Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Дали е ова молекула?

Дали мрежеста структура може да претставува молекула или е тоа парче од цврст материјал?

Во природата многу молекули може да се претстават како шестоаголник. Бензенот е наједноставната, има само еден шестоаголен прстен составен од шест јаглеродни атоми, секој поврзан со два нему соседни јаглеродни атоми и со еден водороден атом. Германскиот хемичар Фридрих Август Кекуле (Friedrich August Kekule) е првиот кој ја претпоставил ваквата структура на бензенот. Подолу се претставени неколку вообичаени начини на претставување на молекулата на бензенот.

Ако земеме два бензенови прстени и ги споиме така што тие да делат една заедничка страна ќе добиеме нова молекула: нафтален, а нафталенот изгледа вака

Постојат уште еден куп молекули сочинети од јаглеродни шестоаглоници. Да ја погледнеме следнава серија на линеарно поврзани прстени.

Бензен C6H6
Нафтален C10H8
Антрацен C14H10
Нафтасен

C18H12
Пентацен C22H14
итн.

...

Веројатно не го знаете името на следниот член на серијата, на молекулата сочинета од шест кондензирани прстени. Не ја знам ниту јас, но и не е битно, верувам дека може да замислете како изгледа. 
Сево ова е во ред, но да се обидеме сега да ги поврземе заедно бензеновите прстени, не во една, туку во две димензии. Молекулите кои на ваков начин ги добиваме изгледаат како овие кој се дадени подолу. И повторно сите претставуваат реални молекули.

Да ги погледнеме овие молекули малку повеќе "одблизу". Верувам и вие забележувате дека што повеќе прстени се кондензирани (на овој начин) толку е помал уделот на водородот во соединението. Па така последната од молекулите на претходната слика има половина помалку водороди одошто јаглеродни атоми, додека пак, бензенот има 6С и 6Н атоми. 
До каде може да стигнеме ако на ваков начин ги кондензираме бензеновите прстени?
Постои еден природен производ, веројатно недалеку од вас и во овој момент, кој е направен само од атоми на јаглерод подредени на ваков начин. Тоа е графитот, а може да го најдете во вашиот молив!

Едно мало зрно графит е направено од милијарди јаглеродни атоми подредени во слоеви токму како оној покажан на претходната слика. 
Долг е патот на промената од бензен (течност), преку нафтален (растворлива цврста супстанца) до графит (нерастворлива цврста супстанца). Графитот е добар спроводник за разлика од антраценот и нафталенот. Спроводливоста на графитот се должи на можноста на премин на електрони од еден на друг C атом. Таква можност кај молекулските цврсти супстанци на постои нивните единки имаат димензии од само неколку Ангстреми (10-10 m), додека кај графитот димензиите на единките се со ред на величина од 10-6 m ...но нели ви се чини дека многу бргу прескокнавме преку неколку реда на величина.

· Што постои помеѓу? 
· Колкаво е најмалото парче графит? 
· Дали постојат молекули со 100 или можеби со 1000 C атоми? 
· Дали може да изолираме само еден слој графит?
· Како може да добиеме линеарен полимер со формула C40002H20004?

Автор: Pedro Gómez-Romero

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4907 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4907 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4901 посети)
Приказна за сапунот (4842 посети)
Љубов или хемија? (4840 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4808 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net