350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Љубов или хемија?

Вечната мистерија љубовта, била и се уште е инспирација на многу поети, сликари, музичари... Сите се труделе да ја опишат, дефинираат и овековечат во своите дела. Сигурно мислите дека оваа тема ја дискутираат само уметниците и не очекувате дека со мистеријата на љубовта можно е да се занимаваат и научниците, на пример хемичарите, затоа што сигурно поимот за љубов и романтика не можете да ги споите со науката. Можеби многу пати ве зачудила и онаа изрека што вели "за да има љубов мора да има хемија" и сте се запрашале како љубовта може да биде хемија. Со прашањето за љубовта научниците почнале да се занимаваат уште многу одамна, правејќи напори да ја проучат биохемиската основа на љубовта, односно да дојдат до одговорот на прашањето за тоа на што се должи привлечноста меѓу две лица од спротивниот пол. Немојта да мислите дека научниците немаат никакаво чувство за романтика и не веруваат во Аморовите стрели. Тие сметаат дека Аморовите стрели навистина делуваат и предизвикуваат романтично и убаво расположение ако нивните врвови се потопени во фенилетиламин. Иако овој хормон е познат од многу одамна, во поново време е откриено дека тој заедно со уште неколку други хормони се главните причини за чувството на заљубеност.

Значи, овие чувства потекнуваат од хемиските супстанци што ги лачат жлездите и меѓусебната привлечност се јавува како резултат на низата хемиски реакции што се случуваат во организмот. Лачењето пак на овие супстанци, секако е резултат на надворешни дразби кои што организмот ги прима. За да љубовта биде возвратена, потребно е при средба вакви хемиски реакции да се јават и на двете страни. Така, при некоја пријатна средба најпрво почнуваат да се лачат ендорфините хормони. Овие супстанци имаат еуфорично влијание што предизвикува чувство на среќа. Во исто време започнува и лачењето на други хормони кои се вклучени во "љубовната" хемиска реакција и кај лицето кај кое се случуваат овие реакции се забележува забрзано чукање на срцето, црвенила на образите, сушење на устата, честопати зборовите му бегаат од уста и мислите се губат, му се тресат колената... Од ендорфините хормони најзначаен е фенилетиламинот кој слично на амфетаминот го намалува апетитот и потребата за спиење, карактеристични симптоми кога сте заљубени. Во чудесниот "љубовен" коктел заедно со фенилетиламинот се наоѓаат и окситоцинот, вазаопресинот, како и тестостеронот (кај мажите) и естрогениот хормон (кај жените). Нивното појачано дејство го предизвикува чувството за сакање и приврзаност кон одредена личност.

Окситоцинот е претежно женски хормон. Тој ги регулира контракциите на матката во текот на бременоста. Познат е илјадници години наназад затоа што е доста распространет во природата. Го има во растенијата како што е индискиот коноп (марихуаната). Овој хормон делува релаксирачки и го намалува стресот, но исто така ја намалува и способноста за размислување и одлучување, што всушност и навистина се случува кога сте заљубени. Исто така ја зголемува и желбата за потомство. Концентрацијата на окситоцин во крвта се зголемува со текот на годините. Физичкиот контакт со одредена личност го зголемува лачењето на окситоцин.

Вазопресинот за разлика од окситоцинот е типично машки хормон и како и адреналинот стимулира на борба или освојување на спротивниот пол. Овој хормон исто така помага и при запазувањето на нови работи, го зголемува вниманието, концентрацијата и памтењето. Алкохолот и марихуаната го намалуваат нормалното лачење, а кокаинот и LSD го уништуваат и во тие случаи изоставува неговото дејство. Намаленото количество на вазопресин доведува до слабо искористување на водата во организмот.

Фенилетиламинот е супстанца која ја потпомага брзината на проток на информации меѓу нервните клетки и ја намалува вообичаената концентрацијата на окситоцин и вазопресин. Предизвикува возбуда, вртоглавица, чувство на збунетост и чувство на привлечност. Повишените количества на овој хормон се виновни за чувството на силна заљубеност, опсесија и поврзаност со партнерот, а во отсуство на саканата личност болка и агонија. Се смета дека во мали количества овој хормон е присутен и во чоколадата.

Пријатното дејство на "љубовниот коктел" многу од научниците го споредуваат со степенот на најголемо задоволство кај уживателите на дрога. Можеби од тука потекнува и онаа изрека дека љубовта е дрога. Токму за тоа кога сме навистина вљубени посакуваме тоа чувство да трае и да трае... Но што вели за тоа хемијата? Дури и кога концентрацијата на овие хормони би била максимална во текот на целиот живот, органиозмот полека ја губи осетливоста, а со тоа и доживувањето на љубовта се намалува. Испитувањата во кои биле вклучени 5000 испитаници од 37 различни култури покажале дека концентрацијата на овие хормони се намалува по истекувањето на 18 до 30 недели и тој однос понатаму не се зголемува. По тоа доаѓа клучниот момент кога партнерите, или се разделуваат, или решаваат да останат заедно и љубовната врска постепено поминува во навика.

Можеби некогаш и ве зачудува кога ќе видите како некоја не толку атрактивна личност, која истовремено не е ниту толку шармантна, успешно си пронашла свој партнер од спротивниот пол. Во што е тајната и што е тоа што го привлекува другиот партнер кај неа? Кои се тие дразби од надворешнат средина?

Тајната е во феромоните, невидливи и безмирисни хемиски супстанци. Во форма на гасовити супстанци се лачат преку порите на кожата и преку здивот и незабележително допираат до организмот на оние што се во нашата околина. Тие прават човекот да се чувствува добро без некоја посебна причина. Се вели дека оваа хемиска реакција е единствениот начин да се опише љубовта на прв поглед. Секоја нова средба со личноста чии феромони не освоиле постепено ни ствара зависност на начинот на кој зависност ствараат алкохолот и цигарите. Затоа не е чудно ако некој рече дека неможе да живее без некого. Се почесто се тврди дека луѓето како и повеќето животни лачат и детектираат феромони. Научниците веруваат дека кај цицачите постојат два вида на феромони. Првиот вид предизвикува промени во ендокриниот состав кај животните што ги примаат, а вториот вид го предизвикува специфичното однесување, односно привлечноста.

Феромоните што ги испраќа човечкиот организам, делуваат на оној дел од мозокот кој ја контролира социјалната, сексуалната и внатрешната привлечност. Како последица на дејството на вашите феромоните, останатите луѓе во вашата близина почнуваат да ве доживуваат како интересна, пријатна и привлечна личност. Вие само треба да сте пријателски расположени према околината, а останатото ќе го направат феромоните. Најпозната особина на феромоните е предизвикувањето на привлечност кај спротивниот пол, а доколку феромоните меѓусебно не се сложуваат се јавува одбивност.

Животните свесно ги детектираат феромоните и со помош на таквата комуникација ја заменуваат вербалната. На тој начин женката го препознава мажјакот за парење, ја означуваат територијата...Еволуцискиот развој не дозволува луѓето свесно да ги препознаваат феромоните иако се особено битни за привлечноста меѓу половите.

Повеќето цицачи ги детектираат феромоните преку олфаторниот систем (систем за детекција на мириси), или преку вомероназалниот орган. Прашањето дали ваквиот орган постои и кај луѓето научниците си го поставиле уште во 19 век. Истражувачите откриле дека длабоко во носната празнина постои остаток од ваквиот орган, меѓутоа неговата улога е да ги открива хемиските сигнали одвоено од олфаторниот состав. Кај животните постои алтернативен пат од вомероназалниот орган до мозокот, кој води директно до оној дел од хипоталамусот кој е одговорен за сексуалното однесување. Ова објаснува зошто хемиските супстанци кои се одговорни за привлечноста меѓу половите немора да имаат мирис. Она, што научниците не успеале да го докажат е постоењето на активни рецептори, ниту пак постоење на такви врски меѓу вомероназалниот орган со мозокот кај луѓето.

Постоењето на хемиските сигнали кај луѓето не е спорно, но ваквите хемиски сигнали кај нив вклучуваат мешавина од феромони и други мириси кои потекнуваат од различни извори (пот, урина, плунка...).

Научно феромоните се истражуваат веќе повеќе десетолетија наназад. Peter Karlson i Martin Lusher ги дефинирале уште во 1930 година феромоните како хемиски сигнали кои ги испраќаат различни животни. Самиот поим феромон потекнува од два грчки збора pherein (носи, пренесува) и hormon (поттикнува, возбудува). David Berliner и неговите соработници од универзитетот во Utah докажале дека и луѓето имаат функционален вомероназален орган и дека произведуваат феромони. Тие со мерење покажале дека постои електрична активност во ткивото на вомероназалниот орган за време на хемиска симулација, што значи дека клеткита на ВНО емитираат некакави сигнали. Исто така биле и изолирани неколку силни феромони од потта и другите телесни течности. Врз основа на ова заклучено е дека и кај луѓето постои некакава хемиска комуникација. Поради влијанието врз ендокриниот состав се смета дека феромоните би можеле да се применат и при решавање на проблемот на неплодноста.

Во 1986 година научниците успеале не само да изолираат феромони од човечкиот организам туку и да ги дефинираат. Утврдено е дека феромоните се назални дразби кои играат значајна улога во природната привлечност меѓу половите и зголемувањето на свеста за присуството на спротивниот пол. Така, и покрај она што се вели дека љубовта поминува низ желудникот, сега се знае и дека љубовта поминува низ носот. Феромонот кај мажите одговорен за привлекување на жените е наречен андростенон. Андростенонот кај жените не само што дејствува како афродизијак, туку е и главниот виновник за тоа што одредени личности многу лесно склопуваат пријателства и бргу стануваат популарни во друштво. На некои мажи навистина многу бргу им успева да ја освојат секоја жена, благодарение на андростенонот. Она што претставува проблем е користењето на разни козметички препарати кои со своите јаки мириси ги прекриваат ефектите на феромоните. Мал е бројот на луѓето кои произведуваат достатни количини на феромони кои можат да се присутни во достатни количини за да предизвикаат реакција и покрај сите овие препарати.

Од неодамна се пронајдени и начини за синтеза на феромони кои делуваат како природни афродизијаци и оваа тема почнала да предизвикува особен интерес, како во науката, така и во медиумите. А што се се случва на пазарот? Феромонските препарати веќе некое време се присутни на пазарот во Америка, а кога се работи за материјална добивка и профит не заостанува ниту нивната злоупотреба. Во САД, во весниците и на ТВ присутни се многубројни огласи и реклами за некој нов феромонски препарат. Овие препарати на пазарот се присутни во најразлични облици: колонски води, дезодоранси, сапуни, масла за тело и лосиони чија примена гарантира зголемена привлечност кај спротивниот пол. Во некои случаи се работи за компании кои продаваат мешавина од повеќе типови на феромони од анимално потекло помешани со ефтини миризливи колонски води, кои не само што кај луѓето немаат дејство, туку и силните мириси го уништуваат нивнито дејство. Некои други произведувачи пак, продаваат синтетски феромони на кои се додадени разни миризливи води со потекло од тропските краишта, кои веќе со векови се користат како природни афродизијаци. Конкуренцијата на пазарот од ден на ден се зголемува.

И сигурно се прашувате што е со проблемот за вечната љубов и што може да се извлече за тоа од хемијата?

Љубовта останува вечна само ако никогаш не е возвратена. Но, кој знае можеби еден ден модерната биохемија ќе понуди и решение за љубовните проблеми. Замислете, по неколку години можеби на пазарот и ќе се нудат лекови против несреќна љубов, или пак ќе се развие хормонална терапија со чија помош би можеле да останеме вечно заљубени.

Маја Димитриевска

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net