Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Иднината е во квантните компјутери

Неодамна беше објавено дека истражувачите на IBM имаат создадено квантен компјутер, способен да ги решава, и најтешките задачи, со многу поголема брзина од конвенционалните компјутери.

Во основата на квантните компјутери се, што друго ако не, законите квантната механика. Квантизираноста на енергетските нивоа во атомите овозможила да се разработи идејата за потенцијалното користење на квантните битови (или скратено: кубитови. На англиски: qubits) во изработката на компјутерските процесори и меморија.

Научниците од IBM Research во San Jose, Stanford University и University of Calgary предвидуваат дека квантните компјутери ќе бидат широко достапни за околу дваесетина години. „Навистина, основните елементи на квантните компјутери се атомите и молекулите” вели Isaac L. Chuang кој го води тимот научници. Новиот квантен компјутер содржи пет кубитови - пет атоми флуор поврзани во молекула. Нуклеарните спинови на овие атоми може да се однесуваат како битови (може да преминуваат од една во друга состојба) и може да бидат програмирани со електромагнетно зрачење со фреквенции од радио брановиот дел од спектарот. Нивната состојба, пак, може да се детектира со NMR спектрофотометри.

Со употреба на „молекули“ тимот истражувачи успеал во еден чекор да го реши зададениот математички проблем на пронаоѓање на редоследот („order-finding“) кои конвенционалните компјутери го решаваат во повеќе чекори.

Во основа проблемот пронаоѓање на редоследот може да го разберете ако замислите многу соби и случајно поставени врати меѓу нив. Низ вратите може да се мине само во една насока. Некои од собите може да се и кружно поврзани, така што може да се вратите во истата соба. Успешното решавањето на проблемот се состои од враќање на стартната позиција, во што е можно помал број на обиди, и при тоа да се мине низ што е можно помал број врати.

Овој проблем квантниот компјутер го решава од еден обид и во само еден чекор, што инаку, не е случај со конвенционалните компјутери. Тие проблемот го решаваат во најмногу четири обиди.

Потенцијалите на квантните компјутери се огромни, напредокот постигнати во таа област е охрабрувачки, но предизвикот останува зашто IBM 5-qubit квантниот компјутер е сепак само истражувачки инструмент. Местото на комерцијалните квантни компјутери е некаде во иднината. Додека чекаме иднината да пристигне да се надеваме дека ќе имаме можност да и други истражувачки квантни компјутери.

Преземено од: http://www.ibm.com/news/

 Статии

најчитани
Минерали од Македонија на компакт диск (4946 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4943 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4934 посети)
Приказна за сапунот (4891 посети)
Љубов или хемија? (4875 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4835 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net