350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Големиот град со многуте светилки (или двата града на убавиот син Дунав)

Постојат луѓе кои можат да се вљубат во местото со само еден мал поглед. Други, пак, по подолго време откако убаво ќе го запознаат големиот град се приврзуваат кон него, но во едно, сепак, сите се сложуваат: Будимпешта е град кој се наоѓа на едно од најубавите места во светот. Широкиот Дунав тече низ средината на оваа метропола со два милиони жители и ја дели ридестата Буда од рамната Пешта. Панорамата на Дунав е под заштита на UNESCO, а за да знаеш зошто треба самиот да ги видиш: познатата област на дворци на Buda Hegy со прекрасните Budavari Palota, повеќе од 700 години старата Szt.Matyas Templom (црква во која се изведувале крунисувањата и кралските венчавки), Haliaszbastia, познатиот Gellert Hegy во самиот центар на градот кој се издигнува високо над Дунав (235 m надморска височина), богат со извори на лековита води и представува природен резерват, Parlament (најголемиот во Европа) кој се протега во должина од 268 m покрај брегот на Дунав од страната на Пешта и величествениот Szecheney lanchid (мостот на лавовите) кој ги поврзува двата града. Градот особено впечатливо изгледа во предвечерјата кога безбројте светилки се палат и ги осветлуваат сите овие знаменитости... како да се позлатени.

Кон која категорија на луѓе припаѓам јас незнам ни самата, бидејќи на почеток со првиот поглед се вљубив во големиот град, а подоцна по скоро двомесечниот престој кога убаво го запознав толку многу се приврзав.

SERVUS BUDAPEST!

Пристигнав во Будимпешта рано наутро, додека градот сеуште спиеше, а Сонцето само што беше почнало да ги подава своите зраци да го погали и разбуди, да го потсети дека денот што доаѓа е еден од најважните унгарски празници, денот на Szt. Istvan (Sv. Stefan) големиот унгарски крал кој издејствувал независност на Унгарија, а народот толку многу го сакал што дури и го прогласил за светец. До тогаш за Будимпешта знаев само од разгледниците, ТВ репортажите и туристичките брошури, но додека автобусот со кој патував минуваше по мостот на Слободата (Szabadzag hid) уште познат и како Зелениот мост, а потоа и по прекрасниот популарно наречен Белиот мост-мостот на кралицата Елизабета (Erszebet hid) и... наоколу почнав лека полека да ги распознавам обележјата на Будимпешта... сватив дека не сонувам. Градот полека почнуваше да се буди, а пред мене беше предизвикот: "Снајди се во големиот град". Во случајот со Будимпешта не верувам дека тоа би било проблем за било кој, бидејќи сите места (улици, плоштади, цркви, паркови итн.) се убаво и уредно означени, а јавниот градски превоз функционира со голема точност и без гужви и турканици. Веднаш го најдов студентскиот дом каде се сместив, а таму се сретнав и со уште триесетина студенти од различни делови на светот И со кои ги поминав наредните два месеци во Будимпешта.

БУДИМПЕШТА И HEMIJA.NET?

А што всушност барав таму и каква врска тоа има со Hemija.net? Причината за мојот подолг престој во овој град, еден од најубавите во Европа беше 6 неделната стручна пракса на Техничкиот факултет во Будимпешта која ја добив преку IAESTE Македонија, меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети. Во текот на тие 6 недели имав убава и ретка можност да учествувам во работата на еден голем проект од областа на аналитичката хемија и заштитата на животната средина. Праксата ја извршував во лабораторијата за електрохемија на Институтот за општа и аналитичка хемија при Техничкиот факултет. 

Целта на проектот е развој на сензори за набљудување и мерење на загадувањето на воздухот и водата. Во рамките на овој проект опфатени се развој на повеќе типови на сензори: оптички, QMB (quartz micro balance), сензори кои се базираат на јоноселективни електроди, микроелектроди, различни типови на биосензори итн.

Важноста на контролата на нивото на различни загадувачи во природните водотеци и водата за пиење во последните неколку години, предизвикува особен интерес за развојот на сензори за детекција на тешки метали. Особено голем интерес предизвикува употребата на јоноселективни електроди за детекција на олово, а за таа цел потребно е да се изучуваат и многу потенцијални лиганди кои можат да градат комплекси со овој метал.

Мојата работа беше изучување на јоноселективните PVC мембрански електроди за определување на олово, како и изучување на методите и техниките на работа кои се применуваат за тоа. Работата опфаќаше приготвовање на PVC мембрани и приготвување на електродите. Приготвените електроди се оставаат 24 часа да се стабилизираат во раствор за кондиционирање, а потоа со помош на потенциометриски мерења се врши нивна калибрација и се определува нивната граница на детекција и селективноста во однос на други метални јони. Добиените резултати покажаа дека електродите што ги припремавме можат да се користат за детекција на олово во граници од 10-2 М до 10-7 М. Овие резултати може да се каже дека се подобри од оние кои се наоѓаат во литературата, а се движат во граници од 10-2 М до 10-6 М . Од мерењата за селективноста на електродите се покажа дека електродата е најосетлива за детеквија на олово, а друг јон кој веднаш после оловниот со помала осетливост може да се определи е натриумовиот.

Вака напишано можеби изгледа едноставно, но кратко и не доволно јасно.

Она што можам да го кажам е дека не секогаш работата беше многу едноставна, особено кога ја работи почетник кој нема претходно работно искуство или некое предзнаење од таа област. Особено тешко беше првата недела кога мораше да се апсорбираат доста нови теориски сознанија со што требаше да го совладам почетниот минимален квантум на знаења со кој услешно би се вклопила во работата... а надвор температурата беше само 40 °С, а влажноста на воздухот голема. Тешко не толку поради жештината, туку повеќе од восхитот кој ми го нудеше прекрасниот поглед кој го имав од прозорецот на лабораторијата во која работев и постојано ме мамеше надвор. Може да се каже тоа дека работно место беше на една од најатрактивните локации - во центарот на Будимпешта, на познатиот Gellert ter, веднаш до прекрасниот Gellert Hotel подигнат на подножјето на Gellert Hegy и кој толку автентично се вклопува во околината што и самиот изгледа како карпестиот дел од ридот, на самиот брег на Дунав веднаш до мостот на Слободата . Отспротива, пак, на другата страна на Дунав, една исто така прекрасна градба Факултетот за економија, а некаде во далечината се забележуваа и најмаркантните обележја на Будимпешта Parlament и Szecheny lanchid.

ВРЕДЕШЕ ЛИ ДА СЕ РАБОТИ НА ТАКВА УБАВИНА?

Но, и покрај се секој ден од 9 наутро па се до 5 попладне, а некогаш и до малку (или повеќе) подоцна морав да заборавам на околината и да се посветам на работата. Откако го совладав теоретскиот дел почнав да работам и на експерименталниот дел, кој го сметам за особено значаен за моето работно искуство бидеќи ми помогна да се здобијам со огромна вештина при работењето на поедноставни задачи во лабораторијата и ракувањето со лабораторискиот инвентар и инструментите. За разлика од останатите практиканти кои во тој период беа во Будимпешта и за кои работниот ден траеше многу пократко и без некои посериозни обврски, јас вистински можев да почуваствувам како е да се работи во една голема научна и образовна институција како што е Техничкиот факултет во Будимпешта. Таму се здобив со едно огромно и вредно искуство кое ми помогна да сватам дека со многу упорност и трпение во работа, како што бара научната работа се постигнуваат добри резултати. Во текот на целата работа се не се одвиваше идеално и многу пати резултатите знаеја да изненадат или пак да се појават проблеми како што се недостаток на инвентар, хемикалии или пак неисправност на инструментот, па така се до мојот последен работен ден резултатите беа неизвесни. Дека на крај се добро се заврши и за тоа што се беше постигнато во текот на мојот престој на факултетот во Будимпешта, сватив последните денови кога го подготвував мојот извештај .

...А ПОСЛЕ РАБОТНОТО ВРЕМЕ... HALLO LOVELY PEOPLE!!!

По завршувањето на работното време имав доволно време за дружење со останатите практиканти (lovely people, a taka gi narekol nekoj {to bil tamu pred jas da odam, pa taa mala re~enica ja zad`avme i ja prenesuvame ponatamu) i разгледувања на Будимпешта. Забавниот дел си го организиравме самите со одење на кино, опера, во некој од многуте музички клубови, кафулиња, дискотеки, а некогаш и на многу едноставен начин - во кујната на студентскиот дом со приготвување на интернационални вечери. Не оставививме, а да не ги видиме и оние места кои петходно ги спомнав кога ви кажував за убавата панорама на Дунав и погледот од прозорецот на лабораторија во која работев. Покрај тоа Будимпешта е и неисцрпна фонтана на културата со 223 музеи и галерии, 40 театри, 7 концертни сали, 2 опери, 54 кина, повеќе од 200 места за забава со различна понуда на програми и стотици културни настани, фестивали, паради... Да не ги заборавам и термалните бањи кои го релаксираат и телото и духот кај човекот, како и познатата луто зачинета унгарска кујна во која доминираат црвени и зелени пиперки, кромид, домати и познатите унгарски специјалитети: гулаш, пилешки паприкаш, Ѓундел палачинки, штрудлите со фил од вишни, унгарските вина...

Исто така имав и можност да ги посетам и помалите места во околината на Будимпешта. Го посетив и Szentendre ,мало место на брегот на Дунав ,познато и како уметничко село, единствено место во Унгарија каде може да се осети Медитерански дух. Кривулести улички, шарени куќички, црковни кули, работилници за сувенири, неколку мали музеи, ресторанти, кафетерии и слаткарници. Неможам ,а да не го споменам и Visegrad, главен град на Унгарија во 14 век ,со кралската палта која се издига високо на врвот од ридот и во чии реновирани соби во моментот има изложба која ја покажува историјата на дворецот, како и посетата на Годоло каде се наоѓа летната резиденција на кралицата Елизабета, позната како Сиси и императорот Франц Јозеф, познатата палата Grassalkovich Manson. 

VISZONTLATASTRA BUDAPEST, BYE LOVELY PEOPLE

Во секој случај, се вратив во Македонија побогата за едно огромно работно искуство, полн адресар со имиња на нови пријатели кои таму ги запознав и задоволна што покрај другото запознав дел од традицијата и културата на една друга европска земја и народ.

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4815 посети)
Карикатури (4787 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4768 посети)
Словенската и хемиската писменост (4767 посети)
Станувајќи алкохол (4763 посети)
Бисери на мудроста (4745 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net