350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Приказна за сапунот

    Почетоците на сопствената хигиена водат потекло уште од старо време. Откако водата е неопходна за живот, нашите предци живееле близу до водите и знаеле нешто во врска со правилата за чистота, т.е. барем знаеле да си ги исплакнат раце од кал.

    Состојки слични на сапун биле пронајдени во глинените предмети кои се ископувале во близина на древниот Вавилон. Со тоа се докажува дека тие веќе знаеле да прават сапуни порано од 2800 пред нашата ера.. Формата, изгледот на самиот сад укажува на тоа дека мастите биле загревани заедно со пепелот, кој воедно е и метод за добивање, меѓутоа не ја потврдува и целта за правењето на сапунот. Такви материи подоцна биле користени како додатоци за уредување на косата.

    Податоците укажуваат дека старите Египјани се бањале редовно. "Еберсовиот папирус"-медицински документ кој датира од 1500 г.п.н.е. опишува комбинација со животински и растителни масла со алкални соли за да се создаде нешто слично на сапун кое било користено како лек за санирање на кожни болести или за бањање.

    Во приближно исто време Мојсеј им дава детали на Израелците т.е. подробни правила за тоа како тие да се грижат за сопствената хигиена. Тој исто така ја поврзува чистотата со здравјето и со светата чистина. Податоци од библијата покажуваат на тоа дека Израелците знаеле да мешаат масла и пепел и да произведуваат сапуни слични како гел за коса. 

    Старите Грци се бањале поради естетски причини и очигледно не користеле сапуни. Наместо тоа ги чистеле своите тела со парчиња глина, песок, пемза (шупливи камења од вулканско потекло) потоа се премачкувале со масла и го симнувале маслото и нечистотиите со метални инструменти познати како стружалки. Тие исто така користеле и масла со пепел. Облеката ја переле без сапун во потоците.

    Сапунот го добил своето име по една древна легенда од старите Римјани, од планината Сапо каде животните ги принесувале како жртви. Дождовите ги промивале мешавините од смелената животинска маст или сало и шумските пепели, а сето тоа се мешало со глинена земја, а сето тоа се испуштало по коритото на реката Тибер. Жените откриле дека таа глинена мешавина им го прави ефектот од перењето поголем, а исто време и со помал напор.

    Како Римското царство растело, напредувале и навиките за лична хигиена. Едни од првите Римски бањи се снабдувале со вода од нивните водопадите и биле изградени во 312 во н.е. Грчкиот лекар Гален го препорачал сапунот за медицински но и за хигиенски цели.

    По паѓањето на Римското царство во 467 година од н.е. резултира со опаѓање на навиките за бањање. Во поголемиот дел од Европа се чувствува пораст на нечистотијата како резултат од ударот. Тој недостаток на индивидуална хигиена надополнет со несоодветни санитетски услови на живот се продолжение за тешка беда и пропаст во средниот век, а особено за време на големата чума (црна смрт) во 14 век. Се до 17 век кога чистењето и бањањето почнуваат да влегуваат во мода во поголемиот дел од европа. 

    Сепак сеуште има области во светот каде сопствената хигиена останала главна. Секојдневно бањање е заеднички обичај во Јапонија за време на средниот век, а исто така и во Исланд има заеднички базени со топла вода од топлите природни извори кои биле популарни места на собирање и забави во саботните вечери.

    Производството на сапун како занает бил основан во Европа во 17 век. Здружението на произведителите на сапун нивните тајни за производство ги чувале себично за себе. Растителни и животински масти биле користени со супстанци од растенијата, заедно со други ароматични состојки. Постепено, повеќе разновидни сапуни можело да се набават за бричење, миење на коса, како и за бањање и перење на алишта.

    Италија, Шпанија и Франција биле рани центри за производство на сапун, тие се здобиле со право да ги надополнат производите со ретки состојки како што е масло од маслинови дрва. Англичаните започнале со производство на сапун уште во 12 век. Бизнисот со сапун бил толку добар што уште во 1622 година кралот James I донел одлука за донација во монополот со сапун од 100 000 $ годишно. Но во 19 век сапунот бил многу оданочен во групата на луксузни производи во многу земји. Кога високите такси биле укинати сапунот станал достапен и за обичните луѓе, а стандардите за чистота се подобриле. Комерцијалното производство на сапун во Американските колонии започнала во 1608 година со доаѓањето на неколкумината производители кои дошле со вториот брод кој тргнал од Англија за да пристигне во Jamestawn V.A. како и да е многу години произодството на сапун се задржало неопходно во домаќинството т.е. семејството. Можно е, професионалното птроизводство да започнало со редовното собирање на отпадните масти, од семејствата, а во замена им било нудено сапун. 

    Поголем чекор во правец на големо комерциално производство на сапун датира од 1791 година кога францускиот хемичар Николас Лебланк го патентирал процесот за производство на сода прав, или содиум карбонат од заедничката сол. Сода правот е алкалија која се добива од прашокот кој се комбинира со мастите за да се добие сапун. Лебланковиот процес вклучува производство на квантитети со добар квалитет од ефтиниот сода прав.

    Науката на модерното производство на сапун го постигна својот сјај 20 години подоцна со откритието на Michael Eugene Chevreul, исто така французин, од хемиска поврзаност со масти, глицерин и масни киселини. Неговите проучувања беа публикувани и се база на хемиска формула на сапунот.

    Исто така многу важен придонес кон сапунската индустрија бил во средината на 18 век откритието на Белгискиот хемичар Ернест Солвеј со амониумовиот процес, кој исто така ги користел заедничките соли за да создаде сода прав. Солвеовиот процес придонел за редуцирање на цената за добивање на овие алкалии и воедно пораст на двете квалитет и квантитет на сода правот и сега лесно можел да се набави при производството на сапун.

    Хемиското производство на сапун останало исто воглавно се до 1916 година, кога првиот синтетички детергент бил пронајден во Германија како одговор на Првата светска војна, поврзано со недостаток на масти за производство на сапун. Познат денес едноставно како детергент, синтетичкиот детергент не е сапун за чистење и перење кој бил "синтетизиран" туку е составен од различни суровински материјали. Откритието на детергентот било исто така поврзано со потребата за делотворно средство за чистење, слично на сапун, кое не се згрутчува со минералните соли од водата и формира нерастворливи супстанции познати како сапунски остаток.

    Производството на детергент за домаќинство во USA започнало во почетокот на 1930 но не доживеало вистински подем се до крајот на Втората светска војна. За време на војната прекинот со снабдување со масти и маслени залихи како и потребите на војската за хигиена биле причина за работа во минерално богатите морски води и во ладната вода која ги стимулирала идните пронаоѓачи истражувачи на детергентот.

    Првите детергенти биле употребувани исклучиво за рачно миење на садови и за фабричко перење. Пробивот на развојот на детергентите за општо наменското перење е извршен во 1946 година кога првиот синтетички детергент изграден од сурфактант, градбена комбинација бил претставен во USA. Сурфактантот е детергентски производ базиран на состојки за чистење, додека градивната компонента му помагала на сурфактантот за поголема ефикасност. Фосфатните соединенија користени како градивни компоненти кај овие детергенти значително ги подобриле перформансите, правејќи ги нив порастворливи за читење на многу извалканите алишта.

    Од 1953 година продажбата на детергенти во оваа земја ја надминала онаа на сапуните. Денес детергентите целосно ги имаат заменето сапуните, за перење, миење на садови и чистење во домашинството. Детергентите (само или во комбинација со сапуните) се исто така присутни и може да се најдат во голем број на течности кои служат за персонална хигиена.

    Натамошното производство на нови детергенти продолжило во правец на добивање на производи за чистење кои се ефикасни и лесни за употреба, а исто така е намалено и штетното дејство врз потрошувачите и проиродната околина. 

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4766 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4682 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4681 посети)
Љубов или хемија? (4677 посети)
Приказна за сапунот (4671 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4663 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4641 посети)
Карикатури (4623 посети)
Станувајќи алкохол (4613 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4612 посети)
Словенската и хемиската писменост (4612 посети)
Бисери на мудроста (4600 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net