Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Шеќер во вселената

Веројатноста за наоѓање живот во вселената само што стана послатка, со првото откритие на шеќер во вселената. Отркитието на шеќерот гликоалдехид во огромeн облак од гас и прашина близу до центарот од нашата галаксија беше откриен од научниците користеќи го радио телескопoт на Националната фондација за наука, во Kitt Peak, Arizona.

„Откритието на овој шеќер во облакот од кој новите ѕвезди се создаваат, ја зголемува веројатноста дека хемиските „предвесници“ на животот се создаваат во слични облаци многу одамна пред планетите да се создадат околу ѕвездите“ вели Jan M. Hollis од NASA Goddard Space Flight Center во Greenbelt, Mериленд. Hollis заедно со Frank J. Lobac од Универзитетот во Illinois и со Filip P. Jewel од National Radio Astronomy Observatory во Green Bank, своите резултати ги публикуваа во Astrophisical Journal Letters.

„Ова откритие би можело да биде клучно во објаснувањето за создавањето на животот во раната историја на нашата планета“ објаснува Jewell. Условите кои владеат во ѕвездените облаци може, во некои случаи, да ce слични на условите кои владееле во почетокот на создавањето на Земјата, така што изучувајќи ја хемијата на ѕвездените облаци може да им помогне на научниците да сфатат како био-молекулите ја создале раната историја на нашата планета. 

Гликоалдехидот е осум атомскa молекулa составенa од јаглерод, кислород и водород, може да стапи во реакција со други молекули и да изгради многу посложени шеќери: рибоза и глукоза и сл. (Рибоза е градбена единка на нуклеинските киселини како што се DNA и RNA, кои го пренесуваат генетскиот код на живите организми. Глукозата е шеќер кој се наоѓа во овошјето). Гликоалдехидот ги содржи сосем истите атоми, иако со различна молекулска структура, како што е метил формалдехидот и оцетната киселина и двете соединенија претходно се откриени во ѕвездените облаци. Гликоалдехидот е едноставна молекула и спаѓа во истото семејството со шеќерот за готвење, научниците обично така го поистоветуваат.

Шеќерот беше откриен во огромниот облак на гас и прашина кој се наоѓа оддалечен 26.000 светлосни години, близу до центарот на нашата галаксија. Таквите облаци се материјал од кој новите ѕвезди се формираат. Иако многу ретки според „Земјени стандарди“, овие ѕвездени облаци се места каде се случуваат комплексни хемиски реакции во текот на милиони години. Досега, околу 120 различни молекули биле откриени во тие облаци. Повеќето од молекулите содржат мал број на атоми, и има само неколку, типови молекули со осум или повеќе атоми што биле пронајдени во ѕвездените облаци.

„Пронаоѓањето на гликоалдехидот во еден од тие облаци значи дека такви молекули може да бидат создадени дури и во вaкви услови“ изјави Hollis. “Ние сеуште немаме објаснение како тие се формирале таму“. Kомбинирање на многу вселенски истражувања и теориска хемиска работа ќе бидат потребни за да се разреши мистеријата за начинот на кој овие молекули се создаваат во вселената.

„Ние се надеваме дека ова откритие ќе ги обнови напорите за да се најдат уште повеќе видови на молекули, со што ќе се добие подобра, појасна идеа за целата слика, ние дури би можеле и да донесеме и извесни заклучоци за деталите на пребиотичката хемија во ѕвездените облаци“ - Hollis изјавил.

Молекулите беа откриени со детекција на слаби радио сигнали од молекулите на шеќерот во ѕвездениот облак. Молекулите ротираат, и како што ја менуваат ротационата енергетска состојба од една во друга, тие емитираат радиобранови со точни фреквенции. "Семејството" на радио фреквенции емитирани од различни молекули формираат се карактеристични за секоја молекула. Овој факт научниците го искористат за да идентификуваат за каков тип на молекули станува збор.

Користениот телескоп е еден од првите кои се направени за детекцијата на молекули во вселената. Изграден во 1967 година, ги направи првите откритија на повеќе молекули за кои денес знаеме дека постојат во вселената. Вклучувајќи го тука и првото откритие за јаглерод моноксид, инаку, денес широко користен факт од астрономите како показател за означување на местата каде се формираат ѕвезди. Во биска иднина се планира да се престане со експлоатација на овој телескоп и на негово место да се изгради нов.

Превод: Светлана Костова

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4797 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4776 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4739 посети)
Приказна за сапунот (4718 посети)
Љубов или хемија? (4716 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4716 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5830 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (5829 посети)
Academic Earth (5827 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (5825 посети)
British Antarctic Survey (5825 посети)
Beer's Law (5825 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4677 посети)
Карикатури (4650 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4638 посети)
Словенската и хемиската писменост (4638 посети)
Станувајќи алкохол (4636 посети)
Бисери на мудроста (4629 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net