето на стерео-регулираната полимеризација на пропиленот, бутен-1 и стиренот.

Ilya Pirgogine (1917-) роден во Русија а работел во Белгија, Нобеловата награда за хемија ја добива за теоретската работа на "дисипативните структури" со применување на термодинамиката и статистичката механика врз нерамнотежни и иреверзибилни системи и процеси. Prigogine покажал дека ваквите структури може да постојат само во услови кои се далеку од рамнотежни.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
ChemExper (5732 посети)
MatWeb - The Online Materials Information Resource (5727 посети)
ChemCalc (5727 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5724 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net