Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

За настанокот на нафтата

Настанувањето на нафтата секогаш било поврзувано со остатоците од растенијата, но од кои растенија, кои процеси при тоа се одвиваат при претворбата во нафта не е познато. Геохемичарите од Кемеровскиот Институт за јаглен и хемија на јагленот, од Сибирскиот оддел на Руската Академија на науки најдоа хемиски докази за својата нова теорија за настанокот на нафтата-од мастите и ним сличните супстанци присутни во древните алги. 
Главните компоненти на клетките на алгите се протеините и јаглехидрати. Откако растението ќе изумре, тоа брзо ќе биде разградено од микроорганизмите. Но, мастите и ним сличните супстанци, во текот на овој процес, остануваат непроменети. Научниците претпоставуваат дека прв степен во претворбата на мастите во примарни масла е, всушност, повеќестепена оксидација која резултира со формирање на пероксидни соединенија. Пероксидите, пак, се нестабилни и, според оваа хипотеза, лесно можат да стапат во различни реакции во хидротермалните делови на земјината кора, што доведува до формирање на супстанци кои се составен дел на нафтата. 
Овие истражувачи нашле дека продуктите добиени со разложување на природното масло на високи температури се во согласност со предложениот начин на трансформација на мастите од алгите. Во прилог на ова оди и анализата извршена врз морските седименти-главниот извор на нафта во Западен Сибир, а резултатите велат дека еден дел од присутните супстанци би можеле да потекнуваат од алги. Научниците успеале експериментално да ги трансформираат маслата во стабилни органски супстанци во услови кои одговарале на хидротермални зони (500 C и 300 MPa, во присуство на вода), мастите и ним сличните супстанци во дел се претвораат во супстанци конституенти на нафтата.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5117 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5057 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5023 посети)
Приказна за сапунот (4988 посети)
Љубов или хемија? (4963 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4942 посети)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net