Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Битка за зачувување на Амазонската прашума

40 милијарди долари кои се вложуваат во автопатишта, железници, хидроцентрали како и наглото зголемување на популацијата ги надминува напорите за зачувување на Амазонската џунгла. Ако ваквиот тренд не се регулира, наскоро ќе бидеме сведоци на уништувањето на најубавата тропска џунгла на планетава, велат експертите.

Слика 1 - Агресивно уништување на Амазонската прашума.
Слика 2 - Прикажана е сегашна пошуменост на Амазонскиот басен
Слика 3 - Резултати од студијата. Изгледот на Амазонската прашума во 2020 г. според оптимистичкото сценарио (горе) и според неоптимистичкото сценарио (долу).

Новата студија која е објавена во списанието Science покажува дека тековната програма за зачувување на шумата во Амазон е целосно неадекватен за да го спречи уништувањето шумските предели кои се спроведуваат во името на економскиот развој.

"Имаме многу слушано за екотуризмот, пошумувањето и други заштитнички напори за очувување на Амазон", вели Scott Bergen, научник од Oregon State University и коавтор на извештајот, "Ако ваквиот начин на економски развиток и понатаму продолжи, ние ќе ја изгубиме најголемата дивина на Замјава и огромно количество од преостаната флора во светот. Се разбира при тоа да не го спомнуваме и огромното количество на CO2 кое ќе остане неапсорбирано, а претставува причинител на ефектот на стаклена градина.

"Уништените површини се огромни и битката е изгубена" велат истражувачите од OSU, the Smithsonan Tropical Research Institute, Michigan State University и National Institute for Amazonian Research.

Проблемот со уништувањето на шумата во Амазон не е нов, но оваа студија, велат експертите, е прва која пошироко ги согледува причините, земајќи ги предвит растежот на популацијата, економската политика, изградбата на патишта, далноводи, потоа развојот на дрвна индустрија, горивна индустрија, фармерството, експлоатација на нафта и многу други фактори. Оваа студија реално ги согледува причините кои би довеле до промена на пејсажот во Амазон во наредните 20 години.

Ако се дозволи продолжување на сегашното темпо на уништување на Амазон според студијата, резултатите ќе бидат погубни. Механичкиот прилив на население во Амазон е пораснат за 10 пати од 1960 (од 2.000.000 на 20.000.000 милиони жители). Планирани се инвестиции од 440 милијарди долари за наредните 7 години под покровителство на „Аvanca Brasil“ - Бразилскa програмa за економски развoj. Агенциитe за животна средина во Бразил се изоставени од учеството во овој проект.

На местата каде џунглата била непроодна со најбујна вегетација, вo срцето на Амазонскиот басен, сега се пробиваат патишта, а со употреба на овие патишта само се зголемува загадувањето и уништувањето на шумата.

Два моделa биле развиени за да ги согледаат последиците кои би биле резултат на ваквиот тренд на уништување, од кои едниот е оптимистички, а другиот помалку оптимистички. Двата модела сугерираат дека Амазон ќе биде драстично изменет со развојните програми.

Според помалку оптимистичкото сценарио, помалку од 5% од земјиштето ќе остане непроменета и 42% од регионот ќе биде целосно без шума или целосно уништено до 2020 година. Уништување на шумата годишно изнесува 5 000 000 хектари што е најмногу во цел свет. Како резултат на планираните изградби на патишта и инфраструктурни објекти за наредните 20 години, оваа бројка ќе се покачи за повеќе од 25% годишно според неоптимистичкото сценарио, и за 14% според оптимистичкито сценарио.

Bergen, специјалист за географска инфраструктура и просторна екологија, престојувал една година работејќи во Амазон како дел од големиот проект финансиран од NASA. Неговите проучувања како проучувањата на неговите колеги заедно со сите информации од одминатите години им послужиле за да ги согледаат последиците кои би произлегле од денешните активности. "Важен дел од овој извештај е тоа што се обидовме да ги поврземе различните компоненти кои најчесто не се земени во предвид но имаат големо влијание врз земјата" изјавил Bergen.

Конечниот заклучок е дека земајќи ги предвид големите напори на одредени луѓе како и стотиците милиони долари кои се потрошени за зачувување, може да се каже дека уништувањето на Амазон воопшто не е со намален обем, па дури и дека на накои места уништувањето на шумата se врши со зголемено темпо. Не е доцна да се изнајде решение, вeлат истражувачите, но најверојатно ќе се бара поголемо разбирање за проблемот од владата и граѓаните на Бразил.

"Сarbon" кредитите кои се овозможени со Kyoto протоколот како дел од напорите за намалување на глобалното затоплување се единственатa опција, велат научниците. Средставата за овие кредити се собираат од државите и компаниите од целиот свет кои плаќаат за да добијат право да продолжат со нееколошките развојните економски палнови со кои и понатаму им се дозволува емисија на CO2 во атмосферата. Амазон нуди идеален начин за пласирање на ваквите кредити, кои на Бразил би му носеле по 2 милијарди долари годишно, а за возврат Амазонската џунгла да не се уништува.

Покрај готовината која Бразилците би ја добивале со овој механизам Бразил мора да ги разбере и бенефициите кои ги добива од недопрената шума како што се помалку поплави, зачувување на земјиштето, одржување стабилни климатски услови, зачувување на биолошкиот свет, поддршка за локалната популација и екотуризам. Исто така, сугерираат дека земјата погодна за земјоделие во Бразил треба да се користи интензивно, да се модернизира земјоделието и на таков начин треба да се зголемува производството, а не со зголемување на обработливото земјиште.

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5141 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5085 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5073 посети)
Приказна за сапунот (5003 посети)
Љубов или хемија? (4986 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4972 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4911 посети)
Карикатури (4870 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4847 посети)
Словенската и хемиската писменост (4847 посети)
Станувајќи алкохол (4843 посети)
Бисери на мудроста (4822 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net