Водата не е за пиењe |
||||||||||||
![]() |
Кога во 1988 година во јужна Англија возач на камион по грешка истоварил 20 тони алуминиум сулфат во еден резервоар со вода, сигурно не можел да претпостави какви долгорочни последици неговата невнимателност ќе предизвика. Повеќе од 20 000 луѓе ја користеле водата од резервоарот, а денес многумина ги чувствуваат последиците. Во извештејот публикуван во British Medical Journal се вели дека губењето на помнењето и оштетувањата на мозокот кај населението од тој регион се во директна врска со инцидентот од 1988 година. Овие докази значат дека жртвите кои ги сносат последиците од овој еко инцидент и имаат помалку од 21 година, можат да започнат судски процес за исплата на обештетување и покрај одговорот постигнати во 1994 година кога на 184 лица им бил доделен надомест за претрпеното нарушување на здравјето во висина од 400 000 фунти (640 000 американски долари). Конзервативната влада на Велика Британија од тоа време, тврдела дека ефектите кои популацијата ги чувствува се повеќе од сугестивна природа, одошто резултат на некакви хемиски или биохемиски реакции. Новите истражувања, направени врз 55 пациенти, од нив петнаесет парови браќа и сестри кои не пиеле иста вода покажува забележителни разлики во здравствената слика. Жртвите страдаат од губење на памтењето, намалување на координацијата и намалување на коефициентот на интелигенција. „Конечно имаме и медицински докази“, вели Doreen Skudder, која инаку, има доста сторено за да запознавање на јавноста со инцидентот и со неговите последици. Членот на парламентот од тој дел на Англија, либералниот демократ Paul Tyler вели „Сметам дека владата има морална и политичка обврска започне истрага за инцидентот“. David Nicholson |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net