Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Нивото на CO2 во атмосферата највисоко во последниве неколку милиони години

Концентрацијата на CO2 во атмосферата е најголемо во последните неколку милиони години, се вели во студијата извршена од научниците на University of Bristol и Imperial College, Лондон.

Д-р Paul Pearson од University of Bristol и професорот Martin Palmer од Imperial College извршиле мерења на концентрациите гасот кој е најодговорен за појавувањето на ефектот на стаклена градина за последните 60 милиони години.

Научниците при тоа користеле нова техника за реконструкција на „древните“ нивоа на CO2 во атмосферата. Техниката се состои во користење на остатоците од планктонските организми, кои некогаш живееле на површината на од океанот, за определување на кислеоста на морската вода. Познато е дека киселоста на површинската морска вода најмногу зависи од количеството на CO2 во атмосферата.

Денес концентрацијата на CO2 многу брзо се зголемува како последица на намалувањето на подрачјата покриени со шуми и користењето на фосилните горива. до 2100 година, се очекува, нивото на CO2 да го достигне нивото од пред 50 милиони години (период: Еоцен).

Во тој период немало мраз на половите, големи делови од континентите се наоѓале под вода, областа на денешен Лондон била прекриена со тропска прашума, а просечната температура изнесувала околу 25 °C (денес просечната температура изнесува околу 10 °C).

Професорот Палмер вели: „Ова не значи дека условите кои владееле во Еоценот ќе бидат одново создадени. Има уште многу непознати кои влијаат на периодичноста на климатските промени. Но, секако заканата од создавањето на 'свет без мраз' како во Еоценот не предупредува за тоа што може да се случи како последица на ефектот на стаклена градина.“

Лабораторискиот дел од работата на истражувањето е извршена во Department of Earth Sciences на University of Bristol и е финансиран од Natural Environmental Research Council (NERC).

Повеќе податоци за предвидувањата и последиците од ефектот на стаклена градина може да се најде официјалната страница на Intergovernmental Panel on Climate Changes (IPCC) ако го следите овој линк.

Kontakt: Joanne.Fryer@bristol.ac.uk

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net