Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Ледените покриви во Африка и Јужна Америка ?е исчезнат во следните 15 години

Многу глечери и ледени езера кои се наоѓаат на планинските врвови во Африка и Јужна Aмерика ќе се стопат во наредниве 15 години поради глобалното затоплување и многу малку може да се направи за да се спасат, објаснуваат истражувачите од Ohio State University.

Lonnie Thompson, професор по геологија, вели дека најмалку 1/3 од огромнот количество на мраз на Танзаниската планина Килиманџаро во Африка е исчезнат или стопен, во последниве неколку години. Околу 82 % од количеството на мраз е изгубено откако за прв пат било одбележано на географските карти, а тоа било во 1912 година.

Qori Kalis глечерот во 1978 и 2000.
1978
2000

И Перуанскиот глечер Quelccaya во Јужните Анди е смален за најмалку 20% од 1963. Thompson изјавил дека со нивното набљудување согледано е дека брзината со која се „повлекува“ еден од главните глечери кој истекува од леденото езеро, Qorikalis е за 32 пати повеќе во последните 3 години отколку што било во периодот помеѓу 1963 и 1978 година.

Thompson, кој равоти во Ohio State`s Byrd Polar Research Centre ги презентира резултатите од дводекадната студија на неговиот истражувачки тим, кој ги испитувал тропските ледени површини и нивното смалување, а исто така ги анализирале и ледените покривки од Јужна Америка, Африка, Кина - Тибет и од други локации на целата планета. Тој ги презентирал неговите резултати за време на годишната средба на American Association for the Advancement of Science во Сан Франциско.

„Овие глечери личат многу на светилките кои биле користени во рудниците за јаглен“ изјавил Thompson. „тие се индикатори за масовните промени и кои се должат на климатските промени во тропските предели.

Повлекувањето и губењето на големото количество на мраз е само еден доказ преку кој се манивестира проментата на климата на планетава“ вели Thompson. Во текот на истражувањата било внимавано и на односот помеѓу двата кислородни изотопи-кислород 16 и кислород 18 кои се заробени во мразот и обиколени од четири страни на Tibetean Plateau. Што побвисока е концентрацијата на кислород-18, толку повисоки се температурите кога мразот се формирал од наврнатиот снег. Од ова, тој можел да ја определи историјата на локалните температури.

Dasuopu Glacier, два километри широка површина од мраз која се протега на хоризонтална платформа на падините на Xixabangma, 8014 метри висок врв на јужниот дел на Тибет, кои го испитувале во 1997 година, покажале дека последниве 50 години биле најбогати со кислород-18, а со тоа и најжешки во историјата на овој дел од светот. Прелиминарниот поглед на изотопите во повлекувањето на ледените површини во последниве години од Puruogangri, и во глечерите во центарот на Тибетското плато северно од Dasuopu, покажале слични обогатување со кислород-18 кое одговара на соодветното загревање.

Додека Thompson-овиот тим се фокусирал на доказите кои се во мразот, неговите колеги од Народна Република Кина, ги анализирале 30 годишните резултати од 178 метеоролошки станици ширум Тибет. Овие записи покажале дека помеѓу 1969 и 1990, брзината на рагревањето на овој предел се искачил на највисоката точка. Овие резултати одат во прилог на Thompson-овите испитувања на односот на изотопите на кислородот.

„Ние одамна предвидовме дека првите знаци од глобалното затоплување ќе се појават на најосетливите, и највисоки глечери во тропските предели“ во линија која се протега од 30 степен Северно до 30 степен јужно од екваторот. „Овие пронајдоци само ги потврдија нашите предвидувања“ изјавил Thompson.

Повлекувањето на Kilimanjaro и Quelccaya зерото од мраз се најдраматичните докази, во секој случај. Thompson го документирал повлекувањето на двете езера како и глечерите кои истекуваат од нив со фотографии.

Во случајот на Qori Kalis, Quelcaya повлекување ја достигнало границата од 155 метри за година, три пати побрзо од последното мерење во периодот од 1995 година до 1998 година. Стопениот мраз формирал големо езеро пред глечерот кое не постоело во 1983 година но сега зафаќа површина поголема од 10 акти. ( е поголемо за 4 acres отколку во 1998 година).

Thompson и неговите колеги го обиколиле Quelccaya во 1976 година. "Јас целосно очекував да успееме да ги пронајдиме маркерите кои при нашата обиколка ги ставивме во мразот." тој изјавил. Ако ни успее тоа ќе значи дека 154 метри изчезнале.

Снежната покривка на Kilimanjaro
Kilimanjaro насликан во 1912 (горе) снежната покривка е многу поголема во споредба со
фотографијата направена во 2000 година.

За Kilimanjaro, 4/5 од целокупното количество на мраз кое го покрива врвот на највисоката планина во Африка изчезнало во последниве 80 години. „Со овој однос, целиот мраз ќе го снема помеѓу 2010 и 2020." И тоа е најверојатно конзервативна пресметка?“ изјавил Thompson.

Африканците се загрижени дека губењето на мразот на Kilimanjiro ќе биде крај за туризмот, кој доведува илјадници туристи на планината секоја година и ги полни државните каси. Но за Quelccaya во Перу и сличните езера од мраз и глечери во Андите загубите ќе бидат многу поголеми отколку губењето на туризмот.

„Губењето на овие смрзнати резервоари односно истекувањето се користи за производство електрична струја во регионот, за наводнување и снабдување со вода“ изјавил Thompson. Мразот во највисоките делови од планините претставува резерви за нивните потреби за електрична енергија. Со топењето на езерата се зголемила реките а со тоа владите прават нови брани и хидроелектрични централи. „Тоа што тие сега го прават е дека заработуваат на тоа што се градело со години а нема да биде повторно обновено. Ако еднаш исчезне тешко дека ќе се обнови“ вели Thompson. Во вакви случаи земјите ќе мора да се свртат кон користење на термо централи, односно на фосилните годива. А со тоа само ќе се акумулира CO2 во атмосферата односно двата гаса кои се одговорни за ефектот на стаклената градина и глобалното затоплување.

Thompson рекол дека другите истражувачи исто така документираат и други вакви случаи. 40 % од мразот кој постоел во 1963 година на планината Kenya, исто така, го снемало. Два глечери од планините во Нова Гвинеја исчезнале и ќе ги нема со декади. Во Венецуела во 1972 година, имало шест глечери- а сега таму има само два кои сигурно ќе се стопат во наредните 10 години. 

„Ние мораме да ги превземеме првите чекори за да ја намалиме емисијата на CO2“ вели Thompson. „Ние во моментов не правиме ништо, односно како резултат на кризата за енергија во Калифорнија - а исто така и во остатокот од земјата ова лето уште повеќе ќе се инвестира во термоцентралите.“

Тоа само ќе доведе до поголемо количество на енергија но исто така и до уште поголемо количество на CO2 во а тмосферата со што уште повеќе би се влошувал проблемот."

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5830 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (5829 посети)
Academic Earth (5827 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (5825 посети)
British Antarctic Survey (5825 посети)
Beer's Law (5825 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net