Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Дали е можно да се поврати исчезнатиот свет на фараоните

(DNA и клонирање на мумиите)

Техниките за испитување на мумиите во последните години постојано се усовршуваат. Неверојатен чекор напред во оваа макотрпна работа направи екипа научници од Cambridge, која успеала да изолира DNA од рехидрирано тело на една мумија. Така древниот Египет, благодарение на култот на балсамирањето на телото, претставува најбогат извор на DNA материјал од Стариот свет. 

Маската на Тутанкамон

Маската на Тутанкамон

Денес нема потреба од отворање на саркофагот за да се дознаат деталите во врска со тоа, чие тело лежи таму: пол, возраст, од што боледувал и многу други работи. DNA ни дава одговор на бројни нејасни и нерешени загатки, како на пример кои биле фараоните, да се разјаснат нивните роднински врски, да се утврди на кое кралско семејство припаѓале и сл. Експертите се надеваат дека на ваков начин би ја разрешиле и мистеријата една од најинтересните личности во египетската историја, фараонот Аменофис IV (14 век п.н.е.) познат по еретичкиот монотеизам кон богот Атон во државата во која до тогаш им се оддавало чест на над три илјади богови. Ова по многу нешта необична личност ги привлекува вниманието на многу историчари и истражувачи кои трагата по неговиот гроб, иако е можно оваа мумија веќе да се наоѓа во некој музеј. Одговор на ова прашање може да даде само DNA.

DNA може да разреши и една друга историски дилема која ја поттикнува фантазијата на истражувачите, а тоа е дали наследникот на Аменофис, фараонот Тутанкамон бил всушнос жена. Ова прашање го покренал еден американски научник кој својата поставка ја базира на стилските обележја на статуите зачувани во гробницата заедно со два фетуса на возраст од пет и девет месеци. До денес не е најден одговор на прашањето дали се работи за негови неродени деца или тие фетуси се положени во гробницата од верски причини. Најголемиот проблем во овој случај е тоа што оваа мумија била загревана на 500 °Ц за да се одвои од саркофагот за кој се прилепила. Што значи и дека самата DNA е доста оштетена.

Постапка за добивање на DNA е многу едноставна. Со помош на заштитни ракавици и маска за лице со кои се спречува можното мешање на DNA од истражувачот, потребно е да се извлече мало парче ткиво. Како дополнителна мерка на претпазливост се зема и примерок од косата на сите кои учествуваат во истражувањето. Инаку, најдобар извор на DNA е забот, бидејќи има природна заштита од сите видови влијанија, вклучувајќи и заштита од космичкото зрачење. После земањето на примерокот започнува макотрпна лабораториска работа.

Сепак едно е да се изолира и карактеризира DNA, а сосема друго да се добие нејзин клон. Некои од експертите ја застапуваат теоријата дека тоа е можно само доколку се најдат совршено сочувани клеточни јадра кои би овозможиле клонирање на сличен начин како што тоа било направено кај овцата Доли. Но, мумиите во текот на изминатите векови изгубиле огромно количество DNA и тешко е да се поверува дека на овој начин, барем за сега, можно е да се поврати исчезнатиот свет на фараоните.

Превод: Маја Димитриевска

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5251 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5235 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5201 посети)
Приказна за сапунот (5114 посети)
Љубов или хемија? (5100 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (5075 посети)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4986 посети)
Карикатури (4940 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4940 посети)
Станувајќи алкохол (4929 посети)
Словенската и хемиската писменост (4921 посети)
Бисери на мудроста (4889 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net