Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Историјата на хемијата на поштенски марки

Joseph Priestly (1733-1804) бил голем експериментален хемичар, но пред се за него најважна била улогата на министер, теолог и наставник. Тој бил прогонуван за неговите политички и религиозни погледи до тој степен, што морал да ја напушти Англија и да замине за USA, каде што ги поминал последните десет години од животот. Неговите поважни истражувања биле во областа на гасовите, вклучувајки го откритието за изолирање на кислородот, го изолирал амонијакот, сулфур диоксидот, јаглерод моноксид и сулфур водород.

Кликни за зголемена слика на марката Antoine Laureant Lavoisier (1743-94) француски хемичар чија работа на полето на согорувањето докажала дека материите добиваат на маса кога согоруваат, додека воздухот кој губи маса (закон за одржување на масите). Тој тврдел дека воздухот е составен од два гаса, еден кој го поддржува горењето (кислородот) и друг кој е инертен. Тој направил листа на тогаш познатите елементи и започнал да ги именува соединенијата според нивните составни делови. Неговиот живот бил рано прекинат на гилотина за време на француската револуција.

Joseph Louis Gay-Lussac (1778-1850) ги проучувал својствата на гасовите. Балоните кои летале на топол воздух биле многу популарни и затоа Gay-lussac се вклучил во изучувањето на оваа нова технологија. Тој открил дека составот на воздухот на големи височини е ист како на морското ниво. Тој исто така открил дека различни гасови се шират подеднакво за исто подигнување на температурата (Gay-Lussac-ов закон).

Кликни за зголемена слика на марката Amedeo Avogadro (1776-1856) го надоградил Gay-Lussac-овиот закон. Тој го вовел еден од основните концепти на современата хемија во неговиот закон, дека еднакви волумени на гасови на иста температура и притисок содржат ист број на молекули. 

Jons Jakob Berzelius (1779-1848) шведски хемичар кој го поставил јазикот на симболите во хемијата именувајќи го секој елемент по неговата прва буква од латинското име. Работел на мерењето на атомските тежини на елементите и ја продолжил идејата за истражување на радикалите и бил еден од поважните автори на учебници и преглери за годишните истражувања во областа на хемијата.

Johan Gadolin (1760-1852) бил фински хемичар кој во доцните години од 18 век експериментирал со минерали од Ytterbu, Шведска кои што содржат нови, необични оксиди или „земји“. Во текот на наредниот век други истражувачи биле способни да идентификуваат повеке нови елементи, дотогаш непознати, во овие ретки замји, кои биле нарчени лантаноиди. Еден од лантаноидите е именуван во чест на Гадолин, гадолиниум.

Justus von Liebig (1803-1873) работел на квантитативна органска анализа и бил голем професор по хемија во 19 век. Тој основал лабораторијата во Giessen каде ги поставил своите методи. Истражувал и во областа на хемиското вештачко ѓубре што е симболично претставено на Источно Германската марка.

Како и многумина руси така и Николај Зинин (1812-1880) ги споредувал достигнувањата на науката во Pусија со најновите достигнувања на научната мисла од европските авторитети. Тој работел заедно со Liebig во Giessen, а подоцна добил диплома во Русија. Тој е познат по неговите истражувања во областа на редукција на азотните соединенија во амино деривати, посебно нитробензенот во анилин, соединение прикажано на во Советската марка. Оваа работа била важна за развојот на анилинот и неговата примена во индустријата за бои.

Fridrich Wohler (1800-1882) бил германски хемичар кој за првпат успеал да го синтетизира природниот производ уреа. Како што е покажано на марката, аммониум цијанитот со загревање се разградувал до уреа. Од Wohler потекнуваат многу аналитички методи, меѓу останатото тој успеал да ги изолира елементите бор и силициум. Заедно со Liebig, учествувал во уредувањето на „Annalen der Chemie“.

Friedrich August Kekule von Stradonitz (1829-1896) бил германски хемичар кој истражувал во областа на хемиската структура, тој велел дека јаглеродот е четири валентен и ја предложил правилната структура на бензенот. Тој за прв пат го користи терминиот органската хемија за хемијата на јаглеродните соединенија, кој во тоа време воглавно бил користен за соединенијата на живите материи.

Периодниот систем на елементите каков денес го познаваме дело е на Димитриј Иванович Менделеев (1834-1907). Систематското подредување било вршено според атомската тежина и особини на елементите (од податоци кои претходно веќе биле откриени од други научици). Ова подредување преставуваат многу повеке од  конвенционална шема според која елементите се сместуваат по редослед на нивните веќе познати особини, за него тоа преставува „закон на природата“. За елементите кои во тоа време не биле познати бил оставен празен простор во периодниот систем на Манделеев. Некои од овие елементи набрзо потоа биле откриени, и ги добиле особините предвидени од Менделеев.

 Arne Tiselius (1902-71) тој бил вешт не само во полето на физичката хемија, туку и во полето на биохемијата, туку и во некои подрачја на медицината. Тој ги развил методите на анализа со адсорпција, посебно на обоените материи, и бил награден со Нобелова награда по хемија во 1948 год. „за неговите истраувана на полето на електрофореза и адсорпциона анализа, посебно за неговото откритие кое се однесува на комплексната природа на серумските протеини“.

George de Hevesy (1885-1966) роден е во Унгарија, работел со многу познати научници, меѓу кои се и Haber и Rutherford. Тој го открил елементот хафниум со Coster на Niels Bonr Institute во Копенхаген. Неговата најважна работа била во откривањето на: „примената на изотопите како маркери при проучувањето на хемиските реакции.“ Под менторство на Irene Joliot - Curie, тој открил радиоактивни изотопи на фосфор и сулфур со алфа бомбардирање. Нобеловата награда по хемија му била доделена во 1943 год.

Svante Arrhenius (1859-1927) ја добил Нобеловата награда по хемија во 1903 „за инворедната заслуга и неговиот голем придонес за напредокот на хемијата со електолитичката теорија на дисоцијација.“ Оваа теорија (всушност ревизија на електрохемиска теорија на Berzelius) се состои во тоа што имаме дисоцијација на солта во раствор на позитивно и негативно наелектризирани јони кои се способни да спроведуваат струја.

Theodor Svedberg (1873-1964) го развил процесот на ултрацентрифугирање матода со која може да се процени големината на колоидните честички. Прогресивната дистрибуција на големите честички внатре во екстремно забрзаниот вртлог на растворот може да биде набљудуван и снимен фотографски.За ова откритие за дисперзија тој добил награда во 1926 год. за хемија.

Hans von Euler-Chelpin (1873-1964) - Нобеловата награда му била доделена во 1929 по хемија заедно со Sir Arthur Harden од Англија за нивното откритие во областа на ферментацијата на шекерот и ферментативните ензими. Ферментативниот процесs бил веке откриен од Liebig и Pasteur, но улогата на ензимите во добивањето на алкохолот биле откриени со работата на von Euler-Chelpin. На марката е прикажано како од голема молекула на шекер се добиваат помали молекули на етанол.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4767 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4682 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4681 посети)
Љубов или хемија? (4678 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4664 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net