Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Течна DNA

За прв пат, научниците од Универзитетот на Северна Каролина во Chapel Hill (UNC-CH), издвоиле течна форма на DNA - комплексна хеликсоидна молекула којашто служи како „план“ за развојот и растењето на сите живи суштества.

Бидеји откритието е ново, хемичарите се уште неможат да предвидат со сигурност каква практична примена нивното откритие би имало. Како и да е, тие веруваат, дека течната DNA ќе помогне за проучувањето на DNА.

Статијата во која се зборува за експериментот се појавила во тековното издание на Journal of American Chemical Society. Авторите се докторантите Anthony M. Leone, Stephanie C. Weatherly и Mary Elizabeth Williams како и Dr. Holden Thorp, професор по хемија и Dr. Royce W.Murray, Kenan професор по хемија на UNC-CH.

„Во лабораторија DNA обично се користи во растворена состојба со вода (и како таква може да се проучува) или во кристална форма (која не е погодна за проучување). Ние најдовме начин како да создадеме течна DNA со што би можеле да ја користиме и испитуваме на нов начин. Ваквата DNA исто така, може да пренесува електрицитет. Физичките особини на оваа нова растопена форма на DNA се слични на сируп или мед во зима“ вели Murray. 

Тимот успеал да ја втечни DNA со комбинирање на негативно наелектризирани DNA кристали со позитивно наелектризирани соли на метални комплексни кои содржат етилен оксидни групи. Murray, неговите колеги и студенти, го имаат применето тој „молекуларен трик“ многу успешно, во изминатата декада, на многу други супстанци.

Следниот чекор би бил да се одредат карактерситиките на течната DNA (како на пример: какви се електричните и макроскопските особини како течност). За сега, тие имаат користено единствено многу долга DNA во двојна хеликсоидна форма, но планот за да се види што ќе се случи ако го скратат ланецот или да му ја сменат формата. Исто така би сакале да разјаснат како електрични сигнали произведуваат различни DNA секвенци. Нивното значење би овозможило пренесување на информации до различни DNA фрагменти со електрични сигнали.

„Иронично, но идејата за спроведување на комлексниот експеримент, израсна во една дискусија која што се развила за време на одбраната на една докторска дисертација“ вели Murray. „Leone ја адаптирал идејата за дел од својата теза, а истражувачите ја докажале успешно... речиси веднаш. За прв пат, ние бевме во можност да набљудуваме како DNA се однесува во присуство на струја за време на оскидацијата и како DNA се оксидирана со електрокатализа.Овој процес е добро познат феномен кај течностите, но никогаш порано не бил набљудуван  кај DNA."

Останатите карактеристики на DNA кои што можат да станат дури и поважни отколку електрохемските е дека молекулата е растворлива во различни растворувачи, за разлика од природната форма на DNA која не е"- вели Murray.

Ова отвара нови врати за научно истражување на DNA со органски растворувачи и како се однесува во интеракција со други молекули. "Ние најверојатно нема да продолжиме со ова истражување, но ние чувствуваме дека е од особена важност ова откритие да се публикува патент во врска со ова.".

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4797 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4776 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4739 посети)
Приказна за сапунот (4718 посети)
Љубов или хемија? (4716 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4716 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5830 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (5829 посети)
Academic Earth (5827 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (5825 посети)
British Antarctic Survey (5825 посети)
Beer's Law (5825 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net