Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Подредување на молекулите



aligned molecules
Phys. Rev. Lett. 84, 2742 (2000)
Подредување на молекулите. Молекули од течниот кристал (елипсоиди) во магнетно поле ги принудуваат одгнаските милекули (паралелопипеди) да запазуваат одредена ориентација при поврзувањето со површината на

Растењето на високо ориентирани тенки филмови од молекули е работа споредливо тешка со подредувањето на стадо овци во ред. Но научниците изгледа конечно го најдоа вистинското куче овчар. Со примена на течни кристали успеале да ги подредат молекулите во организиран цврст филм. Како што е покажано во Phys. Rew. Lett. 84, 2742, припремен бил раствор од органски молекули во течен кристал, а за "комуникација" со течниот кристал користено е магнетно поле, со што е добиен филм од молекули со невидена униформност. Ваквите униформни молекулски материјали наоѓаат примена во високоосетливи електронски уреди кои користат јаглерод наместо силициум.
Создавањето на ваков материјал е навистина тешка задача. Истражувачите претходно ги имале испорбано 'своите сили' во создавање на цврсти материјали од силициум кои се создаваат атом по атом, но ова е прв успешен обид на создавање на цврст материјал по принципот молекула по молекула. Растењето на различни органски филмови вклучува екстремни (и скапи) услови, обично високи температури и многу висок вакуум... на крај повторно... материјалот обично нема импресивни карактеристики-молекулите се ориентирани во сите насоки.
Новата метода развиена од David Patrick и соработниците од Western Washington University, го разреши проблемот со скапите услови и нискиот квалитет на добиените филмови. За секоја од органските супстанци со кои тимот работел, била користена иста постапка, а таа се состои во растворање на супстанцата во загреан течен кристал (на 100 °C) кој се наоѓа во сад на чие дно се наоѓа графитна површина. Во присуство на магнетно поле честичките на течниот кристал се ориентираат во насока на полето, потоа се почнува со ладење на растворот. Намалувањето на температурата ги принудува органските молекули да се закачат на графитната површина, Притоа силно чувствувајќи ја врз себе ориентацијата на честичките на течниот кристал кои не се привлекувани од графитната површина.
Органските молекули кои го сочинуваат ваквиот филм со дебелина од една молекула на површина од 1 cm2 униформно се подредени под агол, од најмногу 10 степени, а ориентацијата на молекулите се задржува и после исклучување на полето. Patrick вели дека конвенционалните методи даваат толку лоша униформност што воопшто не се пристапувало кон мерење на подреденоста на молекулите. "Нема со што да ги споредиме нашите резултати" вели тој. Ваквите филмови се уште не можат да се користат за производство на електронски уреди, но укажуваат на можноста од користење на течни кристали за добивање на униформни филмови.
Аланитичарите сметаат дека филмовите добиени на ваков начин ќе најдат широка примена во иднина, но секако, потребни се уште многу години за да може уредите добиени со користење на вакви материјали да станат комерцијално достапни. 

Извор: Formation of Uniaxial Molecular Films by Liquid-Crystal Imprinting in a Magnetic Field; Joseph D. Mougous, Andrew J. Brackley, Katherine Foland, Robert T. Baker, и David L. Patrick Phys. Rev. Lett. 84, 2742 (20 март 2000)

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4907 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4907 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4901 посети)
Приказна за сапунот (4842 посети)
Љубов или хемија? (4840 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4808 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net